Спорт
Атланта од -26 до брејк во Филаделфија

Кошаркарите на Атланта Хокс поведоа во серијата со Филаделфија 3:2. Трета победа во оваа серија Хокс ја забележа на теренот на противникот со 109:106. Апсолутен херој на Хокс беше Тре Јанг, кој постигна 39 поени.
Атлната во Филаделфија направи неверојатен пресврт за нов брејк во оваа полуфинална серија. Хокс губеше 46 и пол минути, во третиот период имаше минус од 26 поени, но сепак успеа да победи.
Предводени од Тре Јанг, Хокс последната четвртина ја доби со 40:19. На крајот бекот на Атланта имаше 39 поени и седум асистенции. Покрај Јанг, кај Хокс се истакнаа Џон Колинс со 19 поени и 11 скока, односно Данило Галинари со 16 поени.
Филаделфија ја предводеше Џоел Ембид со 37 поени и 13 скока.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Влаховиќ чека понуда од Премиер лигата

Фудбалерот на Јувентус, Душан Влаховиќ ја одбил понудата на Фенербахче бидејќи сака летово да се пресели во некој од премиерлигашките клубови, објавија денеска италијанските медиуми.
„Тутоспорт“, објави дека Фенербахче е подготвен да му понуди на Влаховиќ плата од 12 милиони евра годишно од сезоната 2025/2026, колку што моментално заработува во Јувентус, но 25-годишниот српски репрезентативец не е заинтересиран да замине во Турција.
Влаховиќ се надева дека ќе добие понуда од Премиер лигата на крајот на сезоната.
Влаховиќ не постигнал договор со Јувентус за продолжување на соработката, поради што клубот има намера да ги слушне понудите од заинтересираните клубови.
Српскиот репрезентативец е најдобар стрелец на Јувентус оваа сезона, а во неделата првпат беше стартер во Серија А во 2025 година. Го постигна единствениот гол на натпреварот.
Поранешниот играч на Партизан и Фиорентина на 31 натпревар сезонава постигна 14 гола и имаше две асистенции.
Спорт
Алкалоид против Баја Маре за полуфинале во Европскиот куп

Фото/ rkalkaloid.mk
Ракометарите на Алкал0ид по денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ го дознаа противникот во четвртфиналето на Европскиот куп.
Противник на Алкалоид ќе биде романскиот тим Баја Маре. Првиот натпревар ќе се одигра на 22/23.март во Романија, а реваншот во Скопје е планиран за 29/30.март.
Четвртфинални двојки:
Баја Маре (Романија) – Алкалоид (Македонија)
АЕК (Грција) – Партизан (Србија)
Олимпијакос (Грција) – Сандерфјорд (Норвешка)
Хаукар (Исланд) – Извиѓач (БиХ)
Доколку Алкалоид избори пласман во полуфиналето за место во финалето ќе игра против победникот од натпреварот меѓу Олимпијакос и Сандерфјорд.
Спорт
„Во Реал Мадрид цел ден плачат, а нивниот претседател ги лаже луѓето“

Претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас се осврна на обвинувањата од Мадрид дека судиите работат против Реал, во интервју за шпанскиот весник „АС“.
Тебас рече дека станува збор за агресивна кампања и дека Реал преку клупската телевизија манипулира си луѓето. Тебас рече и дека другите клубови сметаат дека употребата на ВАР технолигијата најмногу профитираат Реал и Барселона.
Освен што го критикуваше Реал, Тебас го кажа и своето мислење за начинот на кој Флорентино Перез раководи со Реал Мадрид и за неговата улога во европскиот фудбал.
„Фудбалот на Флорентино ги лаже луѓето. Претставува олигархиски фудбал, претставува фудбал само за богатите. Тој сака да одлучува за сè, дури и за парите што се делат. Некои луѓе во Реал Мадрид грешат што одобруваат се што прави Флорентино, велејќи дека се е во ред. Реал Мадрид треба да има независно мислење“, додаде Тебас.