Спорт
Лудница во Амстердам – Ајакс со 5:4 го победи Утрехт

Фудбалерите на Ајакс во спектакуларен натпревар, преку Утрехт, изборија пласман во осмина-финалето во Купот на Холандија. Дуелот со многу пресврти му припадна на Ајакс со резултат 5:4.
Утрехт во Амстердам имаше предност од 0:1, потоа беше 2.1 за Ајакс, па 3:4, а на крајот домашните со голот на Тадиќ во 89. минута стигнаа до победата.
Утрехт во првата минута со голот на Махи го отвориа резултатот, седум минути подоцна израмни Тадиќ, а Лабијат во 45. направи пресврт.
Махи, со својот втор гол, во 47. минута израмни на 2:2, а предноста на Ајакс во 54. му ја врати Јаго со автогол. Една минута подоцна израмни Ван де Стрик, а во 70.минута ново водство на Утрехт им донесе Сила.
До крајот, Лабијат израмни на 4:4 во 81. минута, а Тадиќ осум минути подоцна го постави конечниот резултат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Торино со Давиде Никола ќе брка опстанок во Серија А

Фудбалскиот клуб Торино, потврди дека нов шеф на стручниот штаб е Давиде Никола. Челниците на „биковите“, во понеделникот, му врачија отказ на Марко Џампаоло. Никола минатиот месец доби отказ на тренерската функција во Џенова.
Давиде Никола како играч го носел дресот на Торино, во сезоната 2005/2006, со неговиот гол во плеј-офот, против Мантова, клубот избори пласмна во Серија А.
Торино на пола од сезоната се наоѓа на 18 место во Серија А, со само две победи и освоени 13 бодови.
🤝 | @DavideNicolaOff allenatore del Toro
👉 https://t.co/d25sahijnw#SFT pic.twitter.com/WpGQYhk8iM
— Torino Football Club (@TorinoFC_1906) January 19, 2021
Спорт
Манџукиќ е новата деветка на Милан
Марио Манџукиќ официјално се врати во Серија А. Поранешниот хрватски репрезентативец денес го стави својот потпис на договорот со Милан.
Манџукиќ беше без клуб од јули минатата година кога го напушти Ал-Духаил. Со Милан потпиша договор до крајот на сезоната, со можност договорот да биде продолжен и за наредната сезона.
До крајот на сезоната, Манџукиќ, фиксно ќе заработи 1,5 милиони евра, плус му следуваат бонуси поврзани за пласман во Лигата на шампионите и бројот на неговите настапи.
Манџукиќ во Милан ќе ја носи деветката.
За да потпише за Милан, Манџукиќ ги одбил понудите трите големи клуба од Москва (ЦСКА, Локомотив, Спартак), односно Бешикташ и Селта.
Official Statement: @MarioMandzukic9 ➡ https://t.co/g4peqjiQ7h
Comunicato Ufficiale: Mario Mandžukić ➡ https://t.co/gEHRYtZmQL #ReadyToUnleash #SempreMilan pic.twitter.com/NjmFT2ESVq
— AC Milan (@acmilan) January 19, 2021
Спорт
ИХФ ги објави термините во кои ќе игра Македонија

Ракометната репрезентација на Македонија, утре ќе стартува во втората фаза на 27. Светско првенство, кое до 31.јануари се одржува во Египет.
Противници на Македонија во втората фаза ќе бидат Русија, Словенија и Белорусија. Сите натпревари македонската селекција ќе ги одигра во терминот од 15.30 часот.
Утре, Македонија ќе игра против Словенија, која во втората фаза влегува со два бода, на 22.јануари ќе биде Русија која пренесе три бода во новата група, а два дена подоцна избраниците на Данило Брестовац ќе играат против Белорусија.
Фото/www.ihf.info/competitions/men/27th-ihf-mens-world-championship
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира