Спорт
Бах: ИОЦ мора да ги заштити правата на сите спортисти, без разлика на националноста
Инсистирајќи дека спортот и олимпизмот мораат да ги почитуваат човековите права на сите спортисти, претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Томас Бах ја објаснува одлуката да помгне руските и белоруските спортисти да се квалификуваат за Олимпијадата во Париз во 2024.
Украина остро ја нападна одлуката на ИОЦ да се дозволи настап на Русите и Белорусите (под неутрално знаме) на Игрите во Париз, и Бах инсистира дека е бизарно да се тври дека ИОЦ е на „погрешната страна на историјата“.
„Не, историјата ќе покаже кој прави повеќе за мир. Тие кои се обидуват да ги заддржат отворени линиите, да комуницираат или тие кои сакаат да изолираат или поделат. Го правевме тоа и во минатото со голем успех во олимпиското движење, како со Кореја, Палестина и Косово. Нашата цел е да ги зближуваме луѓето“, вели Бах.
Тој додава дека експертите за човекови права од Обединетите нации јасно кажале дека исфрлање на спортисти според нивниот пасош би била дискриминација. Претходно во историјата, Германија и Јапонија не беа поканети на Олимпијадата во 1948 година во Лондон поради Втората светска војна, додека Јужна Африка беше исклучена поради апартхејдот од 1964 до 1988 година.
„ИОЦ е посветена на човековите права, и секако мора да внимава на таа загриженост“, додава Бах.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Нестварна секвенца на Мекси, ја спаси Филаделфија од елиминација
Неверојатната партија на Тајрис Мекси ги обележа плеј-оф натпреварите одиграни во Источната конференција.
Филаделфија победи во Њујорк по едно продолжение со 112:106 и го намали резултатот во серијата на 2:3.
Тајрис Макси го замолкна „Медисон Сквер Гарден“ во последните 25 секунди. Бекот на Севентисиксерс, најпрвин погоди тројка под фаул, потоа Џош Харт на спротивната страна реализираше едно слобоно фрлање, а во последните напа Мекси погоди тројка од 10 метри и избори продолжение.
Во продолженијата шокираните играчи на Њујорк немаа никакви шанси.
Мекси натпреварот го заврши со 46 поени, пет скока и девет асистенции. Го следеа со по 19 поени Џоел Ембид и Тобајас Херис. Ембид имаше и 16 скокови и 10 асистенции.
На спротивната страна Џејлен Брансон заврши со 40 поени.
Кошаркарите на Милвоки на домашен терен ја победија Индијана со 115:92 и намалија на 3:2 во првото коло од плејофот на Источната конференција.
Повторно го немаше Јанис Адетокумбо, но овојпат тимот од Висконсин успеа да најде начин целосно да го уништи тимот на Пејсерс.
Ослабените Бакс до победата ги предводеа Крис Мидлтон и Боби Портис со по 29 поени. Портис забележа и 10 скока, а Мидлтон 12 скока и пет асистенции и беше клучен фактор во победата.
Кај поразениот тим најефикасен беше Тајрис Халибартон со 16 поени, но далеку од тоа да го спречи убедливиот пораз на својот тим.
Индијана ќе има „меч-топка“ на следниот натпревар кој е закажан за ноќта меѓу четврток и петок, а во кој е домаќин.
Кливленд води против Орландо со 3:2, откако славеше победа со 104:103.
Еван Мобли на шест секунди до крајот го блокира Франц Вагнер и го однесе Кливеленд до победата.
Шестиот натпревар од оваа серија ќе се одигра во петок кога домаќин ќе биде Орландо.
Во евентуалниот седми, Кливленд повторно ќе ја има предноста на домашниот терен.
Спорт
Надал му кажа збогум на Мастерсот во Мадрид
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал емотивно се прости од Мастерсот во Мадрид, за кој истакна дека му бил е поважен од Грен слем турнирите.
Надал во третото коло загуби од Јиржи Лехечка (5:7, 4:6) и го одигра последниот професионален меч во шпанската прстолнина.
„Ова е шега, се враќам следната година“, го започна својот говор Рафа и ја насмеа публиката која најмногу плачеше.
„Тежок ден за мене, но животот и телото ми испратија сигнали дека е вистинското време. Можам само да им се заблагодарам на сите што ми помогнаа во кариерата во одреден момент. Се надевам дека успеав да бидам добар пример за новите генерации. Тоа е поважно од титулите. Се надевам дека предизвикав позитивни емоции. Единствено што можам да кажам е благодарам”, изјави Рафа.
Тој призна дека не е сигурен дали ќе може да игра на Ролан Гарос, но дека ќе биде во Рим.
„Сакам да играм во Рим. Ќе работам напорно за тоа да се случи. Тоа е еден од најважните турнири во мојата кариера, го освоив 10 пати”, изјави Надал.
Спорт
(Видео) Без победник во Минхен, Реал е поблиску до големото финале
Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа 2:2, во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите. На „Алијанц арена“ во Минхен, Реал се спаси од пораз во 84.минута, кога Винисиус Жуниор од пенал го изедначи резултатот. Претходно, Бразилецот погоди за Реал во 24.минута, а Баерн во вториот дел, во само четири минути со головите на Сане и Кејн од пенал, направи пресврт.
Натпреварот на „Алијанц Арена“ беше извонреден, онака како што двете екипи сезонава играат во Лигата на шампионите.
На крајот заврши без победник, што пред реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ му носи поголема предност на „кралскиот клуб“.
Сепак, Баерн покажа дека не е за отпишување и ќе има што да каже за осум дена во шпанската престолнина.