Спорт
Барселона му „фрли око“ на Гвидо Родригез од Бетис

Барселона ги следи настапите на играчот од средниот ред на Бетис, Гвидо Родригез. Каталонскиот тренер Чави Ернандез сака да го донесе 29-годишниот фудбалер во својот тим во зимскиот преоден рок.
Барселона донесе еден дефанзивен играч за врска во текот на летото, Ориол Ромеу од Џирона, но тренерот би сакал уште еден играч за врска.
Добрата вест за каталонскиот гигант е што на Аргентинецот му истекува договорот на крајот на сезоната, па може да биде доведен како слободен играч следното лето или за скромна сума оваа зима.
Гвидо Родригез дојде во Бетис во 2020 година од Клуб Америка. Брзо стана важен играч во тимот и има 149 настапи, седум гола и три асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Баскиското дерби му припадна на Реал Сосиедад

Реал Сосиедад го доби дербито на Баскија и го скокна Атлетик Билбао на табелата. Во Сан Себастијан, Сосиедад го победи Атлетик со 3:0.
Баскиското дерби донесе динамичен фудбал, а победи екипата која знаеше да ги искористи своите шанси.
Серијата ја отвори дефанзивецот Ле Норман во 29.минута, кога добро реагираше по центашутот на Меднез.
Вториот дел започна со шансата за Атлетик, која не ја реалзиира Ињаки Вилијамс. Казната следуваше во наредниот напад. Таке Кубо зголеми на 2:0 со својот петти гол оваа сезона.
Точка на натреварот стави Ојерзабал, по одличното додавање на Зубименди.
Сосиедад се искачи на четвртото место со 15 поени, еден повеќе од Атлетик.
Спорт
(Видео) Лаутаро шоу во Салерно – Покер голови на Аргентинецот

Лаутаро Мартинез го врати Интер на делба на првата позиција во Серија А. Аргентинецот го предводеше Интер до шестата победа во седмиот натпревар сезонава. Ги постигна головите во триумфот на Интер кај Салернитана со 4:0 (0:0).
За првиот покер голови во кариерата на Лаутаро Мартинез му беа потребни 27.минути во последната третина од натпреварот. Аргентинецот натпреварот го почна како резерва, на теренот влезе во 54.минута и го започна своето шоу.
Првиот гол го постигна во 62. минута на асистенција на Тирам, а потоа го удвои водството во 77. минута кога Барела му ја додаде топката.
Тој постигна хет-трик во 85. минута кога реализираше пенал, за конечните 4:0 да ги постави во 89. минута кога му асистираше Карлос Аугусто.
Спорт
Хаџиевски го напушти Вардар се враќа во Саудиска Арабија

Ѓоко Хаџиевски не се задржа многу на функцијата спортски директор на Вардар. По само неколку недели ја напушти функцијата која ја извршуваше волонтерски и се врати во Саудиска Арабија.
Познатиот македонски тренер ја прифати понудата од вторлигашот Хаџер. На клупата тој го наследи Родион Гачанин.
Хаџер на социјалните мрежи потври дека Хаџиевски е нов тренер.
✍🏻 || المقدوني "جوكيكا" يقود #هجر مجدداً وانضمام "الجنوبي" للجهاز الفني 🔗⏬️https://t.co/sVcxIYEVXI pic.twitter.com/d7ZxfzITrP
— نادي هجر السعودي (@HajerClub) September 30, 2023