Спорт
Барса со пресврт преку Сосиедад

Барселона успеа да стигне до 2:1 пресврт-победа против Реал Сосиедад во 19. коло во Ла лига за да се искачат на петтото место во Шпанија.
Сосиедад успеа да дојде во водство во 27.минута по асистенцијата на Порту до Вилијан Жозе, но реакцијата на Каталонците беше брза. По грешката на одбраната на Сосиедад, Жорди Алба успеа да постигне убав гол во 31. минута, пред во 43. минута Алба да му асистира на Френки Де Јонг за 2:1.
Во второто полувреме, Барса имаше неверојатна шанса преку Антоан Гризман, кој промаши празен гол, а во финишот Александер Исак за малку ќе израмнеше да не беше одличната реакција на Тер Штеген.
Барса сега заостанува шест поени зад водечкото трио – Атлетико Мадрид, Реал Сосиедад и Реал Мадрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Баерн се намачи, но го совлада Фрајбург

Баерн Минхен стигна до тешко извојувана 2:1 победа над Фрајбур на „Алијанц арената“, иако европскиот шампион ја продолжи незгодната традиција да прима гол во бундеслигашките мечеви од октомври наваму.
Човек на одлука беше Томас Милер, кој прво во четвртата минута му асистираше на Роберт Левандовски за неговиот 21. гол оваа сезона, па откако Фрајбург израмни преку Нилс Петерсен во 62. минута, капитенот се најде на вистинско место во шестнаесетникот за да го врати водството во 75. минута.
Баерн се зацврстија на првото место на табелата со 36 поени, сега четири пред РБ Лајпциг, откако тие вчера одиграа само 2:2 со Волфсбург и дури седум пред Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд. Фрајбург пак, ја прекина низата од пет победи едноподруго и останува на осмото место со 23 поени.
Спорт
Ндомбеле со гол од невозможен агол, Тотенхем со три поени од Шефилд

Тотенхем стигна до релативно лесна 3:1 победа на гостувањето кај Шефилд јунајтед, оставајќи го „фенерџијата“ закован на дното на Премиер лигата и доближувајќи се на само три поени од лидерот Манчестер јунајтед.
Серж Орие уште во петтата минута донесе водство за гостите, пред во 40-тата минута Хери Кејн да го удвои водството. Дејвид Мекголдрик даде надеж на Шефилд дека ќе имаат два позитивни резултати во низа со голот во 59. минута, но Танги Ндомбеле само четири минути подоцна ја врати предноста од два гола со еден гол кој мора да се види за да се поверува.
NDOMBELE GOAL VS SHEFFIELD 🤩🤩🤩🤩 pic.twitter.com/Q65v47WowN
— Tottenham XG (@TottenhamXG) January 17, 2021
Тотенхем сега се четврти со 33 поени, исто како третопласираниот Ливерпул и три зад Манчестер јунајтед пред ова големо англиско дерби. Шефилд останува последен со 5 поени, сега 9 поени под зоната за испаѓање.
Спорт
По 86 старта, конечно слаломска победа за Вос Солеваг

По 86 трки во Светскиот куп, норвешкиот скијач Себастијан Вос Солеваг стигна до доминантна победа на слаломот во австрискиот скијачки центар Флахау, за прв триумф во кариерата.
29-годишниот Вос Солеваг, кој дебитираше во Леви во 2012 година, досега имаше освоено четири подиуми, но победата беше далечна пред денеска, кога имаше фантастични две возења за победа со 0.76 секунди пред Австриецот Марко Шварц, кој е на подиумот во последните три трки. Французинот Алексис Пинтуро го освои првиот подиум оваа сезона во слаломот со 0.95 секунди заостанување.
По напорни две недели за специјалистите за технички трки, од следниот викенд во акција стапуваат спусташите на легендарната Штрајф во Кицбил, по што на 26 јануари е ноќниот слалом во Шладминг.
6° SLALOM E 6° VINCITORE DIVERSO IN STAGIONE! 😮
Sebastian Foss-Solevaag vince il 2° slalom di Flachau e ottiene la prima vittoria in carriera in Coppa del Mondo! ⛷️🇳🇴#EurosportSCI | #FISAlpine pic.twitter.com/Ojro3MfUEH
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) January 17, 2021
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира