Спорт
Баерн го отпуштија Нико Ковач!
Баерн Минхен ќе бара нов тренер, откако баварскиот гигант реши да се раздели со хрватскиот тренер Нико Ковач по срамниот 5:1 пораз од Ајнтрахт Франкфурт во саботата.
Ковач пристигна на „Алијанц арената“ токму од Ајнтрахт минатото лето, и минатата сезона им донесе двојна титула во Германија, но проблематичниот старт на сезоната, по кој тие се само на третото место во Бундеслигата, заедно со вестите дека постои конфликт со играчите, беа доволно тимот да се раздели со него.
Отказот доаѓа во неделата по состанокот на Ковач со претседателот Ули Хенес, извршниот директор Карл-Хајнц Румениге и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.
„Перформансите на тимот во последните недели не примораа на акција. Имавме отворен разговор со Нико и заеднички се договоривме тој веќе да не е тренер на Баерн. Би сакале да му заблагодариме на соработката“, изјави Румениге.
Негова привремена замена ќе биде помошникот тренер Ханс Флик за дуелите со Олимпијакос во Лигата на шампионите и за големото дерби со Борусија Дортмунд во сабота.
„Мислам дека ова е вистинската одлука за тимот. Начинот на кој игравме го покажа тоа. Јас и мојот брат Роберт се заблагодаруваме на Баерн за последната година и пол, во кои ја освоивме Бундеслигата, ДФБ купот и Суперкупот“, изјави Ковач.
FC Bayern trennt sich von Niko Kovač:https://t.co/JbpIQqefBJ
— FC Bayern München (@FCBayern) November 3, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.
Спорт
„Мундо депортиво“: Зидан се договорил со Баерн Минхен
Зинедин Зидан ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен, пренесува каталонскиот „Мундо Депортиво“. Зидан е без работа откако го напушти Реал Мадрид пред три години.
„Дознаваме дека преговорите се при крај, дури и двете страни сметаат дека се е готово и практично завршено. Зидан само побарал да му се доведат засилувања, особено во одбраната“, тврдат овој извор.
Зидан планираше да стане селектор на Франција, но Дидие Дешамп и понатаму останува на таа позиција. Од друга страна, Баерн, кој по 11 години остана без титулата германски шампион, сакаше да го доведе германскиот селектор Јулијан Нагелсман, но тој го продолжи договорот до 2026 година.
Претходно ПСЖ и Манчестер јунајтед се обидоа да го доведат Зидан, но тој ги одби нивните понуди.
Зидан, 51-годишникот од Марсеј, освои три ЛШ со Реал Мадрид, две шампионски титули на Шпанија, по два УЕФА и шпански Суперкупа, две титули на Светското клупско првенство…
Спорт
Рома преговара за трансферот на Киеза
Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси, кој го продолжи договорот со клубот, е голем фан на фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза. Де Роси не кри дека би сакал да го има во својот тим крилниот напаѓач.
Де Роси работеше со него додека му беше асистент на Роберто Манчини во италијанската репрезентација.
Договорот на Киеза со Јувентус истекува во јуни 2025 година, што значи дека ова лето влегува во последната година од истиот.
Тоа значи дека ова лето е веројатно последна шанса клубот да заработи нешто од неговата продажба.
Свесни за ова, челниците на Рома веќе закажале состанок со неговиот менаџер Фали Рамадани.
Покрај Рома, интерес за Киеза покажува и Њукасл.