Спорт
Бајиќ повика 18 играчи за дуелите со Шпанија и Украина

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Драган Бајиќ, го објавува списокот на кошаркари на кои ќе смета за ноемврискиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година.
Со оглед на времето до првите квалификациски обврски, односно првиот натпревар од квалификациите за СК, закажан за 26.ноември во Скопје, кога Македонија ќе ја пречека Шпанија, селекторот Бајиќ се определи за еден проширок список од 18. кошаркари.
До првиот собир, кој е предвиден да биде на 20. ноември, во хотелот „Double tree by Hilton“ во Скопје, Бајиќ и стручниот тим ќе ја следат формата на сите репрезентативни кандидати, по што ќе биде формиран финалиот ростер за двата натпревари во квалификациите во првиот ФИБА „прозорец“, во кој освен средбата со Шпанија, на 29. ноември следува и онаа против репрезентацијата на Украина, која ќе се игра во „Палатата на спортовите“ во Киев.
Списокот на селекторот Драган Бајиќ:
Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)
Дамјан Робев (МЗТ Скопје Аеродром)
Дарио Митевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Адем Мекиќ (МЗТ Скопје Аеродром)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Бобан Стајиќ (Пелистер)
Стојан Ѓуроски (Пелистер)
Љубомир Младеновски (Пелистер)
Андреј Митревски (Феникс 2010)
Виктор Ефремовски (Гостивар)
Андреј Маслинко (ТФТ)
Кирил Николовски (Кожув)
Лејсон Зекири (Приштина-Косово)
Андреј Магдевски (Плоешти ЦСМ-Романија)
Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија)
Ненад Димитријевиќ (Валенсија-Шпанија)
Џејкоб Вајли (Будуќност-Црна Гора)
Извор/ kfsm.mk/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.