Спорт
Бензема со ултиматум ги шокирал челиците на Реал

Карим Бензема, најдобриот играч и стрелец на Реал Мадрид, има еден услов за да го продолжи договорот со клубот. Бензема има договор со Реал до јуни 2023 година. Сезонава има одиграно 27 натпревари, постигнал 24 гола.
Реал има јасни планови за летниот преоден рок. Флорентино Перез сака да ги донесе во Мадрид Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.
Бензема нема ништо против доаѓањето на сонардникот Мбапе, но не му е по волја Ерлин Халанд.
„Ел Насионал“ тврди дека Бензема поставил ултиматум пред клупските челници. Тој ќе го напушти клубот доколку во Реал пристигне Халанд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Герет Бејл подготвен за финалето на ЛШ

Напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл, се опорави од повредата на грбот и ќе му биде на располагање на Карло Анчелоти за финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул в сабота, на 28 мај.
Пресметката во француската престолнина Париз ќе биде последниот натпревар за Бејл во дресот на „кралскиот клуб“. Велшанецот го напушта „Сантијаго Бернабеу“ по девет години минати во Мадрид.
Бејл нема играно за Реал Мадрид од 9. април, кога тренерот Карло Анчелоти ги објави проблемите на напаѓачот.
На претходниот финален дуел меѓу Реал Мадрид и Ливерпул во ЛШ, Герет Бејл беше одлучувачки фактор.
Спорт
Милан ќе го „врзе“ Томори до 2027 година

Раководството на Милан ќе му понуди нов договор на дефанзивецот Фикаjо Томори, откриваат италијанските медиуми. Поранешниот дефанзивец на Челси имаше импресивна сезона за „росонерите“, кои ја освоија титулата за првпат по 11 години.
Од централата на Милан се фасцинирани од настапот на дефанзивецот и подготвуваат нов договор за фудбалерот до 2027 година.
Томори дојде на позајмица во Милан во 2021 година, но шест месеци подоцна договорот стана постојан. Актуелниот договор на дефанзивецот има важност до летото 2025 година, но Паоло Малдини сака да го „врзе“ до 2027 година.
Спорт
Симона Халеп загуби еден сет, Медведев убедлив на стартот на Ролан Гарос

Романската тенисерка Симона Халеп триумфално стартуваше на првиот меч на Ролан Гарос. Поранешната најдобра тенисерка во светот беше подобра од Настасја Шунк од Германија со 2:1 во сетови (6:4, 1:6, 6:1).
Халеп добро отвори, но имаше пад во вториот сет кој го загуби убедливо. Сепак, се врати во третиот во добар ритам и славеше победа.
Пласман во второто коло во Париз обезбедија и Плишкова, Бадоса, Круниќ, Колинс, Корнет и Пегула.
Кај мажите, вториот светски рекет Данил Медведев без проблеми се пласираше во второто коло откако со 3:0 во сетови (6:2, 6:2, 6:2) го победи Аргентинецот Факундо Бањис. Следен противник на Медведев ќе биде српскиот тенисер Ласло Ѓере.