Спорт
Блејни најбрз во фото-финишот (Видео)
Рајан Блејни со својот „Форд Мустанг“ победи на трката во Таладега, во НАСКАР шампионатот. Блејни во фото-финишот за само седум илјадити делови од секундата го победи Рики Стенхаус Јуниор.
Возачот на тимот Пенске ја забележа првата победа во сезоната, вкупно четврта во кариерата. „Форд“ доминира изминатите години во Таладега, на последните десет трки има девет победи.
Во самиот финиш Блејни успеа да го доби дуелот со Ерик Џонс кој заврши во ѕидот, додека Арик Алмирола во целта влезе со задниот дел од своето возило. На крајот тој го освои третото место.
Инаку трката во Таладега беше прва по паузата на која имаше публика. НАСКАР дозволи на трибините да има 5.000 луѓе.
Наредната трка ќе се вози во сабота во Лонг Понд, во Пенсилванија.
Think @Blaney's getting pretty good at this photo-finish-at-@TalladegaSuperS thing. pic.twitter.com/b5aHAu5xPK
— NASCAR (@NASCAR) June 23, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Чудо во Хернинг: Раул Гонзалес со Србија ја победи Германија
Србија приреди вистинска сензација со победата над Германија 30:27 (13:17), во второто коло на Европското првенство во ракомет. Избраниците на поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес, со гранитна одбрана го шокираа големиот фаворит во второто полувреме, во кое надополнија негатива од четири гола.
Германија го диктираше темпото во првото полувреме, во кое Србија држеше приклучок благодарение на голманот Дејан Милосављев. Сепак во финишот на полувремето Германците успеаја да дојдат до голема предност.
Вториот дел, може да се каже дека е мастерклас на селекторот Гонзалес. Србите ги натераа Германците на период од шест минути без постигнат гол, поведоа со гол разлика, Германците одговорија со серија 4:1.
Вистинска драма се случуваше во финишот, а особено неверојатен беше моментот кога германскиот селектор побара тајм-аут, во моментот кога Кнор постигна гол, при водство на Србија 27:26.
— OvoOno (@OvoOnoX) January 17, 2026
Тој момент како да ги поремети Германците, Зербе промаши и седмерец, а потоа Србија мирно го заклучи натпреварот.
Којадиновиќ и Воркапиќ беа најефикасни со по шест гола, заедно со Пешмалбек (5), Додиќ (4) и Вања Илиќ (3). Се истакна и Милосављев, кој го заврши натпреварот со 12 интервенции. На другата страна, одлични беа Шлуров и Ушчинс (по 6 гола), како и Кнор (5) и Зербе (4).
Во последното коло, во оваа А група, Србија ќе игра против Австрија, а Германија ќе се соочи со Шпанија.
Спорт
Флик разочаран, голем талент ја напушта Барселона
Педро „Дро“ Фернандез, 18-годишниот талент на Барселона, наскоро ќе го напушти клубот, откако ќе биде активирана откупната клаузула во износ од шест милиони евра.
Тинејџерот, кој има понуди од неколку водечки европски клубови, го информирал тренерот Ханси Флик за својата одлука, што предизвика силна реакција од германскиот стручњак, пишува „Спорт“.
Според овој извор, Флик не ја примил добро веста. Тренерот наводно бил особено вознемирен бидејќи губи играч кого го смета за клучен за иднината на клубот, кој потекнува од Ла Масија и веќе има неколку настапи под негово водство.
Со оглед на тоа што заминувањето на Фернандез се очекува во рок од неколку дена, Флик одлучил дека играчот повеќе нема да тренира со првиот тим.
Оваа одлука е донесена со цел да се избегнат евентуални повреди, но и поради ставот дека играчот повеќе не е целосно фокусиран на работата со тимот. Реакцијата на Флик е разбирлива со оглед на довербата што ја покажа во 18-годишникот.
Тренерот го сметаше Фернандез за еден од играчите на кои им обрнуваше посебно внимание, а веста за неговото заминување длабоко го погоди. Неговото разочарување беше толку големо што наводно им кажал на луѓето од неговиот близок круг дека годоживеал „најголемото разочарување во својот живот“.
Инаку „Спорт“, тврди дека Дро кариерата ќе ја продолжи во редовите на актуелниот европски првак, ПСЖ.
Спорт
Нигерија „бронзена“ на Африканскиот куп
Нигерија го освои третото место на Купот на Африканските нации. Во „малото финале“, Нигерија победи по изведувањето пенали со 4:2, откако по 90 минути игра немаше голови. Според правилата, во натпреварот за третото место не се играат продолженија, туку веднаш се изведуваат пенали.
Во првата серија, нигерискиот голман Стенли Нвабали се прослави. Нвабали е 29-годишниот голман кој игра за јужноафриканскиот Чипа Јунајтед.
Тој го одбрани ударот на Мохамед Салах, а потоа блесна и во втората серија, кога беше поуспешен и од Омар Мармуш.
Адемола Лукман го погоди решавачкиот пенал.
Утре домаќините Мароко и Сенегал ќе се борат за титулата.
Foto/ EPA

