Спорт
Аталанта утна пенал, Интер е нов италијански шампион!
Иако имаа водство со играч помалку, Аталанта не успеа да победи на гостувањето кај Сасуоло одигрувајќи 1:1, резултат кој потврдува дека Интер е новиот италијански шампион, прекинувајќи ја доминацијата на Јувентус која траеше девет сезони.
Аталанта мораше да победи за да осигура Интер да не биде шампион барем уште една недела, но не успеаја да направат подвиг на „Мапеи“, откако уште во 23. минута остана со играч помалку по црвениот картон на Пјерлуиџи Голини.
Сепак, „Ла деа“ дојде во водство преку Робин Госенс во 32. минута и го оддржуваше водството до 52. минута, кога Доменико Берарди израмни на 1:1 од пенал. Сасуоло исто така остана со играч помалку во 75. минута со вториот жолт картон на Марлон, пред Луис Муриел да го утне обидот од белата точка.
Наполи, пак, со голот на Виктор Осимен имаше 1:0 водство против Каљари до самиот финиш на мечот, кога Наитан Мендез во 94. минута избори 1:1 пласман, влошувајќи им ги шансите за пласман во Лигата на шампионите
Интер се недостижни со 82 поени, Аталанта е на второто место со 69, колку што има и третопласираниот Милан, колку што сега има и третопласираниот Наполи, како и четвртопласираниот Милан, Наполи сега имаат 67, Јувентус е петти со 66 поени пред денешното гостување кај Удинезе, додека и Лацио е во игра на шестото место со 64 поени.
СЕРИЈА А, 34.КОЛО
Наполи – Каљари 1:1
Сасуоло – Аталанта 1:1
Болоња – Фиорентина 3:3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓоковиќ: Разни „стручњаци“ ме испратија во пензија, им благодарам на тоа
Новак Ѓоковиќ, в недела ќе се бори за 11-та титула на Австралија Опен. Десеткратниот шампион во Мелбурн, во полуфиналето, во спектакуларен меч го победи бранителот на трофејот, Јаник Синер со 3:2 (3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4) за четири часа и девет минути игра.
„Никогаш не престанав да верувам во себе. Многу луѓе се сомневаа во мене. Гледам дека одеднаш се појавија многу „стручњаци“ кои сакаа да ме пензионираат или веќе го направија тоа неколку пати во последните години“, рече Ѓоковиќ и додаде:
„Сакам да им се заблагодарам затоа што ми дадоа сила и мотивација да им го докажам спротивното. Ова не е изненадување за мене. Знам на што сум способен“, рече Ѓоковиќ.
Неговиот настап прптив Синер, особено беше импресивен во петтиот сет, кога спаси осум брејк топки. Во текот на мечот Ѓоковиќ спаси 16 од 18-те топки за брејк.
Противник во финалето в недела ќе му биде Карлос Алкараз.
Foto/ depositphotos
Спорт
Заврши сезоната за Џек Грилиш
Џек Грилиш, еден од најдобрите играчи на Евертон ја заврши сезоната.
Како што стојат работите, Грилиш ќе мора да се подложи на операција поради фрактура на стапалото. Со ова паднаа во вода сите надежи дека би можел да добие повик од Томас Тухел за настап на Светското првенство.
Менаџерот на Евертон, Дејвид Мојес, ја потврди веста.
„Веруваме дека на Џек му треба операција. Иако сè уште не е 100 проценти потврдено, повредата веројатно ќе го држи надвор од терените до крајот на сезоната“, рече Мојес.
Откако пристигна на позајмица во Евертон, Грилиш повторно почна да игра како во времето кога беше играч на Астон Вила. Сезонава дресот на Евертон го носи како позајмен играч од Манчестер Сити.
Foto/ depositphotos
Спорт
Данска ќе се бори за европската титула
Данската ракометна репрезентација ќе игра во финалето на Европското првенство против Германија, откако во второто полуфинале во Хернинг го победи Исланд со 31:28 (14:14).
Данците, в недела ќе се борат за третото европско злато, исто како и Германците.
Данска последен пат беше европски шампион во 2012 година во Белград, оттогаш двапати беше во финалето и двапати загуби од Франција (2014 и 2024).
Тимот предводен од Николај Јакобсен од клупата ги освои последните четири светски првенства и е актуелен олимписки шампион.
Во натпреварот против Исланд, Данците го скршија отпорот на својот ривал во второто полувреме, откако првиот дел беше израмнет.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше незапирливиот Матијас Гидсел, најдобриот ракометар во светот, со седум гола од исто толку обиди.
Веднаш зад него по ефикасност беше Јохан Хансен со шест гола (седум шута), додека Симон Питлик постигна пет.
Во поразениот тим, Јанус Даги Смарасон и Ори Фрајр Поркесон беа најдобри со по седум гола. Омар Инги Магнусон постигна шест.
Финалето ќе се одигра во недела од 18 часот, претходно во 15.15 часот ќе се одигра натпреварот за третото место.
Foto/ EPA

