Спорт
Барса под критики – каков клуб праќа 17-годишник да се правда по пораз?
Шпанските медиуми ја нападнаа Барселона за бизарната одлука да го пратат 17-годишниот Педри да зборува со медиумите по поразот од Атлетико Мадрид (1:0) за да го имаат најлошиот старт на сезоната од далечната 1992 година.
Барселона сега заостанува девет поени зад Атлетико Мадрид на врвот на табелата, и навивачите беа бесни на слабата партија, но и на одлуката да го пратат тинејџерот да ги комплетира медиумските обврски, иако тој дебитираше во првиот тим во септември.
„Не бевме успешни пред голот, како што се случува во последните натпревари. Мораме да бидеме подобри. Ла лига има долга сезона и ова не е ништо, мораме да гледаме напред“, изјави Педри.
Ова не е првпат да се случува ваков преседан – по поразот во „Ел класико“ од Реал Мадрид, пред медиумите не се појави ниту тренерот Роналд Куман, ниту капитенот Лео Меси, туку Сержињо Дест, новото американско засилување на тимот, кој има минимално познавање на шпанскиот јазик.
Messi, Pique and Barcelona’s other captains sent a non Spanish speaking debutante Dest out to face the press after their Clasico loss instead of acting like leaders and today they sent out their new 17-year old youngster Pedri in his first game vs Atletico after this loss. pic.twitter.com/IxGQUwsomv
— M•A•J (@Ultra_Suristic) November 21, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

