Спорт
Арсенал падна на „Етихад“ – Сити е сега поблиску до одбрана на титулата
Актуелниот шампион Манчестер Сити е блиску до одбрана на титулата откако го доби дербито против Арсенал на „Етихад“ со 4:1. Тимот на Пеп Гвардиола беше доминантен против лидерот на табелата, а по овој триумф се доближи на два бода негатива, но има одиграно и два натпревари помалку. Тоа значи дека „граѓаните“ се во голема предност во финишот на сезоната во Премиерлигата.
Кевин де Брујне во седмата минута го отвори резултатот, а Џон Стоунс зголеми на 2:0 пред крајот на првиот дел.
Де Брујне постигна втор гол и практично го реши мечот во 54.минута.
Роб Холдинг постигна почесен гол за Арсенал, а во судиското продолжение погоди и Ерлинг Халанд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Триото од 140 милиони евра ќе го напушти Арсенал
Арсенал не успеа да ја врати титулата во Лондон, која на „Емирати“ се чека две децении. „Тобџиите“ до последната секунда беа во трка за титулата, на крајот низ целта први минаа фудбалерите на Манчестер сити.
Две недели по завршувањето на сезоната, челниците на Арсенал, заедно со менаџерот Микел Артета, започнаа да ги кројат плановите за наредната сезона. За да го освежи тимот Артета планира да продаде тројца фудбалери за чии трансфери клубот плати 140 милиони евра.
Новинарите кои го следат Арсенал тврдат дека на продажба се Томас Парти, Габриел Жесус и Фабио Виеира. Трансферите на Виеира и Жесус клубот го чинеа 35, односно 52 милиони евра во 2022 година, а за Парти клубот издвои 50 милиони евра.
Иако Парти на крајот од сезоната се врати во стартниот состав, Артета смета дека му треба поквалитетен дефанзивен играч во редот за врска. Негова цел е Мартин Зубименди чија откупна клаузула во Реал Сосиедад е 60 милиони евра.
Виеира не играше оваа сезона, најчесто беше резерва и не е чудот што Артена повеќе не смета на него. Жеусу играше по системот топло-ладно, најмногу поради проблемите со коленото.
Артета сака голгетер, а на спиското му се Александер Исак (Њукасл), Виктор Ѓекереш (Спортинг) и Бенјамин Шешко (Лајпциг).
Спорт
Тренерот на шпанската сензација би можел да го наследи Гвардиола
Пеп Гвардиола го предводеше Манчестер сити до уште една шампионска титула, шеста за клубот во последните седум години и четврта по ред. Набргу по прославата на титулата најави дека следната сезона ќе биде последна за него на клупата на Сити. Гвардиола на „Итихад“ пристигна во 2016 година од Баерн, со клубот освои 17 трофеи.
„Реалноста е дека поблиску сум до заминување отколку да останам. Зборував со клубот и сега чувствувам дека сакам да останам. Останувам следната сезона, тоа е сигурно. Но во текот на сезоната ќе разговараме. Овде сум во клубот осум, девет години… Ќе видиме што ќе биде понатаму“, изјави Гвардиола минатата недела.
Англиските медиуми пренесуваат дека Гвардиола има договор до летото 2025 година и дека речиси сигурно ќе си замине доколку наскоро не се договори со клубот околу продолжувањето на договорот. Според овие извори, челниците на англискиот шампион не мируваат и наводно веќе имаат подготвена замена.
Наследникот на Гвардиола, би можел да биде заменет со неговиот сонародник Мичел,кој сезонава направи чудо со Џирона. Како играч беше легенда на Рајо Ваљекано, а тренер е од 2017 година.
Пред три сезони дојде во Џирона и таму забележа историски успеси. Веќе во првата сезона го врати клубот во Примера. Врвот на неговата работа беше оваа сезона во која Џирона заврши на третото место зад Барселона и Реал и обезбеди пласман во Лигата на шампионите.
Спорт
(Видео) „Метла“ за Индијана – Бостон ќе се бори за титулата во НБА лигата
Кошаркарите на Бостон Селтикс се пласираа во финалето на НБА плеј-офот, откако во четвртиот натпревар од финалето на Истокот славеа над Индијана Пејсерс со 105:102.
Џејлен Браун ги предводеше Селтикси до победата со 29 поени и шест скока, а беше прогласен за МВП на финалето на Источната конференција. Го следеше Џејсон Тејтум со 26 поени, 13 скока и осум асистенции.
Најдобри кај Индијана беа Ендрју Нембхард со 24 поени и 10 асистенции и Паскал Сијакам со 19 поени и 10 скока.
Еден од најдобрите кошаркари на Индијана, Тајрис Халибартон, го пропушти натпреварот.
По изедначена борба во текот на целиот натпревар, во која екипите водеа наизменично, Индијана на три минути пред крајот имаше четири поени предност 98:102, но потоа целосно застана и Бостон стигна до победата со серија од 7:0. .
Во финалето на НБА лигата, Бостон ќе игра против подобриот тим од Далас и Минесота.
Во финалето на Западот Далас води со 3:0 и утре ќе ја има првата меч топка за пласман во големото финалето.