Спорт
Армстронг жали што ја нарекуваше поранешната асистентка курва и алкохоличарка
Ленс Армстронг, човекот кому му беа одземени рекордните седум титули од Тур де Франс, вели дека во својата кариера најмногу жали за однесувањето кон поранешната асистентка Ема О’Рајли, дури повеќе отколку за допингувањето.
Во вториот дел од документарниот филм ЕСПН, Армстронг призна дека направил огромна грешка кога ја нарекувал О’Рајли курва и алкохоличар кога таа излезе со детали за неговото допингување.
О’Рајли беше масажерка, физиотерапевт и личен асистент на Армстронг во тимот на УС Постал од 1996 до 2000 по што во 2004 изјави дека помагала да се покријат деталите за неговото допингување. По ова, следуваа вербалните напади кон неа.
„Ќе одговорам на тоа прашање веднаш. Најлошото беше моето однесување кон Ема О’Рајли. Најверојатно најлошото“, изјави Армстронг.
Во самиот документарец О’Рајли вели дека проговорила затоа што ѝ била лута на Интернационалната велосипедска унија (УЦИ) бидејќи создале услови за допингување.
„Мислев дека ако проговорам. ќе направам нешто добро. Проблемот беше со УЦИ бидејќи тие го создадоа тоа. Целиот систем беше тука да го заштити велосипедистот“, вели О’Рајли.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сити со спектакуларен трансфер ќе го отвори преодниот рок
Антоан Семењо (25), крилниот напаѓач на Борнмут и репрезентацијата на Гана, се договорил со Манчестер Сити. Семењо беше голема желба на Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Тотенхем. Сите тие преговараа со играчот, но Семењо го избра Сити.
Фабрицио Романо вчера објави дека има голем напредок во преговорите меѓу Борнмут и Сити и дека двете страни ги договориле финансиските услови.
„Работата е речиси завршена, остануваат само последните чекори. Реализацијата на трансферот се очекува наскоро“, додава Романо.
Сити ќе плати 75 милиони евра за крилниот напаѓач. Тоа е износот на откупната клаузула во неговиот договор со Борнмут, која важи од 1 до 10 јануари. Борнмут сакаше да го задржи Семењо на позајмица до крајот на сезоната, но брзо сфати дека тоа не е можно.
Сепак, тие би сакале да го задржат својот најдобар играч барем за следните два натпревари, против Арсенал на 3 јануари и против Тотенхем на 7 јануари.
На овој начин би го користеле во два важни натпревари, но и би го ослободиле пред истекот на клаузулата. Сити, од друга страна, сака Семенио да му биде на располагање на Гвардиола уште на 4 јануари и натпреварот против Челзи.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Мартинез сакаше да се тепа со навивачите на Арсенал, Емери не се ракуваше со Артета
Бурно беше на „Емирати“, по победата на Арсенал над Астон Вила. Лидерот победи со 4:1, ја прекина серијата на Вила од 11 победи во сите натпреварувања.
Првиот гол, во 48-та минута, го одреди текот на натрпреварот. Сега веќе заштитиниот знак на Арсенал, играта од прекин, повторно донесе резултат. Погоди Габриел, гостите бараа прекршок врз голманот Емилијано Мартинез, но за сите останати Аргентинецот направи кикс, ја испушти топката.
Инаку, Мартинез дојде во Вила токму од Арсенал, чии навивачи едвај чекаа да го провоцираат по неуспех на „Емирати“.
Тие го навредуваа додека го напушташе теренот, а инаку темпераментниот Аргентинец дури сакаше да се соочи со нив, но беше спречен поголем инцидент.
Hubo insultos de los hinchas de Arsenal para Emiliano Martínez cuando se retiraba a los vestuarios tras la derrota del Aston Villa. pic.twitter.com/WAzEYTK1MB
— Futbol de Inglaterra (@Mercado_Ingles) December 31, 2025
Медиумите истакнуваат дека Унаи Емери веднаш замина во соблекувалната, не се ракуваше со колегата Микел Артета.
„Едноставно е. Мојата рутина е секогаш иста и брза. Се ракувам, а потоа веднаш одам со играчите и тренерскиот штаб во соблекувалната. Чекав. Тој (Артета) славеше со своите помошници. Решив да влезам внатре. Нема проблем. Не можам да чекам засекогаш. Беше ладно“, изјави Емери за „Скај Спорт“.
Mikel Arteta was wondering where Unai Emery was. pic.twitter.com/Hb87o8ktXx
— The Nomad Post. (@the_nomad_post) December 30, 2025
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Детроит Пистонс му го расипаа роденденот на Леброн Џејмс
Требаше да биде дерби, но Детроит Пистонс лесно во Лос Анџелес се справија со Лејкерс, славеа победа 128:106.
Гостите, му го расипаа 41-от роденден на Леброн Џејмс, чии 17 поени не им помогнаа премногу на „езерџиите“ да одиграат рамноправен натпревар со најпријатното изненадување во сезоната.
Ненадминливиот Џејмс го одигра својот 1.557-ми натпревар во 23-та сезона од неговата кариера.
Го пропушти последниот дел поради повреда на раката, од клупата ја гледаше доминацијата на гостите кои авторитативно, исто како што го одиграа целиот натпревар, го завршија натпреварот и на Лејкерси им го нанесоа четвртиот пораз во последните пет натпревари.
Лука Дончиќ беше најдобар во поразениот тим со 30 поени и 11 асистенции.
За гостите, кои не ги поремети ниту повредата на Тобијас Харис во првиот дел, блескаше Кејд Канингем со 27 поени, Маркус Сасер придонесе со 19 од клупата, што е воедно и негов рекорд во сезоната, Ајзија Стјуарт постигна 15, Џален Дуран 14.
Foto/ depositphotos

