Контакт

Спорт

Баерн подготвува рекорден трансфер – Коло Муани се сели во Минхен

Објавено пред

Францускиот фудбалер Рандал Коло Муани ќе биде првото засилување на Баерн Минхен за следната сезона.
Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ во основа се договорија за се околу доаѓањето на младиот фудбалер на Ајнтрахт, кој претходно ја одбил понудата на Манчестер Јунајтед.

dobivaj vesti na viber

Баерн за овој трансфер треба да одвои фиксни 80 милиони евра, додека за бонуси ќе има уште 20 милиони доколку се активираат неколку клаузули. Доколку трансферот биде реализиран Баерн ќе го собори и клупскиот и бундеслигашкиот.

Досега тој рекорд го држеше Лукас Ернандез кога Баерн плати 80 милиони евра за неговото доаѓање од Атлетико Мадрид.

Доколку се реализира овој трансфер и Коло Муани биде првото засилување на тимот од Минхен, речиси сигурно е дека тоа значи дека Садио Мане ќе ја напушти Германија.
Сенегалецот би можел да се врати во Премиер лигата, во Челси или Манчестер Јунајтед.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Леверкузен му ја предаде титулата на Баерн

Објавено пред

На две кола пред крајот и по ремито на Леверкузен во Фрајбург, Баерн дефинитивно ја освои титулата германски шампион. Баерн го пропушти првиот меч во саботата, играјќи нерешено против Лајпциг на гостински терен. Но, ден подоцна стана јасно дека тимот од Минхен ќе стане шампион на Германија.

dobivaj vesti na viber

Леверкузен имаше шанса да ја продолжи неизвесноста барем уште една недела, но освои само бод во Фрајбург – 2:2. Верувале или не, во првото полувреме Баер не шутираше кон голот на ривалот, ниту гостите не беа многу подобри во преостанатиот дел од натпреварот.

Фрајбург знаеше како да го казни тоа. И на крајот од првото полувреме, кога Егештајн постигна прекрасен гол од повеќе од 20 метри, голманот на Леверкузен Ковар беше немоќен. Нов шок за гостите дојде по само четири минути од вториот дел, по центаршут од десната страна, Инсапие несмасно реагираше пред Адаму и ја смести топката во сопствената мрежа.

Дури тогаш гостите почнаа да играат според очекувањата. Во 82. минута на додавање на Грималдо, Вирц му ја врати надежта на Баер, а бодот го обезбеди со гол во 90+3. минута Тах. По исходот од натпреварот во Фрајбург стана јасно дека Баерн ја освои 34-та титула во Бундеслигата. И по 12-ти пат во последните 13 години доминацијата на Баварците минатата сезона ја прекина Леверкузен.

Прикажи повеќе...

Спорт

Романо: Сити најде замена за Де Брујн, тоа ќе ги чини 100 милиони фунти

Објавено пред

Кевин Де Брујн ќе остане запаметен како еден од најважните фудбалери во историјата на Манчестер Сити. Помина десет години во клубот, ги освои сите трофеи и постојано беше меѓу главните лидери на играта. Замената на играч од неговата класа ќе биде многу напорна задача, но Пеп Гвардиола и неговите колеги веќе мора да размислуваат да продолжат без него.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесува познатиот спортски новинар Фабрицио Романо, Манчестер Сити покажува интерес за Морган Гибс-Вајт (25). Англискиот играч за врска имаше многу забележителна сезона, како и целиот тим на Нотингем Форест, кој пружа одлични партии во Премиер лигата. Гибс-Вајт игра како офанзивен играч за врска, а Гвардиола наводно го гледа како потенцијална замена за Де Брујн. Гибс-Вајт сака да се приклучи на СитиРомано додава дека Манчестер Сити планира да ги забрза преговорите во наредните недели бидејќи Гибс-Вајт е меѓу нивните приоритети.

Проблем може да биде високата отштета што Нотингем Форест ја бара за својот играч. Според „ТалкСпорт“, Форест бара 100 милиони фунти или околу 117,5 милиони евра. Иако е познато дека Манчестер Сити има големи финансиски средства, сумата може да биде бариера дури и за нив.

Останува да се види дали Нотингем Форест ќе биде подготвен да ја намали цената, бидејќи се вели дека Гибс-Вајт има голема желба да се приклучи на тимот на Гвардиола.

Прикажи повеќе...

Спорт

Јан Облак без рамен во Ла Лига го прескокна Икер, следен е Зубизарета

Објавено пред

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак продолжува да ја пишува историјата на шпанскиот фудбал. Во ремито на Атлетико на гостувањето кај Алавес, Облак по 173-ти пат во Примера успеа да ја сочува мрежата и со тоа на вечната листа да го надмине големиот Икер Касиљас, кој остана непоразен во 172 натпревари.  На вечната листа се наоѓа Андони Зубизарета со 232 натпревари без примен гол, па следува Пако Бујо со 212, а трет е Облак со 173.

dobivaj vesti na viber

Но, ако се погледне процентот на натпревари на кои голманите во Ла Лига останаа непоразени, Облак е убедливо на првото место. Верувале или не, Облак остана непоразен во Примера со 48%, потоа Виктор Валдес со 44%, Бујо со 39%, Зубизарета со 37%, а последен во топ 5 е Икер Касиљас со 34%.

