Спорт
Блатер: Иран треба да биде исклучен од СП во Катар
Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, е на мислење дека Светската фудбалска организација треба да ги поддржи протестите во Иран со суспензија на репрезентацијата на оваа земја од претстојното Светско првенство во Катар. Тој беше цитиран од швајцарскиот дневен весник „Блик“.
„Иран треба да биде исклучен од Светското првенство“, изјави Блатер, додавајќи дека доколку тој сè уште беше претседател на ФИФА, ќе имаше страшни последици за земјата во однос на нејзиното учество на меѓународните фудбалски турнири.
Смртта на младата Махса Амини, кој беше уапсена поради неправилно носење хиџаб, предизвика масовни протести, демонстрации, па дури и граѓанска непослушност. Властите во Иран тврдат дека немирите биле поттикнати од странски непријатели.
Блатер вели дека е шокиран од нереагирањето на актуелниот шеф на ФИФА, Џани Инфантино.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барселона го потпиша Бернал – Откупната клаузула е 500 милиони
Фудбалскиот клуб Барселона потврди дека Марк Бернал денеска потпишал нов договор. Тоа е последниот играч од средниот ред, роден во 2007 година, кој експлодираше летово за време на претсезоната со Ханси Флик, но за жал заработи тешка повреда на коленото поради која ќе отсуствува една година.
Барселона реши да му понуди нов договор, за да му покаже максимална самодоверба на долгиот пат на рехабилитација. Како што е потврдено во соопштението, Бернал потпишал договор до јуни 2026 година, но тој автоматски ќе биде продолжен до 2029 година кога ќе бидат исполнети одредени услови.
Исто така, Барселона постави недостижна откупна клаузула која ќе изнесува 500 милиони евра.
Спорт
Почина НБА легендата Дикембе Мутомбо
На 59-годишна возраст почина легендарниот кошаркар Дикембе Мутомбо.
Мутомбо почина по битка со тумор на мозокот. Иконскиот центар доминираше во НБА во текот на 90-тите и 2000-тите: тој беше четирикратен одбранбен играч на годината, осум пати Ол-стар, трипати член на првиот тим на лигата, вкупно втор на сите времиња.
Basketball Hall of Famer Dikembe Mutombo has passed away at 58 years old due to brain cancer. pic.twitter.com/taDWSFeCQE
— Shams Charania (@ShamsCharania) September 30, 2024
„Дикембе Мутомбо беше едноставно поголем од животот. На теренот тој беше еден од најдобрите блокатори и дефанзивци во историјата на НБА. Надвор од паркетот, тој се предаде да им помага на другите“, напиша комесарот на НБА, Адам Силвер во своето проштално писмо.
Мутомбо бил во брак со сопругата Роуз, со која имал три деца и со која посвоил четири деца од нејзините починати браќа. Кошаркарот роден во Конго кариерата ја започна во Денвер, а подоцна настапуваше за Атланта, Филаделфија, Њу Џерси, Њујорк и Хјустон.
Спорт
Алан Ширер не може да поверува како изгледа играта на Манчестер јунајтед
Легендарниот англиски фудбалер Алан Ширер никогаш не играл во Манчестер јунајтед, изгради блескава кариера во Саутемптон, Блекбурн и Њукасл, но не може да го гледа она што се случува со тимот од „Олд Трафорд“.
Еден од најдобрите напаѓачи на англиската репрезентација во историјата изјави дека играта на „црвените ѓаволи“ не постои, дека нивните натпревари се негледливи и дека играчите треба да покажат малку поголема одговорност.
„Што е ова? Дали некој знае што точно игра Манчестер јунајтед? Овој тим нема идеа, нема план и тоа што го игра е неспособно и очајно“, изјави Ширер по поразот на Манчестер јунајтед од Тотенхем (0:3).
„Играчите се тие кои треба да покажат многу поголема одговорност. Не можат секоја недела да се кријат зад тренерот Ерик тен Хаг и критиките упатени кон него. Неопходно е да се разбудат и да покажат дека заслужуваат да го носат дресот на овој клуб. Манчестер јунајтед е голем клуб, вакви работи не смеат да се случуваат“.
Манчестер јунајтед моментално ја зазема 12-та позиција на табелата во англиската Премиер лига, откако по шест кола освои само седум бода.