Спорт
АТП отвори истрага за обвинувањата за насилство од Александер Зверев
АТП-турнејата потврди дека ќе спроведе истрага за обвинувањата за домашно насилство кон поранешната девојка на олимпискиот шампион Александер Зверев една година откако поранешната јуниорска тенисерка Олга Шарипова го обвини Германецот дека неколкупати сериозно физички ја нападнал.
Шарипова во август оваа година додаде нови обвинувања кон Зверев во интервју со магазинот „Слејт“ велејќи дека Зверев ѝ удрил бокс во нивната хотелска соба за време на мастерсот во Шангај во октомври 2019. Зверев постојано ги отфрла обвинувањата и неодамна поведе судски случај против Шарипова за нарушување на угледот.
АТП беше критикувана што не постапила по обвинувањата толку долго време пред денеска да се јави со соопштение.
„АТП целосно го осудува секое насилство и ќе ги истражи обвинувањата за член на АТП-турнејата. Се работи за сериозни обвинувања и мора да ги испитаме. Мое разбирање е дека Зверев ја поддржува истрагата и дека ги отфрла обвинувањата. Ќе ги следиме и судските разврски по случајот пред германските судови“, изјави претседателот на АТП, Масимо Калвели.
Зверев на поранешната девојка ѝ велел: Јас заработувам, ти си никој и ништо
Поранешната девојка го обвини Зверев дека физички ја малтретирал
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

