Спорт
Барса во финалето на шпанскиот Суперкуп по пенал-драмата со Сосиедад

Барселона се пласираше во финалето на шпанскиот Суперкуп, кој невообичаено се оддржува во фајнал фор формат, откако на пенали со 3:2 го совлада Реал Сосиедад во Кордоба, откако по 120 минути мечот заврши 1:1.
Во финалето, каталонскиот гигант ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Реал Мадрид и Атлетик Билбао, кој на програмата е утре.
Барселона прва дојде во водство откако Антоан Гризман во 39. минута одлично го пронајде Френки де Јонг, но Сосиедад израмнија на почетокот на второто полувреме од пенал преку Микел Ојарзабал по игра со рака на Де Јонг.
Во продолженијата, Сосиедад имаа поубави шанси, а еднаш ја погодија и пречката, пред на пенали, Марк Тер Штеген да одбрани два пенали на стартот, што беше клучно за победата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Задрави тенисер(к)и заглавија во карантин во Мелбурн

Сите тенисери и тенисерки, како и нивните стручни тимови, кои со чартер-летот од Лос Анџелес, пристигнале во Мелбурн, ќе мора две недели да бидат во карантин. Организаторите на првиот Гренд слем во сезоната, Австралија опен, соопштија дека, во авионот двајца биле позитивни (член на посадата и еден патник).
Во авионот имало 67 патници (24 од нив се играчи што треба да настапат на Австралија опен) и 12 членови на екипажот. Двајцата заразени, 72 часа пред летот имале негативни тестови.
Тенисерите и тенисерките, како и патниците од овој лет ќе бидат сместени во хотел, предвиден за карантин и нема да смеат да ги напуштат своите соби во наредните 14 дена. Исто така тие нема да можат да тренираат.
Уругваецот Пабло Куевас, кој бил во авионот, на социјалните мрежи напишал дека ќе им биде овозможен некаков тренинг во затворено, но дека тоа е далеку од она што е планирано, пет сати тренинг на отворено, во „меурот“ во Мелбурн.
Според планот Австралија опен треба да започне на 8.февруари.
Спорт
Македонија на поправен против Египет

Денес на 27. Светско првенство во ракомет, Македонија за противник ќе го има домаќинот на турнирот Египет. Македонија против Египет ќе треба да се искупи за лошата игра на стартот на првенството и високиот пораз од Шведска (20:32). Египет, во првата рунда во Г-групата, го совлада Чиле 35:29.
Македонија, вечерва пред себе ќе има еден сериозен противник, кој од моментот кога ја доби организацијата на СП започна со сериозни подготовки. Египет очекува многу од овој Мундијал. Дополнителен „проблем“ за Македонија ќе биде и селекторот на Египет, Гарсија Парондо, кој во душа ги познава нашите репрезентативци. Шпанецот е поранешен тренер на Вардар и селектор на Македонија.
За да забележи позитивен резултат против домаќинот, Македонија ќе треба да одигра многу, многу подобро отколку против Шведска, каде ништо не функционираше во играта. Во тој дуел единствени кој заслужија преодна оценка беа голманите.
Дуелот Македонија-Египет ќе започне во 18 часот.
Спорт
Меите потпиша, Милан ги чека уште Томори и Манџукиќ

Лидерот во Серија А, Милан, го заврши трансферот на Суалио Меите, а до крајот на денот треба да го потпише и Фикајо Томори. Овие двајца фудбалери до крајот на сезоната ќе играат како позајмени играчи од Торино, односно Челси. Зимскиот преоден рок, Милан, ќе го заврши со потписот на Марио Манџукиќ.
Милан за Меите ќе му плати на Торино 1.000.000 евра, а по завршувањето на сезоната ќе може да го откупат неговиот договор за 7.000.000 евра.
Томори, со доаѓањето на Тијаго Силва, стана вишок во Челси. Интерес за него покажаа неколку екипи од Премиер лигата, но тој решил да ја прифати понудата од Милано. Милан договорил 18-месечна позајмица, а по истекот на истата за 26.000.000 евра ќе може да го откупи неговиот договор од Челси.
Манџукиќ, кој една година е без клуб, договорил плата од 1.800.000 евра по сезона. Тој ќе го потпише договорот откако ќе ги мине лекарските прегледи.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира