Спорт
Бартомеу негира вмешаност во аферата „Месигејт“

Поранешниот претседател на Барселона, Џосеп Марија Бартомеу, негира дека тој на „Мундо депоритиво“ им ја доставил информацијата за договорот на Лионел Меси. Овој медиум вчера објави дека во 2017 година, кога Меси последен пат го продолжил договорот со Барселона, клубот се обврзал до 30 јуни 2021 година да му исплати бруто-плата во износ од 555.237.619 евра.
Барселона и Меси, веднаш кога информацијата се појави во јавноста, најавија тужби против „Мундо депортиво“, но и против Бартомеу и неговите најблиски соработници, актуелниот в.д. претседател Карлес Тускетс, Оскар Грау и Џорди Местре.
Меси ќе поднесе поднесе тужби против сите бидејќи копии од договорот имале само Бартомеу, неговите соработници и адвокатите на фудбалерот.
„Не е точно дека јас ги открив деталите од договорот на Меси. Лео го заслужил сето тоа. Да не беше пандемијата, Барса совршено ќе функционира“, порачал преку соопштение Бартомеу.
„Мундо депортиво“ не се исплашени од најавените тужби, тие и денес објавија текст поврзан во кој откриваат детали за договорот.
Барселона на Меси за неговата лојалност треба да му исплати 39.000.000 евра и тоа до 15 јули, односно две недели по истекот на договорот кога тој може да биде и фудбалер на друг тим.
Колку и да се сумите во договорот на Меси големи, вината не е негова. Некој во клубот договорил тој да добие бонус за лојалност и во ситуација да не е играч на Барселона. Јасно е дека Бартомеу и неговите соработници во 2017 година биле сигурни дека Меси кариерата ќе ја заврши на „Камп ноу“.
Но, најдобар пример дека не знаеле да работат и да преговараат е случајот со Нејмар. Бразиелцот го чекаше 1 август 2017 година за да добие бонус за лојалност од 40.000.000 евра, а два дена подоцна замина во ПСЖ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.