Спорт
Атлетико на „Олд Трафорд“, Ајакс ја чека Бенфика
Останаа уште четири билети за четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите. Вечерва, за место меѓу најдобрите осум во Европа ќе се борат Манчестер јунајтед и Атлетико Мадрид, односно Ајакс и Бенфика.
Манчестер јунајтед и Атлетико реваншот на „Олд Трафорд“ ќе го почнат со резултат 1:1.
Пред две недели Јунајтед од пораз го спаси Еланга. Играчите на Атлетико двапати ја погодија гредата, но не успеаја да победат.
„Направивме сѐ што требаше во првиот меч, но не успеавме да победиме. Сѐ што правевме на теренот беше добро. Многумина мислат дека Јунајтед е во предност, но тоа не е случај бидејќи повеќе не важи правилото гол на гости“, рекол тренерот на Атлетико, Диего Симеоне.
Аргентинецот во Манчестер допатува без повредените Шиме Врсаљко, Тома Лемар и Даниел Вас и суспендираниот Јаник Караско.
Традицијата е на страната на Атлетико, од шест пресметки во нокаут-фазата со англиските тимови, „јорганџиите“ петпати излегле како победници. Минатата сезона во осмина-финалето беа елиминирани од Челси.
Манчестер јунајтед, по поразот во градското дерби од Сити, успеа да слави во дуелот со Тотенхем. Кристијано Роналдо постигна хет-трик и токму тој ќе биде најголемата закана за Атлетико. „Јорганџиите“ му се омилен ривал во Лигата на шампионите.
„Мораме да играме агресивно, со многу трчање. Начинот на кој постигнавме гол во Мадрид – тоа е рецептот. Мораме така да играме против нив“, изјавил менаџерот на Јунајтед, Ралф Рангник.
Германецот на располагање ќе ги има Лук Шо и Бруно Фернандеш. Овие двајца, поради коронавирусот, го пропуштија дуелот со Тотенхем.
Ајкас и Бенфика пред две недели одиграа фантастичен меч. Бенфика двапати ја стигна предноста на Ајкас. Во Амстердам дуелот ќе почне со 2:2.
„Имам чудни чувства во врска со тој натпревар. Изборивме добар резултат, но, од друга страна, ја испуштивме победата. Имаве неколку добри шанси што не ги искористивме“, изјави Ерик Тен Хас, тренерот на Ајакс.
Проблем за Ајакс може да биде лошата форма на одбраната, на последните два натпревари во Холандија прмија четири гола откако претходно одбраната на 23 натпревари им капитулира само петпати.
Дуелите во Манчестер и Амстердам ќе почнат во 21 часот.
Пласман во четврт-финалето досега изборија Манчестер сити, Реал Мадрид, Ливерпул и Баерн Минхен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барселона се распрашува за Лирој Сане
Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, особено ако сака да донесе звучни имиња од други клубови.
Шпанските медиуми објавија дека Барселона веќе стапила во контакт со Баерн во врска со Лирој Сане.
28-годишен крилен напаѓач е под договор со Баерн и за следната сезона, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 70 милиони евра. Шпанските медиуми пишуваат и дека Барселона би можела да испрати еден од своите играчи во Баерн и со тоа да ја намали цената на германскиот репрезентативец.
Сане пристигна во Баерн во 2020 година од Манчестер Сити.
Спорт
Надал: Ако немам чувство дека можам да се натпреварувам тогаш нема да играм на РГ
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, по Мастерсот во Рим, ќе донесе одлука дали ќе настапи на вториот гренс слем во сезоната, Ролан Гарос.
Рафа моментално се наоѓа во Мадрид, каде во првото коло убедливо славеше во дуелот со 16-годишниот Американец Дарвин Бланш.
„Реален сум за тоа што се случува. Искрено, играв против играч кој направи многу грешки и ми ги олесни работите. Со најголема почит кон играчот кој има голема иднина, тој направи многу грешки и мечот траеше само еден час. Ова нема да ги смени моите размислувања за Ролан Гарос. Овде нема да донесам никаква одлука, по Мастерсот во Рим ќе ја донесам конечната одлука. Не зборувам за победите, туку за чувството дека можам да дадам се од себе и дека можам да се натпреварувам. Мислам дека ова е логично по се што направив во Париз“, изјави Надал.
Негов следен ривал ќе биде Алекс де Минор, кој го елиминира минатата недела во Барселона.
Спорт
Бруно Гимараеш има посебна клаузула во договорот која важи до 30 јуни
Играчот од средниот ред на Њукасл, Бруно Гимараеш е на мета на бројни клубови, а тој има посебна клаузула во договорот.
Како што откри трансфер-инсајдерот, Фабрицио Романо, од последната недела на мај до крајот на јуни, Гимараеш има откупна клаузула од 100 милиони фунти или 116 милиони евра.
Доколку Бразилецот се договори со некој клуб и тој клуб ја плати сумата, Њукасл ќе биде принуден да го пушти.
Во моментов не се знае дали некој клуб е подготвен да потроши толку пари, но веќе е познато дека ПСЖ покажува интерес за бразилскиот репрезентативец.
Прашање е само дали е реално еден ваков трансфер да се случи пред официјалниот почеток на летниот преоден рок.
Летниот преоден рок стартува на 1 јули.