Спорт
Аврамовиќ се сели во НБА лигата

Непосредно пред почетокот на олимпискиот кошаркарски турнир, српскиот репрезентативец Алекса Аврамовиќ го напушти Партизан и потпиша договор со ЦСКА од Москва.
Сепак, постои можност тој да не замине во Русија бидејќи има информации дека за него се заинтересирани неколку НБА клубови.
„Озонпрес“ од Чачак, објави дека Аврамовиќ сигурно ќе се пресели преку барата, а негов нов тим ќе бидат Лос Анџелес Клиперс или Атланта Хокс.
Српскиот кошаркар има клаузула со ЦСКА од Москва, според која по одличните партии во дресот на репрезентацијата во Париз може да оди во НБА лигата, но трансферот мора да биде реализиран најдоцна до 20.август.
Авамовиќ од страна на ФИБА беше прогласен за најдобра дефанзивец на олимпискиот турнир во Париз. Со Србија го освои бронзениот медал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Челзи прими голчиште па испорача „петарда“ во мрежата на Вест Хем

Вест Хем доживеа тежок пораз на Олимпискиот стадион во Лондон од градскиот ривал Челси. Во првиот меч од втората рунда, Челси победи со 5:1.
Натпреварот започна идеално за Вест Хем, а заврши кошмарно. Медиумите веќе шпекулираат дека менаџерот Грем Потер ќе добие отказ.
Лукас Пакета постигна голшиште во шестата минута. Голот оди и на душа на голманот Санчез кој можеше подобро да реагира.
Од 15.минута започна кошмарот за „чеканите“, кои повторно демонстрираа дека одбраната им е како швајцарско сирење.
Во периодот од 15. до 34.минута, Челзи постигна три гола, сите од петерецот на Хенмарсон. Најпрвион погоди Жоао Педро, потоа Педро Нето и на крајот енцо Фернандез.
Во вториот дел блиц криг на Челзи, два гола во 54. и 58. минута на Каиседо и Шалоба за конечни 1:5.
foto/ EPA/VINCE MIGNOTT
Спорт
(Видео) Олисе започна, Кејн го декласира Лајпциг

Фудбалерите на Баерн беа повеќе од убедливи на отворањето на новата сезона во Бундеслигата. Актуелниот шампион на Германија го пречека тимот на Лајпциг и го декласира со 6:0.
Традицијата продолжи, бранителот на титулата речиси никогаш не ги губи натпреварите што вообичаено ги игра на отворањето на новата сезона.
Исто беше и сега, бидејќи Баерн не остави ниту една шанса за тимот од Лајпциг, за да можат да се вратат од Минхен со бодови.
Од почетокот на натпреварот, домашниот тим го наметна својот ритам и агресивно го нападна голот на гостите.
Лајпциг успеа да издржи до 27-та минута кога Микеал Олисе го совлада Петр Гулачи. Само пет минути подоцна, по една од најдобрите акции на Баерн на овој натпревар, која беше украсена со атрактивно додавање на Серж Гнабри, а ја заврши со гол Луис Дијаз.
До крајот на првото полувреме од натпреварот, Олисе го постигна својот втор гол на натпреварот по нова асистенција од Гнабри.
Второто полувреме го одбележа само еден човек, Хари Кејн.
Најдобриот стрелец минатата сезона, не можеше подобро да ја започне новата натпреварувачка гсезона, бидејќи веќе постигна хет-трик во првиот натпревар.
Во второто коло, Баерн ќе игра против Аугсбург во мало баварско дерби, додека Лајпциг ќе го пречека Хајденхајм на домашен терен.
Foto/ EPA/RONALD WITTEK
Спорт
Рпма се вклучи во трката за потписот на Елмас

Елиф Елмас ќе го напушти Лајпциг до крајот на преодниот рок. Вториот дел од минатата сезона, Елмас ја мина на позајмица во Торино. „Биковите“ немаат пари да го откупат неговиот договор но извесно е дека фудбалерот ќе се врати во Серија А.
Најмногу шанси за да го ангажира Елмас има неговиот поранешен клуб Наполи. Елмас во сезоната 2022/2023 беше дел од тимот кој по три децении ја врати титулата во Серија А, во градот под Везув. Таа сезона тој беше трет најобра стрелец во екипата.
Наполи отвори преговори со Лајпциг, но не за перманентен трансфер туку за позајмица, со право на откуп на договорот по завршувањето на сезоната.
Двете страни сега треба да ги договорат тие услови. Лајпциг ја одбиле орвата понуда од 1.500.000 евра за позајмицата и 11.500.000 евра за откуп на договорот.
Германскиот клуб бара 3.000.000 за позајмицата и близу 20.000.000 за откуп на договорот.
Според италијанските медиуми, Елмас се наоѓа и на радарот на Рома. Џанпјеро Гасперини бара играч што може да ја покрие левата страна откако Џејдон Санчо ја дби понудата од Рим.
foto/ EPA