Спорт
Барса не направи чудо кај ПСЖ, Ливерпул го „дотепа“ Лајпциг за четврт-финале

Пари Сен-Жермен и Ливерпул се приклучија на Порто и Борусија Дортмунд во четврт-финалето на Лигата на шампионите, откако ја сочуваа предноста од гостинските победи во првите мечеви во реваншите.
На „Паркот на принцовите“, Барселона се наоѓаше пред „невозможна“ мисија да се врати по домашниот 1:4 пораз од ПСЖ, и по возбудливото прво полувреме, на крајот не успеа и одигра само 1:1. На „Енфилд“ пак, продолжи „сушата“ на голови на Ливерпул во првото полувреме, пред во второто Мохамед Салах и Садио Мане да постигнат голови за 2:0 победа над РБ Лајпциг, идентичка како таа на гости.
Во Париз, домаќините дојдоа во водство во 31. минута од мечот, кога беше досуден еден „мек“ пенал за нив, а Килијан Мбапе го постигна својот четврти гол против Каталонците за камбекот на Барса да изгледа недостижен. Лео Меси само седум минути подоцна покажа каков фудбалер е, постигнувајќи спектакуларен гол од огромна далечина, но во финишот на полувремето имаше шанса да донесе водство со гол од пенал, но неговиот удар од рацете на Кејлор Навас удри во пречката и излезе од голот. Барса имаа дури 16 удари во првото полувреме, нешто што им успева првпат од јануари 2019.
Во второто полувреме, Барса не го заддржа високото темпо на игра, нешто што им одговараше на ПСЖ, кои го продолжуваат походот кон толку посакуваната европска титула. За Каталонците, сега со нов претседател, а можеби и со нов тренер и без Меси, останува следната година.
Ливерпул, по лошата низа од шест домашни порази во Премиер лигата, ја скрши „клетвата“ против РБ Лајпциг, кои не беа доволно храбри да тргнат во офанзива од стартот на „Енфилд“. Во првото полувреме, Салах, Мане и Диого Жота имаа одлични шанси, за конечно во 70. минута, Салах да добие одлична топка од Жота и да донесе водство за „црвените“. Само четири минути подоцна, Мане ја тргна цела неизвесност од мечот за 2:0.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/8 ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ
Пари Сен-Жермен – Барселона 1:1, прв меч 4:1, вкупно 5:2
Ливерпул – РБ Лајпциг 2:0, прв меч 2:0, вкупно 4:0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Падна договор меѓу Арсенал и Ѓекереш

Арсенал е на добар пат да го потпише Виктор Ѓекереш, еден од најбараните напаѓачи во Европа во моментов.
Како што објави „Атлетик“, преговорите меѓу „Топџиите“ и играчот на Спортинг напредуваат добро и веќе се зборува за петгодишен договор за 27-годишниот Швеѓанец.
Во претходната сезона, со 54 гола на 52 натпревари, Ѓекереш му помогна на Спортинг да стигне до двојната круна.
Долго време неговото име се поврзува со Арсенал, и не е тајна дека преселбата во лондонскиот клуб е негова голема желба, сега наводно сите услови се веќе договорени.
Со доаѓањето на Андреа Берта како спортски директор на „Топџиите“, доведувањето на Ѓекереш беше поставено како еден од приоритетите на клубот.
Се шпекулира дека фиксниот дел од трансферот ќе изнесува 65 милиони евра, а уште 15 милиони Спортинг ќе може да заработи преку бонусите.
Спорт
Пјастри: Нема да зборувам многу, би можел да се најдам во неволја

Трката за Големата награда на Велика Британија во Силверстоун донесе ново намалување на разликата меѓу асовите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис. А тоа значи и зголемување на тензиите, а дека се оди во тој правец може да се насети и по изјавата на Австралиецот по завршувањето на трката.
Лидерот во генералниот пласман ги имаше сите адути во свои раце – водечка позиција, контрола на трката. Но, една кардинална грешка и казна од 10 секунди практично го чинеше победа, па наместо да се оддалечи од тимскиот колега за уште осум поени и да стигне до разлика од 23 бода, ситуацијата се сврте – Норис ја намали разликата на само осум поени на половина од сезоната.
Самиот Пјастри не е задоволен од казната, смета дека е неправедна. Кога отиде да ја одработи казната и дојде до предавање на позицијата на Норис, побара од тимот да му наложат на Норис да ја врати позицијата и да се тркаат, но Мекларен тоа го одби.
„Нема да зборувам многу, за да не западнам во неволја. Но изгледа дека повеќе не смее да се кочи зад безбедносното возило – изјави Пјастри.
Фото: ЕПА
Спорт
Пјастри му ја подари победата на Норис, Хулкенберг е херојот во Британија

Ландо Норис го искористи подароот од тимскиот колега Оскар Пјастри и победи на трката за Големата награда на Велика Британија. Тркањето на култната патека во Силверстоун ја обележа безбедносното возило, кое шест пати излезе на патеката и брилијантниот Нико Хулкенберг кој го комплетираше подиумот.
Трката која се возеше по тешки услови, требаше, но не ја доби Пјастри. Австраиецот направи глупава греша додека безбедносното возило беше на патеката, поради што доби казна од 10 секунди, што му овозможи на Норис да ја забележи осмата победа во кариерата.
Херој на денот е Хулкенберг од Заубер, во 239 настап во Ф1 трка прв пат се искачи на подиумот. Германецот трката ја започна од 19. позиција.
Бодови во Британија освоија Хамилтон, Ферстапен, Гасли, Строл, Алонсо, Албон и Расел.
Во првенството сега следува пауза од три недели. Следната трка ќе се вози во Белгија на Спа Франкошамп.
Foto/ EPA/PETER POWELL