Спорт
Бамфорд со прв повик во англиската репрезентација

Патрик Бамфорд најверојатно ќе ги има своето деби за англиската репрезентација, откако селекторот Герет Саутгејт го објави списокот за квалификациските мечеви за Светското првенство во 2022.
По импресивната мината сезона со Лидс, 27-годишниот Бамфорд првпат е вклучен во 25-члениот состав на Саутгејт, каде што се враќа и Трент Александер-Арнолд откако беше изоставен за Европското првенство. Англија игра со Унгарија, Андора и Полска во септември.
„Имаше можност Патрик да добие шанса во нападот, откако неговиот прогрес во Лидс беше фантастичен“, изјави Саутгејт.
Од тимот на Саутгејт се изоставени Арон Ремсдејл, Бен Вајт, Бен Чилвел, Фил Фоден и Маркус Рашфорд, како и Мејсон Гринвуд, иако имаше одличен старт на сезоната со два гола во првите два меча за Манчестер јунајтед.
„Зборував со него и со клубот. Тој е фудбалер кој би го сакале во секоја прилика, но мислам дека сега има доволно одговорност во Манчестер јунајтед како млад фудбалер. Најдоброто е за него да остане со својот клуб, иако според перформансите има гарантирано место во тимот“, додава Саутгејт.
Here it is… your #ThreeLions squad for September! ? pic.twitter.com/wwjJEiVGz6
— England (@England) August 26, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Спектакл во трката на 100 метри – Облик Севил е светски првак

Облик Севил од Јамајка е светски шампион на 100 метри. Во финалето на Мундијалот во Токио истрча 9,77.
Севил беше одличен и во квалификациите и во полуфиналето, но никој не му даваше шанси во финалето.
Сепак, тој блесна на патеката. Пред 70.000 луѓе во финишот, успеа да го надмине сонародникот Кишан Томпсон, кој мораше да се задоволи со сребро. Заостануваше пет стотинки зад победникот.
Ова е прва титула за Јамајка на 100 метри, од триумфот на легендарниот Јусеин Болт во 2017 година. Патем, светскиот рекордер беше во Токио за да го гледа во живо двојниот триумф на своите сонародници.
Актуелниот шампион Американец Ноа Лајлс беше трет со 9,89, додека олимпискиот вицешампион Лесли Тебого од Боцвана беше дисквалификуван поради грешка на стартот.
Foto/ EPA
Oblique Seville 🇯🇲 is the World 100m Champion!!🥇🥇
🥇 Oblique Seville 🇯🇲 9.77 (PB)
🥈 Kishane Thompson 🇯🇲 9.82
🥉 Noah Lyles 🇺🇸 9.89pic.twitter.com/1yV72I6UYJ— Track & Field Gazette (@TrackGazette) September 14, 2025
Спорт
(Видео) Аматерскиот потег на Межбри му донесе победа на Ливерпул

Фудбалерите на Ливерпул го победија Барнли со 1:0 во натпреварот од 4. коло од Премиер лигата.
По неверојатните завршници против Борнмут, Њукасл и Арсенал, „Црвените“ продолжија со серија исклучително интересни натпревари на почетокот од новата сезона, во кои се единствениот тим со четири победи.
Фудбалерите на Ливерпул гостуваа кај Барнли на „Тарф Мур“, а Скот Паркер постави совршена тактика. Свесен дека квалитетот е на страната на противникот, енаџеорт на барнли ги постави своите фудбалери во нисок блок.
Тактиката функционираше совршено се до 93.минута. Противникот не успеа да создаде опасна акција и се потпираше на удари од далечина.
Кога Ливерпул не успеа да креира буквално ништо пред голот на Барнли, домаќините им ја подарија победата.
Прво, Угочукву доби втор жолт, во 83.минута, а 10.минути подцона Ханибал Межбри, направи глупав пенал.
— OvoOno (@OvoOnoX) September 14, 2025
Мајкл Оливер оправдано покажа на „белата точка“, а единствениот гол на натпреварот го постигна Мохамед Салах во петтата минута од судиското продолжение.
Foto/ EPA
Спорт
Марк Маркез победи во Мизано, ја забележа 99.победа во кариерата

Победник на Големата награда на Сан Марино и Римини во Мизано е возачот на Дукати, Марк Маркез. Марк ја забележа својата 99-та победа во кариерата.
Постариот Маркез имаше одличен старт и веднаш се проби од четвртотот до второто место, пред Алекс Маркез, а зад Марко Бецеки, кој имаше одличен старт.
Бецеки беше лидер се до 12-от круг и практично првата грешка што ја направи го чинеше скапо. Марк Маркез се проби до првото место, Бецеки се закани во следните неколку круга, забрзувајќи, но не можеше да ја загрози победата на Марк.
На третото место, Алекс Маркез практично возеше сам, никој не беше доволно блиску за да му го загрози местото на подиумот.
А зад нив – еден по еден испаднаа – Жоан Зарко, Жоан Мир, Аи Огура, Маверик Вињалес, Педро Акоста, Франческо Банџаја.
Што се однесува до пласманот под третото место, Франко Морбидели го освои четвртото место, пред Фабио ди Џанантонио и Фермин Алдегуре. Лука Марини го освои седмото место, Фабио Квартараро осмото, Мигел Оливеира деветтото и Бред Биндер десеттото место.
Светското првенство продолжува со Големата награда на Јапонија од 26 до 28 септември.
Вечерашниот пад во спринт трката значи дека Марк нема да може да ја потврди титулата во следната трка, но ќе може да стигне до својата 100. победа и да стане третиот возач што го сторил тоа, по Џакомо Агостини (122) и Валентино Роси (115).
Foto/ EPA