Спорт
„Билд“ бара Шалке да го смени логото на „Газпром“ со „Слобода за Украина“
Германскиот таблоид „Билд“ побара второлигашот Шалке да го покрие логото на руската компанија „Газпром“ од своите дресови и да го смени во „Слобода за Украина“ иако во исто време на својата веб-страница има за продажба дресови со ова лого.
Славниот клуб од Гелзенкирхен, кој, за жал, е во втората лига, има партнерство со „Газпром“ од 2007 година и во вторникот објави дека гигантот бил партнер од доверба 15 години, но дека се во постојани разговори со компанијата и дека се посветени на мир и сожителство.
Во колумната на уредникот на спортската редакција на „Билд“, Валтер Штратен, се вели дека е тешко да се гледаат мечеви од Лигата на шампионите со логото на „Газпром“ и побара Шалке да направи вистинска одлука.
„Топката се тркала, рубљата се тркала, но сега и тенковите се тркалаат. Мораме да го гледаме ‘Газпром’ на ТВ додека свири химната на Лигата на шампионите, а трупите на Путин маршираат во Украина. Го гледаме Шалке со неговите дресови како тоа да е нормалана реклама, а не финансиер на руската државна моќ. ‘Не’ за дресови на Шалке со ‘Газпром’. Залепете го. Логото со порака: ‘Слобода за Украина’“, пишува Штратен.
German newspaper BILD have covered up pictures of Schalke’s shirt sponsor Gazprom (the Russian company who’ve been partners since 2007) with the words “Freedom for Ukraine”. pic.twitter.com/UZ5o1e7TBj
— Phil Delves (@phildelves) February 23, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ставре Јада 88-ми во спринт трката на ЗОИ
Македонскиот репрезентативец, Стваре Јада, настапи во квалификациите, во спринт трката во крос-кантри, на ЗОИ во Милано и Кортина.
Во конкуренција на 95 натпреварувачи, Јада го освои 88-то место. Патеката во Вал ди Фјеме тој ја мина со време 3.59.56 минути, со речиси 53 секунди послаб резултат од победникот.
Победи Норвежанецот Јоханес Клабо со време 3.07.37, пред Американецот Бен Огден (3.09.88) и Французинот Жил Шапаз (3.12.86).
Фото/ МОК
Спорт
Стеф Кари поради повреда го пропушта Ол-стар натпреварот
По Шеј Гилџис-Александер (Оклахома), уште еден ас ќе го пропушти НБА Ол-стар викендот, станува збор за Стеф Кари. Оваа вест ја објави тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, пред натпреварот со Мемфис.
Кари почувствува болка во коленото пред две недели и го пропушти четвртиот натпревар по ред поради синдром на пателофеморална болка, попознат како „колено на тркач“. Тој нема да игра ниту во среда против Сан Антонио, за да биде подготвен за дуелот со Бостон на 19 февруари по Ол-стар викендот.
„Работата е што по пат учам што функционира во однос на рехабилитацијата. Коленото сè уште ме боли. Морам да се обидам да го отстранам целото воспаление и болка. Тоа е нешто што сè уште треба да го следиме. Не би сакал да се вратам прерано бидејќи повредата може да се влоши“, рече Кари.
НБА сè уште не објави кој ќе го замени Кари во тимот на САД. Ол-стар викендот ќе се одржи во арената Лос Анџелес Клиперс од 13 до 15 февруари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Роналдо се смири со раководството на Ал Наср
Навивачите на Ал Наср и фановите на Кристијано Роналдо можат да здивнат. Португалецот се смири со клупските челници.
Откако поради протест, пропушти два натпревари, Португалецот треба да се врати во тимот на Ал Наср и да игра во следниот натпревар против Ал Фатех.
Роналдо наводно бил во бојкот, незадоволен од начинот на кој се распределуваат парите во саудискиот фудбал. Бидејќи сите клубови се финансираат од еден инвестициски фонд, го вознемирувал начинот на кој Ал Наср работи и тоа што нивниот конкурент за титулата Ал Хилал минатата недела го реализираше трансферот на Бензема од Ал Ахли.
Тој, исто така, протестирал затоа што платите на вработените во клубот доцнеле.
Раководството на клубот очигледно ги прифатило овие жалби, па сега Роналдо може да се врати на теренот и да го прави она што најдобро го знае.
Foto/ depositphotos

