Спорт
Барселона се договори со Киеза, се чека Јувентус

Барселона постигна договор со италијанскиот фудбалер Федерико Киеза околу трансферот, останува само уште да го договори обесштетувањето.
Јувентус го стави Киеза на трансфер листата откако фудбалерот одби да го продолжи договорот кој истекува наредното лето. Поради тоа Јувентус не е во позиција да бара некоја голема сума за крлниот напаѓач.
Тимот од Шпанија од стартот на преодниот рок е во потрага по крилен напаѓач. Првата желба беше Нико Вилијамс, се споменуваше и Маркус Рашфорд, како и Рафаел Леао, на крајот изборот е Киеза.
Каталонците успеаја да се договорат со него, се ќе треба да постигнат договор со Јувентус околу обесштетувањето.
Наводно, Јувентус бара 15 милиони евра, а Барселона нуди 13 милиони евра. Сепак, се очекува договорот да биде постигнат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Забарњи се сели на „Паркот на принцовите“

Луис Енрике успеа во намерите да го донесе дефанзивецот Илија Забарњи во редовите на Пари Сен Жермен.
Од почетокот на летото се знаеше дека нема да има место за Бералдо во Пари Сен Жермен, па Луис Енрике го означи Украинецот како уште еден играч во ротацијата.
Забарњи има одлична сезона зад себе во која играше во тандем со Дин Хујсен.
Исто како и младиот Шпанец, Украинецот ќе ја полни касата на Борнмут, бидејќи ПСЖ ќе плати 63.000.000 евра веднаш, како и дополнителни бонуси до 70.000.000.
Забарњи одамна ги договори личните услови, сакаше да му се приклучи на ПСЖ.
Европскиот првак наскоро треба да го реши и прашањето на голманската позиција, откако Џиџи Донарума реши да не го продолжи договорот.
Кога Италијанецот ќе најде клуб. тогаш во Париз за 40.000.000 евра ќе пристигна Лука Швалие од Лил.
Спорт
Шефот на Мекларен: Заминувањето на Хорнер е добро за Ф1

На почетокот на јули како гром од ведро небо одекна веста дека Ред Бул реши да го отпушти шефот на тимот, Кристијан Хорнер. Хорнер две децении беше на чело на тимот, со Себастијан Фетел и Макс Ферстапен учествуваше во освојувањето на шампионките титули.
По заминувањето на Хорнер, Ред Бул го презеде Лоран Меки, кој долго време работеше во сестринскиот тим Торо Росо, од оваа сезона тимот го носи името Рејсинг булс.
Заминувањето на Хорнер, стави крај на соперништвото кое беше напнато во претходните години.
„Драго ми е што Лоран е на таа позиција. Ми се допаѓа. Ќе биде добро за спортот, се надевам дека можеме да се фокусираме на трките“, рече шефот на Мекларен, Зак Браун, објаснувајќи зошто е толку среќен поради промената во Ред Бул.
„Со Хорнер работите отидоа предалеку. Секогаш имало политика во Формула 1, но кога упатувате несериозни обвинувања, оди предалеку. Секогаш ќе има политички аспект во овој спорт, но со Лоран ќе биде подобро и поздраво. Долго време сум негов обожавател и ќе биде добро да се натпреварувам против него“, рече Браун.
„Гледам дека сите сè уште се бориме едни против други на тоа политичко ниво, но линијата не се пречекорува. А беше пречекорена и претходно со Хорнер. Сега има поголема верба кога сите ќе седнеме и ќе разговараме за проблем каде што доверливоста е важна. Тоа нема веднаш да се користи како политичко оружје. Во подобра позиција сме, обединети сме и поубедени дека додека се бориме на патеката, сè ќе придонесе за спортот, а не дека ќе биде манипулирано за политички цели и ќе биде извадено од контекст“, објасни Браун.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Медисон ја пропушта целата сезона?

Лоши вести за Тотенхем. Повредата на Џејмс Медисон е сериозна и тој ќе биде надвор од терените долго време.
Креативниот играч од средниот ред се повреди на пријателскиот натпревар против Њукасл (1:1) во Јужна Кореја.
Во прашање се вкрстените лигаменти на десното колено. Според првите информации, тој сигурно ќе го пропушти поголемиот дел од сезоната, а можеби и целата сезона.
Минатата сезона Медисон забележа дабл-дабл од 12 гола и 11 асистенции.
Фото/ Принскрин