Спорт
Газдите на Сити сакаат да го купат Палермо

Газдите на Манчестер сити, во чија сопственост се наоѓаат уште девет други клубови ширум светот, покажале интерес за Палермо. Еден од култните италијански клубови се натпреварува во Серија Ц.
Познатиот новинар Џанлука Ди Марцио, ја објави оваа информација, без да наведе повеќе детали. Доколку Палермо стане дел од „Сити групацијата“, тогаш ќе биде седмиот клуб во Серија Ц со странски сопственици.
Странски газди веќе имаат Триестина, Падова, Сиена, Чезена, Пистоезе и Анкона.
Палермо поради финансиски проблеми заврши во третиот ран на италијанскиот фудбал. Во минатото за овој клуб играа македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски, но и сега големите ѕвезди на светскиот фудбал Единсон кавани, Паоло Дибала, Андреа Белоти, Хавиер Пасторе…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Леванте се збогуваше со Ла лига со победа, Реал и Бетис „воздржани“

Леванте ја заврши сезоната во Ла лига со 4:2 гостинска победа кај Рајо Валјекано, додека мечот помеѓу освојувачот на трофејот, Реал Мадрид и освојувачот на Купот, Реал Бетис започна со покажување респект, но заврши без голови.
На голот на Рајо не беше Столе Димитриевски, но за Леванте беше стартер Енис Барди. Алваро Гарсија ги донесе Рајо во водство во 18. минута, меѓутоа гостите направија целосен пресврт до крајот на полувремето – Гонзало Мелеро израмни во 26. минута, Роџер ги донесе во водство во 44. минута, пред Мелеро минута подоцна да зголеми на 1:3.
Серхи Гвардиола од пенал намали на 2:3 во 61. минута, пред Коке во 76. минута да ги постави конечните 2:4.
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-36-37223”));
Спорт
Абрахам е најдобриот англиски стрелец во Серија А, Рома ја заврши сезоната со победа

Теми Абрахам се покажа како вистинско засилување на Рома оваа сезона, отако Англичанецот постигна два гола за да ги предводи до 0:3 победа над Торино во последното коло од Серија А, со што стигна до 17 голови, рушејќи го рекордот на Џери Хиченс од сезоната 1961/62.
Абрахам прво стрелаше во 33. минута, за девет минути подоцна од пенал да го удвои водството на тимот на Жозе Мурињо, за да го подобри рекордот на Хиченс, кој даде 16 гола за Интер пред 60 години. Абрахам исто така даде најмногу голови во своја прва сезона на „Олимпико“ по Родолфо Волк, кој постигна 21 гол во 1929/30. Точка на мечот стави Лоренцо Пелегрини во 78. минута со уште еден гол од пенал.
За Рома ова беше совршена подготовка за финалето од Конференциската лига на УЕФА, каде што следната недела во Тирана играат со холандскиот Феенорд.
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-33-37475”));
Спорт
Иличиќ по четири месеци пауза поради „менталната криза“ во тимот на Аталанта

Аталанта го поставија Јосип Иличиќ во нивниот тим за последниот меч од сезоната против Емполи, четири месеци откако доби „пауза“ од тимот за да ги реши проблемите со менталното здравје.
34-годишниот словенечки репрезентативец веќе еднаш паузираше од фудбалот по пандемијата на КОВИД-19 во 2020, кога Бергамо беше посебн погодено, но се врати на терените и оваа сезона имаше 4 гола и 5 асистенции во 23 меча пред да му се врати депресијата во јануари 2022.
Тој последен пат играше неколку минути при 6:2 победата над Удинезе на 9 јануари, но постојано беше во тренинг-центарот на клубот, а неодамна повторно почна со тренинзи. Италијанските медиуми веруваат дека се работи за шанса за Иличиќ да се збогува со навивачите на Аталанта по пет сезони, бидејќи иако има договор до 2023, се очекува да замине на крајот на сезоната.
📋 I nostri convocati per l'ultima gara stagionale!
🦾 Here's our squad list for #AtalantaEmpoli!
Presented by @intesasanpaolo #SerieATIM #GoAtalantaGo ⚫️🔵 pic.twitter.com/gQOO4vAfB7
— Atalanta B.C. (@Atalanta_BC) May 20, 2022
Иличиќ за депресијата: Јас почувствував ударот од КОВИД-19 на своја кожа
Иличиќ ги надмина личните проблеми, утре се враќа на тренинзи
Таткото на Иличиќ бил убиен од сосед за време на војната во БиХ