Спорт
„Арнаутовиќ му кажа на Мурињо дека е посилен од Ибрахимовиќ“
Познатиот голман на Интер, Жулио Цезар, раскажа анегдота од периодот кога ја делеше соблекувалната со Марко Арнаутовиќ и Златан Ибрахимовиќ.
Наводно, Арнаутовиќ побарал од тогашниот тренер Жозе Мурињо да игра наместо Ибрахимовиќ.
„Мурињо ми кажа дека кога дошол Арнаутовиќ побарал состанок за да му каже дека треба да игра наместо Ибрахимовиќ. Му рекол: „Јас сум посилен од Ибрахимовиќ“, откри Цезар за „Газета дело Спорт“.
Арнаутовиќ не играше таа сезона, но беше дел од тимот кој ја освои тројната круна.
„Се надевам дека ќе може да освоиме уште една триплета“, додаде бразилскиот голман, кој играше за Интер од 2005 до 2012 година.
Арнаутовиќ ја демантираше оваа приказна.
„Не, тоа е лага, никогаш не би рекол такво нешто. Многу го почитувам. Среќен сум што играв со такви шампиони“, изјави Арнаутовиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Халанд го лови рекордот на Ширер
Фудбалерите на Манчестер Сити, во сабота, ќе му гостуваа на Њукасл. Натпреварот може да биде историски за најдобриот стрелец во Премиер лигата, Ерлинг Холанд.
Норвежанецот од почетокот на сезоната игра брилијантно, а на „Сен Џејмс Парк“, може да влезе во историските книги. Гол против Њукасл би бил неговиот 100-ти во Премиер лигата, во само 109-от настап, со што би го срушил рекордот на легендарниот напаѓач на Њукасл, Алан Ширер (124 натпревари).
Норвежанецот постигна четири гола за време на репрезентативната пауза и ја водеше својата земја до првото Светско првенство од 1998 година. Вкупно – 16 гола во осум квалификациски натпревари.
„Тој има неверојатна сезона. Ги руши сите рекорди – лични, рекорди во Премиер лигата, норвешки рекорди… Среќен сум за него и за репрезентацијата. Многу од играчите на Норвешка не биле ни родени кога последен пат играле на Светското првенство. Како фудбалер од светска класа, тој го заслужува тоа искуство. Сега е на совршена возраст, многу е зрел и многу сум среќен за него“, рече во пресрет на натпреварот менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола.
Спорт
Вирц е повреден, нема да игра против Нотингем Форест
Актуелниот англиски шампион Ливерпул, по репрезентативната пауза, викендов им се враќа на обврските во Премиер лигата.
Екипата на Арне Слот моментално го зазема осмото место на табелата со шест победи и пет порази, а ќе имаат можност за нов почеток во сабота пред домашната публика на „Енфилд“,против Нотингем Форест.
Сепак, холандскиот стратег се соочува со нови кадровски проблеми. Меѓу отсутните е и засилувањето Флоријан Вирц, кој е повреден.
„Има два мускулни проблеми. Не очекувам Конор Бредли да биде во конкуренција во следните 22 дена. За Флоријан Вирц, закрепнувањето можеби нема да трае толку долго. Џереми Фримпонг исто така е надвор од игра на неодредено време и сигурно нема да биде достапен во наредните недели. Можно е еден или двајца играчи да мора да играат на позиции кои не им се природни“, рече Слот.
Сепак, има добри вести за навивачите – Алисон се врати во тимот по повредата и ќе биде подготвен за дуелот со Нотингем Форест.
Спорт
Кол Палмер се повредил дома
Кол Палмер навистина нема среќа со повредите оваа сезона. Токму кога се врати во тренажен процес, по двомесечна пауза поради проблеми со препоните, асот на Челзи мора да направи уште една пауза. Палмер, во својот дом скршил прст на ногата.
„За жал, имаше несреќа дома, скрши прст на ногата. Не е толку лошо, но сигурно нема да игра следната недела, а имаме натпревари против Барнли, Барселона во Лигата на шампионите и Арсенал. Ќе видиме следниот викенд, пред натпреварот со Арсенал, но да не шпекулираме сега “, објасни менаџерот на Челзи, Енцо Мареска.
Палмер одигра само четири натпревари оваа сезона, три во Премиер лигата и еден во Лигата на шампионите, постигнува два гола за вкупно 235 минути на теренот.

