Спорт
Блејзерси се продаваат за две милијарди долари
Основачот на компанијата „Најки“, Фил Најт, и ко-сопственикот на Лос Анџелес доџерс, Алан Смолински, поднесоа заедничка понуда за купување на НБА-тимот Портланд Трејл блејзерс, објави новинарот на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски.
Се наведува дека официјалната понуда на ова богато дуо е повеќе од две милијарди долари и се очекува дека ќе успеат да го купат тимот кој се натпреварува во НБА од 1970 година.
Во моментов се водат преговори со корпорација предводена од Пол Ален, која моментално е сопственик на тимот од Орегон.
Бизнисменот Најт е роден во оваа сојузна држава, студирал на Универзитетот во Орегон и таму е основана глобално популарна компанија која се занимава со производство и продажба на спортска опрема. Најт (84) важи за еден од 25-те најбогати Американци, а неговото богатство се проценува на околу 50 милијарди долари.
Портланд е еден од најмалите пазари во НБА, но според некои рангирања, клубот е 13-ти најскап во лигата. Блејзерси еднаш биле шампиони. Титулата ја освоија во 1977 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Франција трета во Лигата на нации

Франција го освои третото место во Лигата на нации со победата 2:0 над домаќинот на завршниот турнир, Германија.
Французите, кои загубија од Шпанија со 5:4 во луд натпревар во полуфиналето, поведоа во судиското продолжение во првото полувреме.
Откако топката беше уфрлена од десната страна, Килијан Мбапе совршено реагираше во шеснаесетникот и им донесе предност на актуелните вицешампиони на светот.
Шест минути пред крајот, Мбапе се најде во улога на асистент, а играчот на Баерн, Олисе, го потврди триумфот на Франција.
По големата грешка во одбраната на Германија, играчот на Реал направи брз пробив, а потоа несебично му асистираше на Олисе кој ја погоди празната мрежа.
За титулата во Лигата на нации, вечерва од 21 часот ќе играат Шпанија и Португалија.
Спорт
Спалети повеќе не е селектор на Италија

Лучано Спалети повеќе не е селектор на Италија, беше објавено во недела.
Фудбалскиот сојуз на Италија, му врачи отказ на селекторот по дебаклот во првото коло од квалификациите за Светското првенство во 2026 година во Осло.
Четирикратните светски шампиони беа поразени од Норвешка со 3:0, а сè беше решено веќе во првото полувреме.
Италијанците не се квалификуваа за последните две Светски првенства, а уште еден неуспех да се пласираат на завршниот турнир би бил вистинска фудбалска трагедија на Апенините.
Спалети дојде на чело на „Азурите“ од август 2023 година, кога го наследи Роберто Манчини.
На Европското првенство во Германија минатата година, тие не успеаја да ја одбранат титулата, бидејќи веќе беа елиминирани во осминафиналето од Швајцарија.
Спорт
Три клуба ќе испаднат од Првата лига, два ќе играат бараж за опстанок

На редовната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа донесени значајни одлуки поврзани со организацијата и регулативите во македонскиот фудбал.
Усвоен е нивиот систем за натпреварување во Прва МФЛ, Втора МФЛ и Третите регионални лиги, почнувајќи од натпреварувачката сезона 2026/27.
Се врши реорганизација на регионалната поставеност на Третите лиги во шест нови региони, кои дополнително ќе бидат дефинирани преку измени во Правилникот за регионална организација на ФФМ.
Prvata MFL од sezobata 2026/27 ќе брои 10 екипи, а не како досега 12, додека Втората лига се намалува на 14 клубови. Од Првата лига ќе испаднат екипите кои ќе бидат пласирани на 10, 11 и 12. место во шампионатот, додека осмата и деветтата екипа ќе играат бараж за опстанок.
Од Втората лига следната сезона ќе испаднат дури пет екипи, кои ќе бидат пласирани од 12. до 16. место, додека од деветта до 11. позиција ќе играат бараж за опстанок.