Спорт
Астон Вила е во минус 120 милиони фунти
Астон Вила потврди загуба од 119,6 милиони фунти на крајот на годината, и покрај одличната претходна сезона во која се вратија во европскиот фудбал по повеќе од една деценија. Загубите ја поттикнуваат загриженоста за идните трансфер стратегии на Вила поради потребата да се избегнат строгите финансиски правила на лигата.
Регулативите за профит и одржливост (ПСР) им дозволуваат на тимовите да пријатав загуба од максимум 105 милиони фунти во период од три години. Од сумата се одбиваат евентуалните вложувања во инфраструктурата, академиите, добротворните организации и женскиот фудбал.
„Овие бројки се во согласност со стратешкиот бизнис план и ние продолжуваме да работиме во согласност со правилата на Премиер лигата за профитабилност и одржливост. Сопствениците на Астон Вила остануваат посветени на долгорочниот и одржлив развој на клубот и со нетрпение очекуваме да продолжиме да напредуваме во реализацијата на нашиот стратешки план“, се вели во соопштението на клубот.
Астон Вила моментално е на четвртото место во Премиер лигата, последното кое води во Лигата на шампионите.
На Евертон му беа одземени 10 поени во ноември поради прекршување на правилата за профит и одржливост на Премиер лигата, а таа казна беше намалена на шест поени минатата недела по жалбата. Манчестер Сити се соочува со обвиненија дека по повеќе од 100 наводно точки го прекршиле финансискиот фер-плеј.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ајакс го отпушти Хајтинга
По серијата лоши резултати, особено во Лигата на шампионите, Ајакс одлучи да го отпушти тренерот Џон Хајтинга.
Дебаклот против Галатасарај дома во Лигата на шампионите беше јасен знак дека е потребна промена на тренерската позиција. .
По четири кола од елитното натпреварување, Ајакс е на последното место без бодови, додека не им оди добро ниту во домашното првенство.
Тие моментално се на четвртото место со осум бода помалку од ривалите Феенорд и ПСВ, кои се на врвот на табелата.
Хајтинга беше член на тренерскиот штаб на Арне Слот во Ливерпул минатата сезона, каде што ја освои титулата во Премиер лигата, пред да одлучи да си замине и да започне самостојна работа во Ајакс.
Ајакс во следниот натпревар ќе ја предводи Фред Грим, кој ќе биде таму додека не дојде нов тренер.
Како ново решение се споменува Ерик тен Хаг, кој е без работа откако беше отпуштен во Баер Леверкузен.
Спорт
(Видео) Шкендија во 100-та минута остана без победа против Јагиелонија
FOTO/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Во трилер завршница Шкендија остана без победа против Јагиелонија, во третото коло, во Конференциската лига. Дуелот во Скопје заврши 1:1, со што Шкендија го освои четвртиот бод и се наоѓа во група од осум тима, кои се наредени од 15-то до 22-то место на табелата.
Лиридон Љатифи во 49-та.минута со удар со глава по корнерот на Вебстер од десната страна, ја доведе Шкендија во водство.
Шкнедија беше на чекор до победата, кога во 96-та минута послкиот тим остана со фудбалер помалку на теренот, но не издржа.
По 100-та минута, Серхио Лозано успеа да израмни на 1-1.
Спорт
Ван Бастен. Го ограбија Бриж против Барселона
Легендарниот Марко ван Бастен жестоко ги критикуваше судиите по драматичниот натпревар од Лигата на шампионите во кој Клуб Бриж остана без голот за победа против Барселона во судиското надополнување на времето.
Холанѓанецот тврди дека белгискиот тим бил „ограбен“ откако ВАР системот го поништи голот за 4:3. Натпреварот заврши со резултат 3:3.
Погледнете ја контроверзната ситуација во приложеното видео од 11:14 минута.
Ромео Вермант постигна гол во судиското надополнување за 4:3. Сепак, прославата на домашниот тим беше прекината по долгата проверка на ВАР, а голот беше поништен поради прекршокот на Вермант врз голманот на Барселона, Војчех Шчесни.
Одлуката ја разбесни легендата на Милан и холандскиот фудбал, Марк ван Бастен.
„Клуб Бриж беше ограбен. Голот за 4:3 не требаше да биде понштен. Немаше фаул врз Шчесни, не го допре. Шчесни го направи да изгледа како прекршок, но не беше“, извика трикратниот освојувач на Златната топка.

