Спорт
Барселона се откажа од Уругваецот – Араухо се поблиску до Јувентус

Роналд Араухо (25), уругвајски репрезентативец и централен бек на Барселона, наскоро би можел да стане играч на Јувентус. Италијанскиот гигант веќе подолго време преговара со Барселона, а каталонски „Спорт“ вчера објави дека Араухо им кажал на соиграчите дека до крајот на овој месец ќе го напушти клубот.
Араухо ја започна својата кариера во уругвајските клубови Рентистас и Бостон Ривер. Барселона го донесе во 2018 година за пет милиони евра и оттогаш одигра 151 натпревар, постигна осум гола и шест асистенции и освои три трофеи.
Прашање е само колку Барселона ќе може да заработи од овој трансфер. До пред една година, Барселона за Араухо бараше 100 милиони евра, но неговата вредност на пазарот се намали бидејќи долго време не играе поради повреда.
Италијанските медиуми тврдат дека Араухо ќе му се приклучи на Јувентус на позајмица до крајот на сезоната, но и дека Јувентус ќе има клаузула со која ќе може да го откупи неговиот договор од Барселона. Заемот би го чинел Јувентус пет милиони евра, плус четири милиони евра како дела од платата на Араухо.
Доколу челниците на Јувентус решат да го откупат договорот на Араухо, тоа би ги чинело 20 милиони евра, плус пет милиони евра потенцијални бонуси. Договорот на Араухо со Барселона истекува во летото 2026 година, што значително ја намалува неговата вредност кога се во прашање преговорите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.