Спорт
Бил Гејтс: Му се восхитувам на Ѓоковиќ за многу работи, но не и за вакцините

Основачот на „Мајкрософт“ и голем поборник на вакцинирањето, Бил Гејтс, го коментира ставот на светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, и неговото одбивање да се вакцинира против Ковид-19 оценувајќи дека како јавна личност треба да покаже одговорност пред своите фанови.
Ѓоковиќ одби да се вакцинира против Ковид-19 пред Австралија опен во јануари по што беше депортиран од земјата по долгата легална битка да остане во Мелбурн. По ова, Ѓоковиќ во интервју за Би-би-си потврди дека е подготвен да не освои ниту една гренд слем титула до крајот на кариерата, но дека нема да се вакцинира.
„Со вакцинирање ѝ помагате на својата заедница. Не се работи за совршен лек за сопирање на инфекцијата, но ја намалува можноста. Затоа, несреќна ситуација е кога некој поради своите здравствени грижи, не може да учествува во заштитата на својата заедница. Особено кога се работи за човек што инспирира и кому му веруваат. Затоа му се восхитувам на Ѓоковиќ за многу работи, но посакувам да нема таков став кон вакцините“, вели Гејтс.
Bill Gates asked about Novak Djokovic not taking the vaccine bc it’s essentially about his freedom of choice and his choice what he puts in his body… #BBC pic.twitter.com/k2ufyyqnbg
— ????. A⑨ (@NoleLondon) May 5, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.