Спорт
Балак со емотивна порака на годишнината од смртта на својот син

Германската фудбалска легенда Михаел Балак преку социјалните мрежи прати емотивна порака до својот син Емилио една година откога тој го загуби животот на 18 години при мотоциклистичка несреќа во Португалија.
Емилио бил на семеен годишен домор во Троја, во близината на Лисабон, кога неговиот квад-мотоцикл се преврте минатиот август. 45-годишниот Балак со фотографија и со кратка поема се потсети на трагедијата.
„Мој сакан ангелу, се сеќавам на твојата насмевка, среќа и радост. Се сеќавам на твоето светло! Со многу љубов и многу емоции ќе се молам денеска за тебе и за твојата душа да почива во мир. Ќе се молам и за твоите браќа со целосна љубов. Те држам блиску до срцето“, напиша Балак.
Емилио, кој беше роден 2002, е средниот син на Балак, тој има уште два сина – Луис (2001) и Жорди (2005).
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Роналдо со гол го прослави јубилејот

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо го одбележа јубилејниот 1200. натпревар во кариерата со гол за Ал Наср во победата над градскиот ривал Ал Ријад (4:1).
По повод големиот јубилеј, на стадионот на Ал Наср во Ријад пред почетокот на натпреварот се одржа пригодна церемонија во чест на 38-годишниот Роналдо.
Португалецот постигна гол во 33. минута, а во 45+3. минута му асистираше на Отава за 2:0.
На 3:0 зголеми Андерсон Талиска во 67. минута, а на 3:1 намали Енди Греј во 69. минута. Талиска го постигна вториот гол на натпреварот, во 90+4. минута и го постави конечниот резултат.
Во текот на својата кариера, Роналдо одигра за Спортинг 31 натпревар (5 гола), Манчестер Јунајтед 346 натпревари (145), Реал 438 натпревари (450), Јувентус 134 натпревари (101) и Ал Наср 46 натпревари (39). За португалската репрезентација настапи на 205 натпревари и постигна 129 голови.
Пред Роналдо по бројот на натпревари во кариерата се само англискиот голман Питер Шилтон (1.375), уште еден Англичанец Пол Бесток (1.286) и Бразилците голманот Рожерио Сени (1.237) и Фабио (1.212).
Спорт
(Видео) Гати повторно е херојот на „старата дама“

Foto/ EPA
Фудбалерите на Јувентус го совладаа Наполи како со резултат 1:0 во 15. коло од италијанската Серија А. Херој на „старата дама“ е дефанзивецот Федерико Гати, кој по Монца постигна уште еден гол за победа. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас за Наполи настапи од 65.минута.
Наполи ќе жачи за шансите на Политано, Кварацхелија и Ди Лоренцо, а ВАР го поништи голот на Осимен во 70.минута за 1:1.
Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 51.минута, Камбијасо упати центаршут од десната страна, а Федерико Гати беше највисок во скокот и со глава го совлада Мерет.
До крајот, Наполи ја имаше иницијативата но домаќинот успеа да се одбрани и го да оствари многу важна победа со која повторно го зазеде тронот на Серија А.
Барем до утре кога Интер го пречекува Удинезе.
Спорт
Без знамиња, химни и само во поединечна конкуренција – Олимпискиот комитет со одлука за руските и белоруските спортисти

Руските и белоруските спортисти ќе се натпреваруваат во поединечна конкуренција како неутрални на Олимписките игри во Париз во 2024 година, соопшти денеска Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).
Тие ќе се натпреваруваат како неутрални, без знамиња, национални амблеми и химни. Светлосините униформи се задолжителни според правилата на Меѓународната гимнастичка федерација.
Русија и Белорусија нема да се натпреваруваат во екипни спортови во Париз. МОК посочи дека дозволата за учество на поединци на Игрите е почитување на човековите права. Досега на Игрите во Париз се пласираа осум руски и тројца белоруски спортисти.
„Низ постоечките квалификациски системи ќе бидат пласирани само многу ограничен број спортисти“, се наведува во соопштението.
Од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, Русија и Белорусија се дисквалификувани од спортските натпревари. Оваа година МОК бараше начин да ги врати спортистите од тие земји, а меѓународните спортски федерации во вторникот побараа од МОК да ги пречека руските и белоруските спортисти под неутрално знаме на Игрите во Париз што е можно поскоро. Решението што го предложија спортските федерации беше да ги примат под неутрално знаме, без државни симболи и химна.
Сега останува на раководното тело на секој олимписки спорт да го процени и спроведе неутралниот статус за поединечни спортисти кои не ја поддржувале активно војната и не се ангажирани во воени или безбедносни агенции.
Украина и голем број земји побара целосно суспендирање на Русија и Белорусија од Олимписките игри.
„Заштитата на правото на поединечни спортисти да се натпреваруваат и покрај суспензијата на нивниот национален олимписки комитет е добро воспоставена практика, почитувајќи ги човековите права“, се вели во соопштението на МОК.