Спорт
Барселона го скаутира Борна Соса од Штутгарт

Шпанскиот гигант Барселона е заинтересиран за ангажман на хрватскиот интернационалец Борна Соса од Штутгарт. Тренерот Чави Ернандез сака да ја засили конкуренцијата на левата странична позиција, а една од опциите е токму Соса.
Хрватскиот лев бек веќе извесно време игра одлично за Штутгарт, има репутација на еден од најдобрите леви бекови во Бундеслигата, а во договорот има откупна клаузула од 25 милиони евра, која дури и финансиски ослабената Барселона би можела да ја плати без поголеми проблеми.
Барселона испратила скаути да го гледаат Соса во живо минатиот петок на натпреварот против Борусија Дортмунд. Штутгарт беше поразен со 2:0, но Соса очигледно одиграл доволно добро за каталонците да започнат преговори за трансфер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ливерпул го потврди трансферот на Фабио Карваљо

Ливерпул, објави дека нов играч на клубот е Фабио Карваљо. Станува збор за 19-годишен португалски офанзивен играч за врска кој беше еден од главните играчи на Фулам минатата сезона.
Со осум гола и 10 асистенции, тој му помогна на Фулам да се врати во Премиер лигата на Англија.
Тој минатата година забележа четири настапи во највисокото ниво на англискиот фудбал, а дебитираше во мај против Саутемптон. „Возбудливи талент доаѓа од подрачјето на Лисабон. Во март тој го одигра својот прв натпревар за португалската репрезентација до 21 година, додека претходно играше за помладите возарсни категории на Англија“, објави Ливерпул.
Карваљо помина низ Академијата на Фулам и одигра 44 сениорски натпревари за клубот. Беше на радарот на многу големи клубови. Многумина му предвидуваат одлична кариера.
Спорт
Ноер го продолжи договорот со Баерн

Ветеранот Мануел Ноер го продолжи договорот со Баерн Минхен. Клубот објави дека Ноер ќе остане во Минхен до 2024 година.
Баерн не ги објави финансиските детали од новиот договор. Со претходниот, бруто платата на германскиот репрезентативец изнесуваше 20 милиони евра.
„Многу сум среќен што продолжува моето патување со Баерн. Повторно ќе имаме одличен тим, со кој ќе можеме да се бориме за сите трофеи. Како голман и капитен на тимот сакам да бидам столб и поддршка во остварувањето на наредните цели“, изјави Манеул Нојер.
Германскиот репрезентативец пристигна од Шалке во 2011 година. Шест сезони е капитен на Баерн.
Спорт
Монако е најголемиот добитник на договорот меѓу ПСЖ и Мбапе

Во Монако ги тријат рацете по одлуката на Килијан Мабпе да остане во ПСЖ. Пред четири години Монако го продаде на ПСЖ за 145 милиони евра, а во договорот ставија клаузула според која, Монако, ќе добие 25 отсто од следниот трансфер или 35 милиони евра доколку го продолжи договорот со францускиот шампион. .
Мбапе летово можеше да го напушти ПСЖ како слободен играч, доколку тоа се случеше Монако немаше да добие ниту цент. Сепак, тој го продолжи договорот и ги израдува навивачите на ПСЖ, но и неговиот поранешен клуб.