Спорт
Астон Вила нема да му биде една станица на патот кон Ливерпул

Стивен Џерард, утре ќе дебитира на клупата на Астон Вила, против Ливерпул на „Енфилд“. Стиви-Џи е легенда на Ливерпул, во кариерата освоил осум трофеи, одиграл 710 натпревари, постигнал 186 голови.
„Сите знаат какви се моите чувства кон Ливерпул. Меѓутоа не е фер да се каже дека Астон Вила, за мене е само една станица на патот кон Ливерпул. Тоа не е точно. Воопшто не размисливам за менаџерската позиција во Ливерпул. Горд сум што сум менаџер на Астон Вила. Ќе направам се овој тим да има добри резултати“, рекол Џерард.
Ливерпул, утре од 16 часот, ќе ја пречека Астон Вила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Макаби и Хапоел се враќаат во Израел

Израелските клубови ќе ги играат своите следни натпревари во Тел Авив во наредниот период.
Како што објавија бројни израелски медиуми, Макаби и Хапоел Тел Авив (најверојатно) од 1 декември 2025 година, повторно ќе ги играат сите домашни натпревари во Израел.
Оваа информација ја потврдија изворите на кошаркарскиот портал „Basket News“, кои велат дека членовите на одборот на Евролигата во вторник гласале за враќање на Израелците во Тел Авив.
Евролигата ја донесе оваа одлука откако Израел и Палестина прогласија примирје и само ги затворија очите пред сè што се случи во претходниот период.
Со официјалното враќање во Тел Авив, ќе мора да се почека, за да се види каква ќе биде ситуацијата во Израел и колку всушност ќе биде мирна.
Макаби ќе продолжи да игра домашни натпревари во салата „Александар Николиќ“ во Белград, додека Хапоел ќе игра во Софија во „Арена 8888“.
Макаби игра во Белград од октомври 2023 година.
Во оваа сезона во Евролигата, Хапоел е изедначен на првото место со резултат од 4-1, додека Макаби и Асвел се изедначени на 18-то место со резултат од 1-4.
Интересно е што единствениот триумф на Макаби беше над Хапоел во градското дерби одиграно во Бугарија.
Спорт
Атланта го врза Даниелс со 100 милиони долари

Австралискиот бек Дајсон Даниелс го продолжи договорот со Атланта Хокс.
Дајсон Даниелс е одличен австралиски бек од Атланта кој веќе се смета за еден од најдобрите дефанзивци во НБА, особено на периметарот.
„Јастребите“ го искористија последниот ден од рокот за продолжување на договорите во НБА лигата и успеаја да го врзат Даниелс потпиша четиригодишен договор од 100 милиони долари.
„Возбудени сме што потпишавме долгорочен договор со Даниелс. Возбудени сме што ќе го гледаме како продолжува да расте со нашиот тим“, рече генералниот менаџер на Атланта, Онси Сала, според официјалната веб-страница на Хокс.
Во 2022 година, Даниелс беше избран од осмата позаиција на драфтот од страна на Њу Орлеанс Пеликанс, а во замена за Дежонте Мареј пристигна во Алтанта, што беше полн погодок.
Минатата сезона, тој одигра 76 натпревари за Хокс и имаше просек од 14,1 поен, 5,9 скока, 4,4 асистенции и дури три украдени топки по натпревар.
Дајсон Даниелс е добитник на наградата MИП за минатата сезона, односно наградата што му се доделува на играчот кој најмногу напредувал.
Спорт
Руни за Салах: Годините играње на врвно ниво си го направија своето

Ливерпул минува низ криза во каква што не бил од 2014 година. „Црвените“ се поразени на последните четири натпревари, три пати во Премиер лигата.
Критичарите сметаат дека главни виновници за лошите резултати на актуелниот шампион се Флоријан Вирц (платен 125 милиони евра) и најдобриот играч и стрелец Мохамед Салах.
Египќанецот е во очигледен пад на формата оваа сезона, па затоа се повеќе луѓе пишуваат за неговото заминување од Ливерпул.
Вејн Руни верува дека годините играње на врвно ниво си го направиле своето.
„Мислам дека Салах одигра премногу натпревари во последните неколку години, тој беше главен играч и беше под голем притисок. И сигурно беше меѓу најдобрите пет играчи во Премиер лигата во последните години. Долго играше во континуитет и сега тоа дојде на наплата. Не би ме изненадило ако замине во јануари или следното лето. Обожувам да го гледам, тој е фантастичен играч, но годините играње на врвно ниво си го направија своето“, рече Руни.
Се верува дека по Ливерпул, Салах ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, од каде што веќе имаше астрономски понуди.
Салах има договор до летото 2027 година.