Спорт
Барса продава цел тим за 345 милиони евра, Меси недопирлив (фото)
Барселона сезонава разочара со игрите иако има состав со фудбалери кои вредат 992 милиони евра (според `Трансфермаркт`).
Меси, Суарез, Гризман и останатите беа понижени од минхенски Баерн со 8-2, а во Ла Лига, Реал Мадрид на 2 кола пред крајот ја зема титулата пред каталонскиот ривал.
Челниците на клубот од „Ноу Камп“ решија да го избркаат тренерот Сетиен, а поголемиот дел од играчите е ставен на распродажба. Вредноста на играчите кои може летово да ја напуштат Барсе изнесува 345 милиони евра (според `Трансфермаркт`).
Порталот специјализиран за трансфери на фудбалери ги состави првите 11 на Барселона од играчите кои летово би можело да ја напуштат Каталонија.
На списокот се голманот Нето, па Умтити, Пике, Семедо, Ракитиќ, Видал, Бускетс, Дембеле, Кутињо и Суарез.
Барселона сезонава разочара со игрите иако има состав со фудбалери кои вредат 992 милиони евра (според `Трансфермаркт`).

Се разбирам најверојатно нема сите од овој список летово да си отидат од Барселона, но како можност постои.
Според пишувањата на шпанските медиуми, Манчестер Јунајтед потполно се фокусирани на „шопинг“ во Барселона, па со „ѓаволите“ првично се поврзуваат Видал, Ракитиќ, Дембеле и Умтити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Франческо Тоти се враќа во Рома
Легендата на Рома, Франческо Тоти, потврди дека е во преговори за враќање на Олимпико, во улога на директор. Клаудио Раниери, спортскиот директор Рики Масара и тренерот Џанпјеро Гасперини веќе разговарале на оваа тема.
Сега, за прв пат, поранешниот капитен на Рома даде изјава, по повод неговото враќање во клубот.
„Отсекогаш сум бил навивач на Рома и за мене Рома е втор дом. Секогаш било така, без разлика дали сум во клубот или не. Задоволен сум од она што го прават, од начинот на кој се движат работите. Во последно време имаше некои гласини за мене. Вистина е, разговараме, дискутираме за некои детали и одлучуваме што е најдобро за сите. Се надевам дека наскоро ќе ја решиме оваа ситуација“, рече Тоти и додаде:
„Гасперини одлично ја врши работата. Се надеваме дека што поскоро ќе ја врати Рома во Лигата на шампионите. Вечерав со него. Разговаравме за фудбал и за сите други работи“, рече „Принцот на Рим“ во интервју за „Скај Спорт Италија“.
Според италијанските медиуми, идејата на раководството на Рома е Тоти да ја преземе улогата на технички директор на клубот.
Франческо ја помина целата своја фудбалска кариера во Рома, постигна 307 гола на 786 натпревари. Тоти со Рома ка освои Серија А во сезоната 2000/01.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Мејар на тронот во слалом, Мекграт трагичар
Лоик Мејар е олимписки шампион во слалом, по спектакуларната трка во Бормио. Швајцарецот ја запре штоперицата по двете возења на 1:53.61. За Швајцарија ова е прв златен медал во оваа дисциплина по 78 години и Игрите во Сент Мориц во 1948 година. Ова е негов втор медал во Бормио, бидејќи претходно освои сребро во тимска комбинација со Марко Одермат.
Второто место му припадна на Австриецот Фабио Гштрајн, кој беше 35 стотинки зад Мејар. а броната ја освои Хенрик Кристоферсен од Норвешка, кој беше една секунда и 13 стотинки зад Мејар.
По првото возење, Лоик Мејар беше втор. Се мачеше во првиот дел од втората трка, но потоа го пронајде вистинскиот ритам и во тој момент го престигна Австриецот Фабио Гштрајн.
Сè уште чекаше само Атле Ли Мекграт, кој беше убедливо прв бидејќи во првото возење се снајде најдобро во тешките временски услови. Имаше предност од 58 стотинки. Сепак, веќе во првиот дел од патеката мораше да се откаже. Ги фрли и стаповите и скиите и излезе на патеките за да ја излечи својата фрустрација.
Foto/ EPA
Спорт
Синер и Алкараз ќе „лапнат“ по милионче само со доаѓањето во Доха
Јаник Синер и Карлос Алкараз ќе добијат 1.200.000 долари само што ќе се појават на АТП 500 турнирот во Доха.
Како што објави италијанскиа „Газета“, организаторите издвоиле огромна сума за да го обезбедат настапот на првиот и вториот тенисер во светот на турнирот во Катар.
Се шпекулира дека слична финансиска понуда била подготвена и за Новак Ѓоковиќ, но српскиот ас реши да го прескокне овој турнир, за да се одмори.
Во текот на својата кариера, Ѓоковиќ двапати ја освои титулата во Доха, додека Синер и Алкараз сè уште немаат трофеј на овој турнир.
Ова ќе биде прв настап на Италијанецот во Катар, додека Шпанецот минатата година стигна до четвртфиналето, каде што беше запрен од Јиржи Лехечка.
Алкараз ќе го отвори натпреварувањето оваа сезона со дуел против Артур Риндеркнеш, додека Синер ќе се соочи со Томаш Махач во првото коло.
Турнирот во Доха ќе се игра од 16 до 21 февруари, а вкупниот награден фонд е 2.80.000 долари.
Foto/ depositphotos

