Спорт
Македонија вечерва ќе игра против Данска

Ракометната репрезентација на Македонија, вечерва, ќе го одигра последниот натпревар на Европското првенство во Унгарија и Словачка. Данска, најголемиот фаворит за титулата, ќе ги тестира можностите на селекцијата што ја предводи Кирил Лазаров.
Македонија, по поразите од Словенија и Црна Гора, остана без шанси за пласман во втората рунда. За крај на ЕП, македонските ракометари ќе си ги одмерат силите со Данска.
Јасно е дека во овој дуел Македонија влегува како тотален аутсајдер против репрезентацијата што веќе обезбеди место во втората рунда.
Во вториот натпревар Словенија и Црна Гора ќе решаваат која селекција ќе ѝ се приклучи на Данска во наредната фаза од првенството.
Натпреварот Македонија – Данска во Дебрецин ќе почне во 20.30 часот.
Фото/ macedoniahandball.com.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Флорентино Перез: Мбапе? Тој не постои вечерва

Реал Мадрид го освои пехарот во Лигата на шампионите, а претседателот Флорентино Перез даде одговор и за неуспешниот обид да го доведе Килијан Мбапе. Секако, истакна дека тоа веќе не е важно.
„Мбапе? Тој вечерва не постои. Ова е забава на Реал Мадрид, а тоа е нешто што осана во минатото. Ништо не се случило. Реал Мадрид имаше совршена сезона“, изјави Флорентино Перез.
Спорт
Анчелоти: Куртоа беше совршен на голот

Реал Мадрид ја освои 14. титула во Лигата на шампионите, а тоа е втор трофеј за „кралевите“ со Карло Анчелоти на клупата. Негов, вкупно четврти трофеј во ЛШ.
Италијанецот призна дека Тибо Куртоа е херојот на вечерашното финале, иако ги пофали сите фудбалери.
„Куртоа беше совршен на голот. Но, всушност целиот тим беше одличен. Како и не би бил, кога сезоната ја завршивме со освојување трофеи. Одбраната функционираше неверојатно, Алаба, Милитао, Менди и Карвахал беа многу добри. Но, пред се, Куртоа беше фантастичен“, изјави Анчелоти.
Спорт
Куртоа се радува за трофејот, а жали за пропуштена веселба: Жал ми е за свадбата на брат ми

Тибо Куртоа, херојот на Реал Мадрид, даде неверојатна изјава по финалето и освоениот пехар во ЛШ. Се радува на големиот успех, но жали што утре нема да може да присуствува на свадбената веселба на својот брат.
„Неверојатно е, толку многу години, толку многу работа. Дојдов во клубот на мојот живот и имаше многу кои ме критикуваа. Денеска покажавме кој е „кралот“ на Европа. Се чувствував добро последните неколку недели. Откако ќе ја направите првата одбрана… Никој не можеше да ми ја одземе желбата да ја освојам Лигата на шампионите. Жал ми е за брат ми, кој утре се жени и не можам да бидам таму. Во понеделник има уште една церемонија, склучување на граѓанскиот брак и јас ќе бидам таму“, изјави Тибо Куртоа во солзи.