Контакт

Спорт

„Без Суперлигата не можеме да им конкурираме на клубовите држави“

Објавено пред

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, не може да го прежали неуспехот што го доживеа Суперлигата. Перез не се откажува и продолжува да ги истакнува негативните финансиски ефекти за неговиот клуб од неуспехот на овој проект.

Со пропаѓањето на Суперлигата, според Перез, пропаднале и шансите Реал во блиска иднина да ги реализира трансферите на Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

„Мбпае и Халанд? Без Суперлигата не можеме да ги донесеме. Никој не може да ги донесе, не само ние“, рекол Перез.

„Без Суперлигата, финансиски не може да им се конкурира на клубовите држави“.

Со оваа изјава тој го впери прстот во ПСЖ, чиј сопственик е државата Катар.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Ди Канио се потсмева со Рома и Мурињо: Навивачите веќе мислат дека освоија тројна титула

Објавено пред

Поранешниот напаѓач на Лацио, Паоло ди Канио не го криеше разочарувањето што лутиот ривал Рома се реши да го ангажира Жозе Мурињо, потсмевајќи се дека дел од навивачите на „волчицата“ веќе мислат дека ги освоиле сите титули.

Во мај, тој имаше неверојатен напад на Мурињо, оценувајќи го како „најлошиот тренер во историјата“, а сега повторно инсистира дека Португалецот едноставно направи многу грешки последните месеци.

„Кога Рома го објави Мурињо, добив 300 пораки од мои пријатели кои се навивачи на Рома. Можев да ги слушнам само како врескаат. Но, има вистина во моите коментари. Тој направи премногу грешки во последните години. Да, освои многу со Интер, но тоа беше пред 10 години. Дел од моите пријатели мислат дека веќе ја освоиле тројната титула. Лудо е да се каже дека на Мурињо му оди добро во последните години, тој доби многу откази бидејќи не донесе резултати“, вели Ди Канио.

Ди Канио: Рома го донесе најлошиот тренер

Прикажи повеќе...

Спорт

Барнли со бесплатни билети за последното коло, Тотенхем ќе наплаќа 60 фунти!

Објавено пред

Последните кола од Премиер лигата нема да носат возбуди за шампионот, ниту за тие кои ќе опстанат во лигата, односно останува да се определат уште местата за во Лигата на шампионите, а ќе биде специјално по тоа што првпат по пандемијата на корона вирусот сите 20 клуба ќе имаат шанса да ги пречекаат домашните фанови на еден натпревар.

Колку ќе ги чини тоа фановите?

Барнли, на пример, на своите навивачи нема да им наплаќа за билетите и наместо тоа ќе одреди лотарија за тоа кој ќе може да го гледа мечот против Ливерпул, додека Тотенхем бараат највисоки во лигата 60 фунти за мечот со Астон вила.

Шампионите Манчестер сити имаат втори најскапи билети – од 24 до 53 фунти за мечот со Евертон, а ниту тие на Вест хем нема да поминат ефтино – од 17 до 51 фунти. И Вулверхемптон се одлучија за скапи билети – 40 до 45 фунти против Манчестер јунајтед, а фановите на Ливерпул за борбата со Кристал палас ќе мора да платат 45 фунти. Манчестер јунајтед, пак, на своите лути фанови ќе им дозволат да бидат на стадионот против Фулам за 30 фунти.

Прикажи повеќе...

Спорт

Роналдо не ги преселува автомобилите, ги носи на редовен сервис?

Објавено пред

Италијанските медиуми се преокупирани со одлуката на Кристијано Роналдо да ги пресели своите луксузни автомобили од Торино, но според локалните медиуми, причината не е можното заминување од Јувентус, туку редовен сервис во Германија пред летните месеци.

Видеото на кое супер автомобилите на Роналдо се товараат на камиони од компанијата „Родо карго“, позната карго-компанија од Лисабон, според многумина, беше доказ дека тој веќе решил дека ќе замине од Италија.

Меѓутоа, според „Ла газета дело спорт“, ова е вообичаена процедура на Роналдо – тој вообичаено ги сели автомобилите пред летниот одмор, а тоа не можел да го направи лани поради пандемијата на Ковид-19. „Кориере Торино“, пак, тврди дека сите автомобили ќе одат во Германија на проверка и редовен сервис.

Роналдо ги исели луксузните автомобили од Торино

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

Лидерите на Западен Балкан со заедничка декларација: Итен почеток на преговорите со Скопје и Тирана

Декларацијата усвоена од лидерите на Процесот „Брдо – Бриони“ на самитот укажува на важноста од брзото проширување на ЕУ за...

Македонија2 часа

Хрватскиот претседател: Членка на ЕУ навлегува во интимниот простор на Северна Македонија

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, најави дека ќе се спротивстави на условите што ги поставува Бугарија за почеток на преговорите...

Македонија2 часа

Заев: Следните парламентарни избори ќе се одржат во 2024 година, нема да има предвремени

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека следните ќе се...

Европа2 часа

ЕМА: Вакцината на „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до еден месец

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ на стандардни температури во...

Македонија5 часа

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на...

Економија8 часа

Oд полноќ се намалува цената на еуросупер БС-95 и на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет9 часа

Индија почна со дистрибуција на свој лек против коронавирус

Индија почна со дистрибуција на нов, домашен лек за лекување на симптомите од Ковид-19. Властите го одобрија лекот 2-ДГ, кој...

Македонија9 часа

Захариева: Властите во Македонија ќе направат сѐ што можат Бугарите таму да се сѐ помалку

И Европа и ние ќе го следиме пописот во РСМ и очекуваме да се спроведе според сите европски стандарди и...

Свет9 часа

(Видео) Тврдат дека Израел фрлил забранета бомба врз Газа, од која се топи човечко месо

На социјалните мрежи се шири видео со ракетирање на Појасот Газа, за кое се тврди дека е доказ дека Израел...

Свет11 час

СЗО: Животниот век на работниците загрозен по пандемијата на коронавирусот

Премногу долгото работно време е смртоносно за стотици илјади луѓе во светот и ова е тренд што може да се...

Европа12 часа

Германски виролог предупредува: И следната година ќе мора да се вакцинираме

Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, изјави дека е многу веројатно декаи следната година  сите...

Свет12 часа

На повидок нова вакцина – „Санофи“ и „ГСК“ велат дека произведува силен имунолошки одговор

Француската фармацевтска компанија „Санофи“ денеска соопшти дека експерименталната вакцина против Ковид-19, која ја развива заедно со „Глаксо Смит Клајн“ ќе...

Свет12 часа

Израел утрово изврши серија воздушни напади на Газа, висококатници срамнети со земја

Израелските воздушни сили рано утрово извршија серија масовни воздушни напади на повеќе локации во градот Газа. Најновата беше извршена само...

Свет13 часа

Товарен воз со токсични материи излета од шините во САД

Во близина на градот Сибли во американската држава Ајова воз на компанијата „Унион Пацифик“, кој превезувал тенкови и вагони со...

Македонија22 часа

(Видео) Заев: СДСМ останува локомотива за напредокот на македонската држава

Со задоволство сакам да соопштам дека денеска СДСМ одржа успешен 26. Конгрес, а веднаш потоа и прва седница на новоизбраниот...

Македонија1 ден

Лукаревска избрана за заменик-претседателка на СДСМ

Сања Лукаревска е новата заменик-претседателка на СДСМ, беше одлучено на денешниот 26. Конгрес на партијата. Таа беше изгласана со 682...

Свет1 ден

Нетанјаху со благодарност до земјите кои го поддржале Израел, меѓу нив и Македонија

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху на социјалните мрежи им се заблагодари на владите на голем број земји во светот за, како...

Македонија1 ден

Регистрирани се 62 нови случаи на Ковид-19, починати се 14 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на...

Свет1 ден

(Видео)10 годишно девојче во урнатините на Газа, низ солзи вели: Не можам да го трпам ова, јас сум само дете

Жестоките напади меѓу Израел и Хамас се најтешки за луѓето во Газа, каде што луѓето умираат секој ден – претежно...

Свет1 ден

Курц: Целта на истрагата е да ме отстранат од функцијата

Австрискиот канцелар Себастијан Курц оцени дека целта на поднесената пријава против него, поради наводни лажни изјави пред истражниот одбор во...

Досие