Спорт
Артур: Роналдо е поголем лидер од Меси
Играчот од средниот ред на Јувентус, Бразилецот Артур (24) смета дека неговиот соиграч, Кристијано Роналдо е поголем лидер од Лео Меси со кој соработуваше додека играше за Барселона. Артур пред почетокот на оваа сезона од Барса дојде во Јуве, а во спротивен правец замина репрезентативецот на БиХ, Миралем Пјаниќ.
„Сите имаат свој начин на покажување лидерство. Лео тоа го прави со движењата иако не ги покажува многу, но на терен ги покажува во моментот кога ќе добие топка, со сета своја жед за голови и победа. Кристијано е дечко кој тоа сака да го покажува со рацете, со зборови и очигледно кога ќе ја добие топката. Во соблекувалната е доста вклуен, и во добри односи е со сите, разговара со сите. Не сме толку големи пријатели да одиме на кафе заедно, но имаме добар однос. Тешко е да се рече кој е поголем лидер, затоа што ако едниот постигне 5 гола, тоа го прави и другиот. Двајцата се добри лидери, но сепак го бирам Роналдо“ рече Артур.
Бразилскиот фудбалер сезонава има 17 настапи за „Старата дама“ во сите натпреварувања и се уште е без гол и асистенција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

