Спорт
Барикело: Хамилтон е поталентиран и од Шуми и од Сена
Поранешниот Ф1 возач Рубенс Барикело вели дека актуелниот шампион, Луис Хамилтон е поталентиран возач од неговиот поранешен тимски колега Михаел Шумахер, но и од легендарниот Аиртон Сена, велејќи дека никој не бил толку смирен под притисок.
Барикело, кој е рекордер со 326. ГП трки во кариерата, имаше шанси да се трка со тројцата возачи во својата кариера која траеше од 1993 до крајот на 2011 година. Тој исто така беш колега со Шумахер во доминантните години на Ферари.
„Хамилтон има талент кој најверојатно е поголем од тој на Аиртон и на Шумахер. Единствено што досега му недостасуваше беше зрелост, но со прогресот денеска го гледаме целосниот возач. Интересно е да се слушаат неговите разговори преку радиото, кога е неверојатно смирен, дава информации и знае што е потребно“, вели Барикело во интервју за „ЕСПН“ откако беше запрашан да „изгради“ совршен Ф1 возач.
Сепак, за ваков „совршен“ возач, тој зеде по една карактеристика на Сена, Хамилтон и Шумахер.
„Совршениот возач би ја имал умешноста на Аиртон, храброста на Шумахер и координацијата на Хамилтон. Тоа би било шоу“, додава Барикело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неочекуван епилог на последната трка во бијатлон, Дале-Шјевдал ја растури конкуренцијата
Изненадувачки епилог доби бијатлонската трка на 15 кимолемтри, масовен старт, на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Норвешка го освои своето трето злато на Олимписките игри во биатлон, новиот шампион е Јоханес Дале-Шјевдал. Поврфила Французите, лоши беа на стрелиштетот, честа им ја спадси Фијон Маје, додека Перо и Жакелан завршија на 20-то и 21-то место.
Јоханес Дале-Шјевдал , 28-годишникот од Лоренского го постигна најголемиот успех во својата кариера, бидејќи досега имаше две сребра и една бронза од Светските првенства во 2020 и 2021 година, а забележа и три триумфи во Светскиот куп.
Наследникот на големиот имењак Тингнес Бо, кој го освои златото во оваа дисциплина во Пекинг пред четири години, ја заврши „трката во кариерата“ без промашување (20 од 20 во целта), добар беше на скиите и не им даде никаква шанса на своите ривали да го загрозат во последниот круг.
Дале-Шјевдал триумфираше пред сонародникот Стурла Холм Лагрејд, кој со освојувањето на среброто дојде до петтиот медал во пет трки на овие Олимписки игри. Тој Игрите и заврши со три сребра и две бронзи. Лагрејд заостануваше 10,5 секунди, со едно промашување.
Со брилијантен финиш, во кој „прелета“ покрај Германецот Филип Хорн, легендарниот Французин Контан Фијон Маје го освои бронзениот медал, својот трет медал, по две злата. Неговото заостанување беше 25,6 секунди, но со четири промашувања на стрелиштето.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Тежок пад на малдиот Новозеланѓанец во квалификациите во халфпајп
Репрезентативецот на Нов Зеланд, Финли Мелвил Ивс, главен фаворит во дисциплината скијање во слободен стил, беше изнесен од снегот на носилка во петокот по тежок пад за време на неговиот втор настап во квалификациите на ЗОИ во Милано и Кортина.
Младиот, 19-годишен Ивс, светски шампион во 2025 година, веднаш доби лекарска помош, откако го промаши слетувањето, силно удри на земјата и остана без скиите и стаповите.
Натпреварот беше прекинат неколку минути, пред спортистот да биде изнесен од патеката.
Please pray for Finley Melville Ives 🙏 pic.twitter.com/KjctijLYpa
— Denzel Updates Sports (@DenzelEmpire1) February 20, 2026
Претходниот ден, Канаѓанката, Кејси Шарп исто така доби медицинска помош по спектакуларниот пад за време на квалификациите за жени.
Двократната олимписка шампионска сега е во стабилна состојба, објави Канадската скијачка асоцијација.
Foto/ X
Спорт
Воркапиќ го засили Вардар 1961
Вукашин Воркапиќ, репрезентаивец на Србија, потпиша договор на две и пол години со Вардар 1961.
Договорот беше Воркапиќ да се пресели во Скопје на крајот од сезоната, но финансиските тешкотии со кои се соочува Војводина ја забрзаа реализацијата на трансферот.
Тој ќе дебитира во дресот на македонскиот шампион, ви кендов, во дербито против Алкалоид.
Воркапиќ е роден во Белград и има 28 години. Игра на позицијата десно крило и поголемиот дел од кариерата го помина во Војводина, за која играше во Челинџер купот и Лигата на Европа.
Покрај Војводина, го носеше дресот на Металопластика од Шабац и француски Иври.
Foto/ facebook.com/rkvardar

