Спорт
Атлетико се најсилни на празниот „Ванда Метрополитано“
Коронавирусот ги „избрка“ навивачите од трибините. На некои тимови не им претставува проблем, што ги играат домашните натпревари, пред празни трибини. Таков пример е лидерот во Ла Лига, Атлетико Мадрид.
Според истражувањето на Институтот за спортска историја и статистика (ЦИЕС), Атлетико, сезонава, на домашен терен победиле на 86,7 отсто од натпреварите. Ниту еден клуб, во најсилните пет национални шампионите во Европа, нема ваков учинок.
Блиску до Атлетико е градскиот ривал Реал. Играчите на Зинедин Зидан победиле на 85,7 отсто од натпреварите на домашен терен. Следуваат Баерн Минхен (83,3%) и Манчестер сити (81,3%), само уште два клуба забележале успешност од повеќе од 70 отсто на домашен терен: ПСЖ (72,7%) и Ливерпул (71,4%).
Апсолутни рекордери се Гразгов Ренџерс (Шкотска) и Боде (Норвешка), кои победиле на сите домашни мечеви оваа сезона. Од друга страна ниту една победа на домашен терен не забележале Депортиво Мунисипал (Перу), Вегалта Сендај (Јапонија), Далјен Про (Кина), Зоб Ахан (Иран), Келн (Германија), Дижон (Франција), Лингби (Данска), Ал Јармук (Кувајт) и Ал Итихад (Египет).
Погледнете ја комплетната листа на ЦИЕС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Де Роси е новиот тренер на Џенова
Фудбалскиот клуб Џенова ќе го назначи Даниеле Де Роси за нов тренер, објавија денес италијанските медиуми.
„Фудбал Италија“, објави дека Де Роси ќе потпише договор до крајот на сезоната, со опција за продолжување на соработката доколку тимот избори опстанок во Серија А.
Де Роси ќе го предводи тимот во претстојниот првенствен натпревар против Фиорентина во недела.
Управата на Џенова не сакаше да го одложи назначувањето на новиот тренер, туку да го ангажира пред паузата во првенството.
Исто така, раководството реагираше брзо бидејќи очекуваше Де Роси да добие понуда од друг клуб.
Џенова го отпушти тренерот Патрик Виеира на 1 ноември откако тимот не победи на ниту еден натпревар во првите девет кола од Серија А.
Оттогаш, тимот го предводеа Роберто Мургита и Доменико Кришито, а во понеделник, Џенова ја оствари својата прва победа во лигата, против Сасуоло со 2:1 и се искачи на 18-то место на табелата со шест бода.
Спорт
Компани: Сè е супер, но трофеите не се освојуваат во ноември
Тренерот на Баерн, Венсан Компани, по победата против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, изрази задоволство од настапот на својот тим, но исто така нагласи дека се соочуваат со уште поголеми предизвици до крајот на сезоната.
„Освоивме три бода, и тоа е добро, но никој не освојува трофеи во ноември. Ова е далеку од тоа да го одлучи победникот на Лигата на шампионите. Се сеќавате како ПСЖ ја освои титулата минатата сезона… Станува збор првенствено за пласман во следната фаза од натпреварувањето. Направивме сериозен чекор во таа насока. Ни требаат позиции од кои ќе биде полесно да се бориме за финалето“, рече Компани, објавија германските медиуми.
Баерн е на првото место на табелата на ЛШ со 12 бода, исто колку и второпласираниот Арсенал. Фудбалерите на Арсенал и Баерн ќе се сретнат на 26 ноември во Лондон во петтото коло од Лигата на шампионите.
Фудбалерите на Баерн одиграа 16 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона и ги забележаа сите 16 победи.
Спорт
На „Сантијаго Бернабеу“ донеле одлука за иднината на Винисиус
Винисиус Жуниор предизвикува сè повеќе проблеми во Реал со своето однесување, а се чини дека во Мадрид донеле одлука околу неговата иднина на „Сантијаго Бернабеу“.
Како што ексклузивно открива „Билд“, бразилскиот напаѓач ќе биде продаден следното лето. Сè кулминираше по „Ел Класико“ и однесувањето на Винисиус.
Претходно, двете страни ќе се обидат да го продолжат договорот, а потоа Реал ќе го стави на трансфер листата.
Не е тајна дека во Саудиска Арабија сонуваат да го доведат Винисиус, а следното лето таа желба би можела да се оствари, под услов тој да биде расположен да се пресели на Блискиот Исток.
Реал го донесе од Фламенго во 2018 година за 45.000.000 евра, а сумата што ќе ја бараат веројатно ќе биде меѓу 200 и 250.000.000 евра.
Foto/ EPA

