Спорт
Барса еднострано му го раскина договорот на Никола Миротиќ
Барселона и официјално потврди дека го раскинува договорот со Никола Миротиќ две години пред неговиот крај, со што остава простор поранешниот шпански репрезнтативец и НБА-кошаркар да добие нов тим ова лето.
Миротиќ пристигна во Барса во 2019 година, кога се врати од НБА-лигата, и со нив го освои шпанскиот шампинат во 2021 и 2023 година, а беше и шампион во Евролигата во 2022 година. Оваа одлука се очекуваше по мерките за штедење кои ги донесоа во каталонскиот клуб, откако му должеа на Миротиќ гарантирани 22 милиони евра во следните две сезони. Според „Мундо депортиво“, Миротиќ и неговиот адвокатски тим планираат тужба против клубот.
За неговите услуги се заинтересирани Панатинаикос и Партизан.
[𝐔́𝐋𝐓𝐈𝐌𝐀 𝐇𝐎𝐑𝐀]
Comunicat del FC Barcelona sobre Nikola Mirotic
— Barça Basket (@FCBbasket) July 20, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гасперини ќе остане во Аталанта
Тренер на Аталанта, Џанпјеро Гасперини изјави дека ја одбил понудата да го преземе Наполи на крајот од сезоната, пренесуваат италијанските медиуми.
Гасперини минатата недела со Аталанта ја освои Лига Европа. Клубот од Бергамо го победи Баер Леверкузен со 3:0 во финалето минатата среда во Даблин.
Гасперини објави дека ја одбил понудата на Наполи, бидејќи и следната сезона ќе биде тренер на Аталанта.
„Наполи ќе избере што е најдобро за него, јас сум приврзан за Аталанта и ќе останам тука. Сигурен сум дека Наполитанците ќе направат одличен тим, особено што веќе имаат силна база. Сепак, јас сум лојален на мојот клуб. Никогаш не сум кажал ништо друго, ниту сум отворил простор за некои дебати“, изјави Гасперини, кој има договор со Аталанта до 30 јуни 2025 година.
Аталанта веќе се пласираше во Лигата на шампионите. Клубот од Бергамо во неделата на домашен терен го победи Торино со 3:0 во натпреварот од последното, 38. коло во Серија А.
Спорт
Де ла Фуенте го објави списокот на Шпанија за ЕП
Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте објави спискот со 29 имиња, од нив 26. ќе ја претставуваат Шпанија на Европското првенство во Германија.
На списокот доминираат младите играчи на Барселона, тинеџерите Ламине Јамал, Пау Кубарси, Фермнин Лопез и малку повозрасните Феран Торес и Педри.
Шампионот Реал во националниот тим е застапен со тројца искусни фудбалери: Начо, Дани Карвахал и Хоселу.
Де ла Фуенте не го повика Марко Асенсио, кој сезонава имаше проблеми со повредите.
Најголемо внимание привлекува Хесус Навас 38-годишниот капитен на Севилја за кого ова ќе бде убава можност да се прости од националниот тим. Навас на крајт од оваа година ќе ја заврши кариерата.
Шпанија на ЕУРО 2024, во првата фаза ќе игра против Хрватска, Албанија и Италија.
Спиското на Шпанија за Европското првенство:
Голмани: Унаи Симон (Атлетик Билбао), Давид Раја (Арсенал), Алекс Ремиро (Реал Сосиедад)
Одбрана: Хесус Навас (Севилја), Дани Карвахал (Реал Мадрид), Робин Ле Норман (Реал Сосиедад), Ајмерик Лапорте (Ал Наср), Начо Фернандез (Реал Мадрид), Дани Вивијан (Атлетико Билбао), Пау Кубарси (Барселона), Алехандро Грималдо ( Баер Леверкузен), Марк Кукуреља (Челзи)
Среден ред: Мартин Зубименди (Реал Сосиедад), Родри (Манчестер сити), Микел Мерино (Реал Сосиедад), Фабијан Руиз (Пари Сен Жермен), Педри (Барселона), Маркос Љоренте (Атлетико Мадрид), Фермин Лопез (Барселона), Алеиш Гарсија ( Џирона), Алекс Баена (Виљареал)
Напад: Ламин Јамал (Барселона), Феран Торес (Барселона), Дани Олмо (Лајпциг), Нико Вилијамс (Атлетико Билбао), Ајозе Перез (Бетис), Алваро Мората (Атлетико Мадрид), Хоселу (Реал Мадрид), Микел Ојарзабал (Реал Сосиедад).
Спорт
Фонсека ќе биде новиот тренер на Милан
Пауло Фонсека (51) ќе стане нов тренер на Милан, објавија овој понеделник бројни италијански медиуми.
За Португалецот тоа ќе биде 11. клуб тренерска кариера и секако најголем, и покрај тоа што во минатото имал можност да ги предводи Порто и Рома.
Тој доаѓа на „Сан Сиро“ да го замени Стефано Пиоли откако претходно забележа извонредни резултати во две сезони со Лил и ја заврши Лига 1 како петти и четврти на табелата.
Фонсека ќе ги преземе Росонерите по убедливо најдолгиот период во кој еден тренер работел континуирано од заминувањето на Масимилијано Алегри во 2014 година по три и пол сезони во клубот.
Помеѓу него и Пиоли работеа дури пет тренери и никој не успеа да врзе цела сезона: Кларенс Сидорф, Филипо Инзаги, Синиша Михајловиќ, Кристијано Броки и Винченцо Монтела.
Пиоли му се приклучи на Милан во октомври 2019 година и помина речиси пет сезони во клубот. Освои една шампионска титула.
Се очекува Милан наскоро да ја официјализира соработката со стручњакот кој е роден во Мозамбик.
Медиумите на Апенините пишуваат дека доаѓањето на Фонсека во Милан е знак дека Антонио Конте ќе го преземе Наполи, со оглед на тоа што поранешниот селектор на Италија беше еден од кандидатите за наследник на Пиоли.