Во превод, Облак е на добар пат да стане најдобар голман во историјата на Ла Лига, доколку остане уште две или три години во Атлетико…

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Хорор во Скопје, пред очите на 5-годишната ќерка ја усмртил мајката со убоди од нож по вратот и градите

Скопското Обвинителство спроведе истрага против едно лице за убиство на својата партнерка со која живеел во вонбрачна заедница. На жртвата,...

Свет2 часа

Трамп нема да се кандидира за трет мандат

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не планира да се кандидира за трет мандат како шеф на државата, иако...

Македонија5 часа

Во чест на загинатите во Пулс во Кочани се возеа велосипеди

Над 300 велосипедисти, рекреативци, спортисти и граѓани учествуваа на велосипедската тура „По патеката на оризот“ во чест на трагично загинатите...

Македонија7 часа

Сиљановска Давкова: Делчев беше и ќе биде дел од нас, од нашата историја, сегашност и иднина

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска положи цвеќе во црквата „Св. Спас“ по повод 122-годишнината од смртта на великанот...

Регион9 часа

Тајната на Тито која никој никогаш не ја разјасни

На денешен ден, пред 45 години, почина Јосип Броз Тито, доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Сојузот на...

Македонија11 часа

АХВ казни 14 месарници кои продавале небезбедно месо

Казни во вредност од 8.350 евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на...

Македонија13 часа

122 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 122 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој...

Топ1 ден

Ја убил сопругата, па го фатиле на Табановце

МВР соопшти дека попладнево околу 17 часот на граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Н.А. (38) од...

Македонија1 ден

Од Скопје до Охрид ќе се патува час и половина по новиот автопат од Тетово до Гостивар, ама за две години

За две години ќе биде готов новиот автопат од Тетово до Гостивар, рече директорот на Јавното претпријатие за државни патишта...

Топ1 ден

Обид за убиство и насилство во кочанското село Тркање

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кочани поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело убиство  во обид...

Регион1 ден

Сериозно е нарушена здравствената состојба на Александар Вучиќ

Александар Вучиќ ја откажа планираната посета на САД поради влошување на здравствената состојба и побара медицинска помош веднаш по враќањето...

Регион1 ден

Вучиќ е префрлен во Военомедицинската академија во Белград, се испитува од што му се слошило

Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Белград, а веднаш од аеродромот беше префрлен во Военомедицинската академија (ВМА) во Белград, пренесуваат...

Македонија1 ден

Криминално трио ја ограби касата на казиното во Бутел, на двајца браќа им помогнал вработен

Три лица се осомничени за кражба од казино во Бутел, при што биле одземени 1.460.856 денари, соопшти денеска Основното јавно...

Македонија1 ден

Уапсен е зетот на покојниот Зоки Фаци, ја запалил куќата во која живееле сестрата и внуците

Вчера наутро била избегната трагедија во која можело да настрадат станари во зграда во скопската населба Ново Лисиче откако Тодор...

Регион2 дена

Две години од масовното убиство во „Рибникар“: Тешка трагедија која Србија никогаш нема да ја заборави

Поминаа две години од страшното масовно убиство кога 13-годишно момче уби девет деца и училишен чувар во ОУ „Владислав Рибникар“....

Регион2 дена

На Александар Вучиќ ненадејно му се слошило, па ја прекина посетата на САД

Српскиот претседател е на пат кон Белград откако синоќа му се слошило при посетата на САД и побарал медицинска помош....

Свет2 дена

„Мерцедес“ се заби во група пешаци во Штутгард

Автомобил „мерцедес“ денеска удри во група луѓе на пешачки премин во центарот на Штутгарт, Германија, при што се повредени неколку...

Македонија2 дена

Ахмети вели дека ако излезе на улица нема враќање назад, „Вреди“ со коментар дека улицата е на народот, а не на милионерите

Можно е симпатизерите на ДУИ да излезат на улица, вели Али Ахмети, поради случајот со ексминистерот, Крешник Бектеши, кој се...

Свет2 дена

Америка се повлекува од мировните преговори меѓу Русија и Украина

САД повеќе нема да посредуваат во мировните преговори меѓу Украина и Русија откога Владимир Путин одби да се согласи на...

Регион2 дена

Караџов за Коридорот 8: Николоски раскажува македонски приказни пред спиење, каде е да го потпише договорот

Имам чувство дека Николоски раскажува македонски приказни пред спиење, коментира вицепремиерот и министер за транспорт, Гроздан Караџов, во врска со...