Спорт
Беше дебелиот шампион – сега не е ни едното, но ни другото

Мексиканскиот боксер Енди Руиз, кој не се борел уште од 2019 година, ја загуби титулата светски шампион само по 6 месеци откако претходно го совлада Британецот Ентони Џошуа.
Познат по големиот стомак, Руиз, кој имаше зависност од колачи, тогаш достигна тежина од 130 килограми.
Во април годинава треба да се бори против Крис Ареола. На враќањето во рингот Мексиканецот му пристапил сериозно, па моментно е во зенитот на подготовките.
Тренира со Еди Рејнос, екстренерот на Канел Алварез, па видеоснимка покажува дека веќе го нема големиот стомак.
„Ослабе десетина килограми и има многу повеќе мускулна маса. Не е дебел како претходно и тоа му помага при движењето во рингот. Работи многу напорно, промената му помогна. Ве уверувам дека повторно ќе биде светски шампион“, рече Рејнос.
Дуелот Руиз – Ареола е закажан за 25 април, но терминот сè уште официјално не е потврден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фјури: Ако не ми се јават до утре, нема меч со Џошуа

Тајсон Фјури вели дека ќе „тргне понатаму“ доколку не слушне ништо за потенцијален договор за меч за обединување на титулите со Ентони Џошуа, уште еднаш искажувајќи ја фрустрацијата од преговорите на двајцата боксери.
Преговорите траат веќе неколку недели и иако од кампот на Џошуа најавуваа дека наскоро ќе имаме официјална потврда, „Џипси кинг“ изјави дека ќе планира други мечеви ако нема договор до утре.
„Ако не слушнам ништо до вторник, ќе тргнам понатаму, бидејќи мислам дека помина долго време. Видеото дека имам договор со Џошуа го објавив во јуни минатата година. Се согласивме дека ќе боксуваме, а сега нема ништо“, вели Фјури.
Заканата како да „проработе“, откако агентот на Џошуа, Еди Херн изјави дека и неговиот боксер е очаен за меч. Џошуа, пак, на социјалните мрежи објави дека има „позитивни вести вечерва“ и дека ќе почне да се подготвува за меч.
Се тврди дека првиот од двата меча ќе се оддржи во Саудиска Арабија на 24 јули, но сепак, ќе почекаме за каква било официјална вест.
Спорт
Барса е највреден фудбалски клуб на светот, Јунајтед испадна од топ 3

Барселона го претекна вечниот ривал Реал Мадрид како највреден клуб на светот на годишната листа која ја објавува магазинот „Форбс“, додека Манчестер јунајтед го загуби третото место од европскиот и светски шампион Баерн Минхен.
Каталонците, кои се мачат со својот огромен долг од над милијарда евра, според „Форбс“ вредат фантастични 4.76 милијарди долари, за 10 милиони повреден од Реал Мадрид, додека Баерн сега се трети со 4.22 милијарди долари вредност.
И покрај тоа што шпанските гиганти постојано се највредните на светот, зачудува што во топ 10 има дури шест премиерлигаши. Покрај Манчестер јунајтед, сега четврти, тука се и Ливерпул, Манчестер сити, Челси, Арсенал и Тотенхем, покажувајќ дека не се потребни титули за да се заработуваат многу пари во фудбалот.
ФОРБС ЛИСТА НА НАЈВРЕДНИ ФУДБАЛСКИ КЛУБОВИ
1.Барселона 4.76 милијарди $
2.Реал Мадрид 4.75 милијарди $
3.Баерн Минхен 4.22 милијарди $
4.Манчестер јунајтед 4.2 милијарди $
5.Ливерпул 4.1 милијарди $
6.Манчестер сити 4 милијарди $
7.Челси 3.2 милијарди $
8.Арсенал 2.8 милијарди $
9.Пари Сен-Жермен 2.5 милијарди $
10.Тотенхем 2.3 милијарди $
Спорт
Медведев: Зарем КОВИД ќе исчезне за една недела?

Светскиот рекет број 2, Русинот Данил Медведев вели дека е бизарна одлуката да се одложи стартот на Франција опен една недела, велејќи дека тоа нема да има никаква врска во земјата која е погодена од „третиот бран“ на корона вирусот.
Франција по третпат воведе „локдаун“ минатата недела во обид да се намали бројот на заразени, со полициски час од 19 часот до 6 часот наутро, по што организаторите на Ролан Гарос, Француската тениска федерација (ФФТ) го одложи турнирот за една недела со старт на 30 мај.
„Навистина сум изненаден. Каква врска има ако играме една недела подоцна. Ти дава чувство дека за една недела ќе исчезне КОВИД. Не сум сигурен дека нешто ќе се смени и навистина е смешно. Не ја критикувам федерацијата, туку самата ситуација“, вели Медведев.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш