Спорт
Атаман се врати на кормилото на Турција

Тренерот на кошаркарите на Анадолу Ефес, Ергин Атаман, официјално го презеде националниот тим на Турција. Атаман (56), втор пат во кариерата ќе ја предводи Турција.
Атаман, на прес конференцијата, истакнал дека глава цел ќе му биде со Турција да го освои златниот медал на Европското првенство.
Турција на ЕП, ќе игра во Тбилиси, во А-групата против Шпанија, Русија, Бугарија, Грузија и Белгија. Четери репрезентации ќе влезат во завршницата која ќесе игра од 10. до 18.септември во Брлин.
Инаку, Атаман, прв пат ја предводеше Турција од 2014 до 2016 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Двајца Бразилци ќе го засилат Јувентус

Јувентус во летниот рок подготвува целосна реконструкција на тимот. Лидерите мора да направат таков чекор, откако Јувентус по десет години ја заврши сезоната без освоен трофеј.
Тренерот Масимилијано Алегри следната сезона нема да го смета Федерико Бернардески, кој ќе го напушти клубот како слободен играч.
Џорџо Киелини ќе стави крај на кариерата, а Паоло Дибала го напушта клубот. Неизвесна е и иднината на Бразилците Данило и Алекс Сандро.
Прашање е дали Алваро Мората ќе остане во Торино. На Шпанецот му истекува двегодишната позајмица од Атлетико Мадрид. Алегри сака да го откупи неговиот договор, но за помала сума од 35.000.000 евра, колку што бараат „јорганџиите“.
Без разлика што ќе се случи со Мората, Јувентус ќе тргне во бизнис со Атлетико. Пред трансфер во редовите на „старата дама“ е левиот бек, Ренан Лоди. За овој трансфер Јувентус ќе треба да издвои меѓу 30 и 35.000.000 евра.
Алегри мерка е уште еден бразилски хор за играчот на Арсенал, Габриел Магаљаеш. Италијанските медиуми тврдат дека преговорите меѓу двете страни се одвиваат добро и дека трансферот наскоро ќе биде реализиран.
Спорт
Мерцедес од 1955 година продаден за 135 милиони евра

Најскапиот автомобил на светот официјално е моделот на „Мерцедес“ од 1955 година. „Mercedes-Benz 300 SLR Uhlenhaut coupe“ штотуку е продаден за неверојатни 135 милиони евра.
Овој модел е направен во 50 години од минатиот век, а германската компанија потврди дека штотуку стана најскапиот автомобил на светот. Продаден е на затворена аукција во музејот на „Мерцедес“ во Штутгарт.
Зошто е ова најскапиот автомобил во светот? Вкупно се направени само девет примероци од „300 SLR Uhlehnhaut“, од кои само два се кабриолети, а ова е еден од нив. Има сребрена боја, има врата „пеперутка“ и може да развие брзина од 299 километри на час.
Новиот сопственик, чиј идентитет се чува во тајност, се обврза дека најскапиот автомобил на светот ќе остане како експонат во музејот, заедно со уште една копија од купето.
Само повремено со дозвола од управата на музејот ќе може да го вози.
Претходниот рекорд за најскап автомобил во светот го држеше „Ferrari 250 GTO“ од 1963 година, кој беше продаден пред четири години за „само“ 66 милиони евра.
„Мерцедес“ само што го симна од тронот за повеќе од двојно повисока цена.
Погледнете го купето „Uhlenhaut“ во акција.
Спорт
Федерер и Серена остануваат без рејтинг по Вимблдон

Легендите на светскиот тенис, Роџер Федерер и Серена Вилијамс, по завршувањето на Вимблдон ќе останат без рејтинг. Ова ќе се случи поради одлуката на АТП и ВТА, овогодинешниот Вимблдон да не се бодува за листите, а да се одземат бодовите од ланското издание на турнирот.
Пред една година, Серена беше елиминирана во првото коло, кога и го предаде мечот на Александра Саснович при резултат 3:3. Оттогаш таа не се врати на теренот.
Роџер беше поуспешен, стигна до четвртфиналето на Грен слем турнирот во Лондон, но загуби од Хуберт Хуркач. Тоа му беше последниот меч што го одигра потоа замина на операција.
Кога на Вилијамс и Федерер ќе им се одземе овој последен контингент бодови пред почетокот на Вимблдон, и двајцата ќе паднат на нула и ќе останат без место на светските листи.
Додека за Серена нема информации дали воопшто планира да се врати на терените, Федерер најави дека ќе игра на турнирот во родниот Базел кој е закажан за октомври.
Швајцарецот наводно планира уште еднаш да игра на Вимблдон, неговиот најуспешен Грен слем, но и доколку се појави оваа година, сигурно нема да добие бодови за евентуалните победи, па тоа нема да влијае на ситуацијата на АТП листата.
Серена освои 23, Роџер 20 Грен слем трофеи во кариерата, тие се меѓу најуспешните тенисери на сите времиња, но за два месеци можеа да „не постојат“ на светските листи иако официјално се уште не се во пензија.