Спорт
Аталанта во драматичен меч со 10 играчи го елиминира Лацио!
Аталанта го исфрли Лацио во четврт-финалето на Копа Италија по 3:2 победата и покрај тоа што повеќе од половина час играа со играч помалку, а пеналот на Дуван Запата беше одбранет! Клубот од Бергамо, кој пред некој ден доминира над Милан на „Сан Сиро“ со 0:3 победа, сега во полуфиналето ќе игра со подобриот од мечот Наполи – Специја.
Берат Џимсити го донесе Лацио во водство уште по седум минути откако Пепе Реина не можеше да го сопре неговиот удар. Лацио врати бргу во 17. минута со првиот гол на Ведат Муриќи за клубот пред капитенот Ачерби да направи пресврт со фантастичен гол по слалом во 34. минута. На полувремето се отиде со 2:2 откако само 120 секунди подоцна Луис Муриел го најде Руслан Малиновскиј.
Хозе Луис Паломино го смени натпреварот со директниот црвен картон за туркањето на Мануел Лазари. Само две минути подоцна Алексеј Миранчук го донесе водството за Аталанта по што имаше и шанса да поведе со 4:2 кога Запата доби пенал, но Реина го сопре неговиот удар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

