Спорт
Баерн со победа кај Волфсбург во трилерот со шест гола

Баерн Минхен експресно се врати на врвот на табелата, поминувајќи ги Унион Берлин, откако стигнаа до импресивна 4:2 победа на гостувањето кај Волфсбург во 19. коло во Бундеслигата.
Баварците имаа атомски старт и во првите 19 минути од мечот направија предност од 0:3. Кингсли Коман го отвори резултатот уште во 9. минута, за во 14. минута да постигне прекрасен гол по асистенција на новото засилување Жоао Кансело, а Томас Милер во 19. минута најави голема победа на гостите.
Сепак, Волфсбург вратија еден гол преку Јакуб Камински во 44. минута, пред да добијат и теренска предност во 54. минута по вториот жолт картон и исклучувањето на Џошуа Кимих. Но, и со 10 играчи, Баерн го зголемија водството преку Џамал Мусијала во 73. минута од мечот, пред Матијас Сванберг во 82. минута да ги постави конечните 2:4.
(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-42-42268”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Влаховиќ ја растажи Подгорица, Французите триумфираа во Даблин

Светскиот вицепрвак Франција стигна и до втора победа во квалификациите за ЕП 2024 откако ја совлада Република Ирска со 0:1 во Даблин. Бенјамин Павар беше стрелец на победничкиот гол за „триколорите“ во 50.минута од мечот.
Србија го доби дуелот со Црна Гора со 0:2, благодарение на Душан Влаховиќ. Напаѓачот на Јувентус беше двоен стрелец. Го отвори резултатот во 78.минута, а потоа и го потврди триумфот во 96.минута.
Шведска немаше милост против Азербејџан и славеше со 5:0, а Австрија со пресврт ја победи Естонија со 2:1.
Чешка не успеа да слави на гости во Кишињев против Молдавија и ремизираше без голови, а Полска ја победи Албанија со 1:0, со голот на Карол Свидерски. Унгарците беа убедливи и со 3:0 победија против Бугарија.
Холандија очекувано го победи Гибралтар со 3:0.
Спорт
Нагелсман ќе го почека отказот на Грем Потер и сака да раководи на „Стемфорд бриџ“

Раководството на Челси го посакува германскиот тренер Јулијан Нагелсман, откри новинарот на „Скај Германија“, Флоријан Плетенберг.
Доколку Потер не успее да постигне подобри резултати со Челси до крајот на сезоната, Тод Боели ќе го разреши. „Сините“ сакаат да му дадат поддршка, тоа го потенцираа неколку пати, но сега дојде моментот кога Челси треба да влезе во серија на позитивни резултати.
Реал Мадрид ќе биде тешка пречка за нив во четврт-финалето од Лигата на шампионите. Тешко е да се поверува дека преку Премиерлигата би можеле да стигнат до ова натпреварување за следната сезона бидејќи моментално се на десеттото место со 38 бода.
Нагелсман веднаш доби понуда и од градскиот ривал Тотенхем. Тој е отворен и за тренерското место во тој клуб, но бидејќи Челси во моментов е финансиски помоќен и е во тек нов проект, Германецот многу лесно би можел да избере да дојде на „Стемфорд бриџ“.
Спорт
Калулу го пропушта дербито против Наполи

Францускиот интернационалец Пјер Калулу ќе го пропушти дербито на Милан против Наполи, лидерот во Серија А, поради повреда на потколеницата. Во соопштението, „росонерите“ велат дека централниот дефанзивец за една недела ќе биде подложен на дополнителни прегледи, но дефинитивно е во аут за дуелот со „наполитанците“.
Калулу се повредил за време на настапите за младата репрезентација на Франција до 21 година.
Милан и Наполи во април ќе се сретнат и во италијанското четвртфинале во Лигата на шампионите.