Спорт
Арсенал со „петарда“ го почести Шефилд, хет-трик на Нкетија

Арсенал го победи Шефилд јунајтед со 4:0, Борнмут славеше над Барнли со 2:1, а Челси уште еднаш ги разочара своите навивачи, откако загуби на „Стенфорд Бриџ“ од Брентфорд со 0:2.
Дуелот со Шефилд јунајтед на „Емирејтс“ засекогаш ќе го памети напаѓачот на Арсенал, Нкетија. 24-годишникот постигна хет-трик, головите ги постигна во 28., 51. и 58.минута. Четвртиот гол за Арсенал во 88.минута од пенал го постигна Виеира, а точка на мечот во 97.минута стави Томијасу.
Челси уште еднаш разочара, а Бренфорд трета година по ред победи на „Стенфорд Бриџ“. На последните четири натпревари на домашен терен, Челси освои само еден бод. Головите во победата 2:0 за Бренфорд ги постигнаа Пинок во 58. и играчот на мечот Мбуемо во 96.минута.
Борнмут ја забележа првата победа во сезоната, на домашен терен го победи барнли со 2:1. Семињо и Билинг, го поништија голот на Тејлор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Емери за Асенсио и Рашфорд: Фантастично се адаптираа

Астон Вила со победата над Кардиф обезбеди пласман во четвртфиналето на ФА Купот. Во победата блескаа Марко Асенсио и Маркус Рашфорд.
Двајцата и се приклучија на Астон Вила во јануари. Асенсио постигна два гола против Кардиф и има вкупно четири откако пристигна на Вила Парк. Додека Рашфорд забележа асистенција, негова трета откако го напушти Олд Трафорд. Тие заработија пофалби од тренерот Унаи Емери.
„Ова е важно и за тимот и за нив како поединци. Асенсио се адаптираше фантастично, исто како Рашфорд. Ќе ни бидат потребни за следните натпревари и предизвиците што ги имаме“, изјави Емери.
Астон Вила ФА купот последен пат го освои во далечната 1957 година. И покрај тоа што се еден од поквалитетните тимови во четвртфиналето, Емери не смета дека неговиот тим е фаворит.
„Сме кандидати, но не сме фаворити за трофејот. Размислуваме само за следниот натпревар. Во четвртфиналето сме и среќни сме, а сега следи Лигата на шампионите“.
Спорт
Сонот на Нејмар е да се врати во Барса

Само што се врати во Сантос, веќе се зборува за заминување на Нејмар од татковината. Нова дестинација за Бразилецот би можела да Барселона.
Спортскиот сектор на каталонскиот гигант веќе започнал преговори со претставници на една од најголемите фудбалски ѕвезди на денешницата, а контактирани се и челниците на тимот од Сао Паоло.
Најдобриот стрелец во историјата на бразилската репрезентација (79 голови) во јануари потпиша договор со клубот од детството на само шест месеци, што доведува до заклучок дека овие шпекулации на американскиот новинар Дејвид Орнштајн може многу добро да се остварат.
Нејмар одигра шест натпревари откако се врати во Јужна Америка, постигна два гола и имаше три асистенции. Тој забележа 186 настапи за тимот од „Камп Ноу“ во периодот од 2013 до 2017 година, со фантастичен учинок од 105 гола и 76 асистенции. Во јули 2017 година за светски рекорд од 222 милиони евра од Барселона се пресели во ПСЖ.
Спорт
Реал Мадрид казнет поради хомофобични навреди кон Гвардиола

УЕФА го казни Реал Мадрид за хомофобични скандирања на дел од навивачи кон менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.
На шпанскиот клуб му беше наложено да плати 30.000 евра и доби условна казна со делумно затворање на стадионот доколку истото се повтори во следните две години.
Покрај овие казни, Реал е принуден да остави најмалку 500 празни места на стадионот за време на натпреварот против Атлетико во осминафиналето во Лигата на шампионите.
Хомофобичните повици беа испратени кон Гвардиола за време на победата на Реал против Сити од 3-1 во реваншот од плејоф мечот за место во осминафиналето на Лигата на шампионите на стадионот во Мадрид. Победата значеше дека тимот на Карло Анчелоти се пласираше во осминафиналето со вкупен резултат 6:3.