Спорт
АТП ги казни Британците со милион долари за забраната за руските и белоруските тенисери

Асоцијцијата на тениски професионалци (АТП), машката професионална тениска турнеја ја казни британската Асоцијација за тенис на трева (ЛТА) со 1 милион долари откако оваа година тие и покрај советите од АТП и ВТА решија да не им дозволат настап на руските и белоруските натпреварувачи поради војната во Украина. Преостанатите два гренд слема, Ролан Гарос и САД опен во Њујорк не се решија на ваков потег.
„ЛТА е разочарана од овој факт, бидејќи АТП не ги зеде во предвид исклучителните околности од руската инвазија на Украина, како и одговорот од интернационалната спортска јавност и британската влада“, се вели во соопштението на ЛТА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Калин Ивановски се пласира во полуфиналето на турнирот во Тунис

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжува со одлични игри на ИТФ фјучерс-турнирот во Монастир (Тунис), кој има награден фонд од 15.000 американски долари.
Ивановски во четврт-финалето го совлада Австриецот Себастијан Соргер со 2:0 во сетови (6:3, 6:4).
Во полуфиналето македонскиот тенисер за ривал ќе го има Стефанос Сакеларидис од Грција.
Спорт
Македонски и бугарски клубови сепак играат фудбал: Македонија ЃП загуби од Берое

Македонски и бугарски клубови сепак играат фудбалски натпревари на подготовките во Анталија. И покрај дел од бугарските клубови кои одбија да играат, сепак, денеска беше одигран меч меѓу Македонија ЃП и Берое.
Македонскиот прволигаш Македонија ЃП загуби од бугарскиот тим Берое со 3:2.
Кристијан Стојковски донесе водство за Македонија ЃП, а на почетокот на второто полувреме Берое израмни преку Вини Трибуле.
Во 80. минута Дамјан Јорданов се погрижи за пресврт, а потоа Трибуле постигна втор погодок за 3:1. Конечниот епилог го постави Славков.
Спорт
Работнички го промовираше Амар Хаџибулиќ, наследникот на Столе Димитриевски

Македонскиот прволигаш Работнички објави дека потпиша прв професионален договор со најновиот голем бисер од младинската школа, голманот Амар Хаџибулиќ.
„ФК Работнички со гордост го објавува првиот професионален договор со големиот талент, голманот Амар Хаџибулиќ. 16-годишниот чувар на мрежата е најновото име кое доаѓа како производ од одличната работа во пионерско-младинската академија на клубот“, објави ФК Работнички на официјалниот сајт.
Амар Хаџибулиќ треба да биде најновото голманско откритие кое ќе чекори по стапките на Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Ристе Јанков, одличните голмани кои заминаа во странство од редовите на ФК Работнички.
Амар Хаџибулиќ е репрезентација на Македонија во селекцијата до 17 години.