Спорт
Араухо: Тер Штеген уште лета некаде!

Роналд Араухо најдобро ги објасни перформансите на германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген во вчерашното полуфинале од Шпанскиот Суперкуп, во кој тој имаше шест клучни одбрани за Барселона на пенали да го совлада Реал Сосиедад во Кордоба: „Тој уште лета некаде!“.
По одличните 120 минути во игра, дојдоа пеналите, и Германецот едноставно беше фантастичен – ги одбрани ударите на Баутиста и Ојарзабал, пред Вилијан Жозе да ја погоди стативата.
Тер Штеген, кој пристигна во Барселона во 2014 година, а по многу „натегања“ потпиша продолжување на договорот со клубот до 2025 година вели дека не е убаво да си многу горд на своите достигнувања.
„Ние сме во Барселона за да победуваме во вакви мечеви“, изјави Германецот по мечот.
Тренерот Роналд Куман, не беше толку скромен во пофалбите за голманот.
„Во текот на целиот меч тој имаше важни одбрани за тимот, и тој беше едноставно неверојатен. Не беше лесно да се одиграат 120 минути ваков меч во овој дел од сезоната. Кога одиш во пенал-серија, потребна ти е среќа, но и навистина добар голман. Ние ги имавме двете“, вели Куман.
Барса во финалето на шпанскиот Суперкуп по пенал-драмата со Сосиедад
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Епска „ремонтада“ на Барса, преку Севилја и продолженијата во финалето на Копа дел реј

Барселона успеа да се пласира во финалето на Кралскиот куп на Шпанија, откако во неверојатно драматичен меч со 3:0 по продолженијата ја совлада Севилја за да се даде надеж дека во тешката сезона ќе се стигне до трофеј.
Каталонците мораа да надополнат предност од 0:2 од првиот меч, и започнаа фантастично, кога Усман Дембеле даде прекрасен гол во 12. минута. Но, по ова, тие не успеваа да го најдат патот до голот на гостите, а во 73. минута имаа совршена шанса за гол, кога беше досуден пенал. Меѓутоа, обидот на Луис Окампос заврши во рацете на Андре Тер Штеген и драмата продолжи.
Во 92. минута од мечот, гостите остана со играч помалку по вториот жолт картон на Фернандо, а две минути подоцна, Жерард Пике беше највисок во скокот за 2:0 и да примора продолженија, во кои Каталонците бргу стигнаа до 3:0 предност преку Мартин Брејтвајт во 95. минута од мечот.
Во финалето на Купот, Барса ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Атлетик Билбао и Леванте, каде што првиот меч во Баскија заврши 1:1.
Спорт
Нова „нула“ на Јунајтед, без сили кај Кристал палас

Манчестер јунајтед по четврти пат во последните пет меча одигрува без победник, а последните два меча воопшто не постигнува гол (три ако се смета дуелот од Лига Европа против Реал Сосиедад), откако на гостувањето кај Кристал палас беше 0:0. Со овој резултат, Манчестер сити пред нив беа на невозможни 14 поени, а Лестер е само поен зад нив.
Ниту со искусниот Единсон Кавани како стартер, тимот на Оле Гунар Солскјер не покажа многу имагинација во нападот против противник, кој да потсетиме на „Олд Трафорд“ ги торпедираше со 4:1.
Спорт
ПСЖ победи кај Бордо, Лил останува лидер по драмата против Марсеј

Пари Сен-Жермен стигна до 0:1 победа на тешкото гостување кај Бордо и недостасуваа минути за по 28 кола да се врати на врвот на француската Лига 1, пред Лил со два гола по 90-тата минута да стигне до 2:0 победа во дербито со Олимпик Марсеј и да го сочува врвот.
Пабло Сарабија го постигна единствениот гол на „Матму Атлантик“ во 20. минута од мечот, и тоа беше доволно за победа на „светците“, кои сега имаат 60 поени на второто место на табелата.
Бидејќи до 90-тата минута во Лил беше 0:0, со овој резултат ПСЖ ќе беше прв со подобра гол разлика, но Канаѓанецот Џонатан Дејвид постигна два гола во 90. и 94. минута, за Лил да остане прв со 62 поени. Во трка за титулата во Франција е и Лион на третото место со 59 поени, откако со 1:0 го совладаа Рен.
ЛИГА 1, 28.КОЛО
Бордо – ПСЖ 0:1
Лил – Марсеј 2:0
Монпелје – Лориен 1:1
Нант – Ремс 1:1
Стразбур – Монако 0:0
Брест – Дижон 3:1
Лион – Рен 1:0
Мец – Анжер 0:1
Ница – Ним 2:1
Сент-Етјен – Ленс 2:3
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер