Спорт
Биелса: Марадона беше уметник, го надминуваше фудбалскиот терен со потезите

Уште еден голем Аргентинец, Марсело Биелса го прокоментира животот на Диего Марадона кој вчера почина во својот дом. И популарниот „лудак“ кој е актуелен менаџер на Лидс Јунајтед верува дека Марадона е најголемиот во историјата на фудбалот.
„Се што правеше како фудбалер е убавина која е невозможно да се повтори. Марадона беше уметник затоа што воодушевувањето на неговите мајстории го надминува фудбалскиот терен. Постојат многу убави песни напишани во негова чест. Реакциите за неговата смрт се многу емотивни. На нас Аргентинците Диего многу ни значеше, кога го гледавме имавме чувство дека сме дел од фантазија“ рече Биелса.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Марка“: Модриќ прифатил намалена плата во Реал, Рамос и Васкез не!

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ се договори со Реал Мадрид за продолжување на соработката уште една година откако актуелниот договор му истекува за 5 месеци. Шпанска „Марка“ пишува дека на Серхио Рамос не му успеало она што му успеа на Хрватот.
Најтиражниот шпански весник пишува дека Реал поради долготрајноста на корона-кризата и поучен од финансиската ситуација во лутиот ривал Барселона, максимално ги поедноставил преговорите, дури и со Лукас Васкез, уште еден од играчите на кои им истекува договорот.
Тоа одбивање да се комплицираат преговорите со наведените играчи се гледало и во тоа што клубот дал ултиматум по начелото земи или остави. Во „кралскиот клуб“ се убедени дека сега е најважно да останат финансиски стабилни и да ги намалат трошоците. Сè е подредено на тоа, нема сентименталност и галантност, дури ни кон најзаслужните фудбалери.
„Водството на Реал предводено од претседателот Флоретино Перез очајнички се обидува да го одржи Реал над водата и во овие ужасно тешки времиња сакаше Рамос и Васкез да ја продолжат соработката со клубот. Им понудија нови договори, тие ги одбија, сега се слободни да преговараат со други клубови. За разлика од нив, Модриќ прифати намалување на платата“, пишува весникот.
Спорт
Червар: Јас го открив Циндриќ, а кога ми треба – го нема!

„Го почитувам Циндриќ, јас го открив и го доведов во Металург, којзнае кај ќе беше сега, дали ќе играше за Барселона или ќе останеше во Огулин. Но, кога ми треба, го нема. Се повреди во 2019, па и минатата година, сега третпат.
Често кога тренираме, кога ќе го прашам за состојбата, вели дека му треба уште половина час, па уште 20 минути, па уште 10, уште 5“, рече, меѓу другото, Лино Червар во интервју за хрватски „24 часа“.
Селекторот на Хрватска во заминување не се согласува со тврдењето на капитенот Домагој Дувњак дека на хрватската селекција ѝ треба добар ресет пред квалификациите за Олимписките игри.
„Сметам дека пристапот не смее да е таков затоа што сами на себе може да си нанесеме стрес, да не се поставува Токио како императив. За да успееме, мора да имаме здрави играчи, а тие да се свесни дека во клубовите мора повеќе да се ангажираат и да се подготват за турнирот. На новиот селектор, кој и да е, треба да му се даде доверба“, порача Червар.
Спорт
Клоп: Челси беше груб со Лампард, екипата е подарок за Тухел

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го критукуваше Челси поради отказот на Френк Лампард, откако во неделата Англичанецот доби отказ по 18 месеци на позиција главен менаџер. Го замени Германецот Томас Тухел.
Клоп смета дека Лампард заслужи повеќе време за да ги поправи резултатите. „Сините“ од Лондон во моментов се 10-ти на табелата во Премиерлигата.
„Морам да кажам дека ова е навистина остро. Мислам дека Челси заврши одлична работа во преодниот рок, донесе добри фудбалери, а за такви работи е потребно време. Абрамович ви пружа шанса, пари, играчи, но не е една од најтрпеливите личности во светот. Френк е млад и талентиран тренер, сочувствувам со него и му посакувам се најдобро“ рече Клоп.
Томас Тухел потпиша 18 месечен договор со Челси, а дебито ќе го има вечерва против Вулверхемптон. Клоп за својот 47-годишен сонародник има пофални зборови.
„Тухел е сјаен, на наша жал, тој е навистина добар тренер. Го знам долго и многу го почитувам. Оваа екипа му е подарок и верувам дека и тој гледа така“ смета менаџерот на Ливерпул.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот