Контакт

Спорт

Бобич: Ребиќ ни беше лидер, Милан доби одлично лево крило!

Објавено пред

Ајнтрахт Франкфурт и Милан направија размена на фудбалери на последниот ден од преодниот рок во Италија. Португалецот Андре Силва се пресели од Милано во Германија, а Хрватот Анте Ребиќ отиде во спротивна насока.

Преговорите се средија бргу и лесно, пред сè, поради познанството на Фреди Бобич (Ајнтрахт) и Звонимир Бобан (Милан).
Германецот го испофали Ребиќ, кој ќе биде на двегодишен заем кај „росонерите“.

„Звонимир Бобан знаеше дека цел месец сум заинтересиран за Андре Силва, но преговорите почнаа само 3 дена пред крајот на преодниот рок. Преговорите никогаш не одат лесно, но многу полесно е кога преговарате со некого со кого имате пријателска комуникација. Мислам дека го пронајдовме најдоброто можно решение за двајцата играчи. Милан со Ребиќ доби одлично засилување. Тој неколку сезони беше лидер на нашата екипа. Најдобро се снаоѓа на позицијата лево крило, а може да игра и како повлечен напаѓач. Физички е јак и верувам дека секој тренер може да ги искористи неговите квалитети“, изјави Фреди Бобич за „Газета дело спорт“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Тухел: Нејмар 100 отсто е наш

Објавено пред

Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел, рекол дека очекува уште подобра игра од својот најдобра играч Нејмар, Бразилецот викендов го постигна единствениот гол во 87 минута, во Лион со кој ПСЖ го победи домаќинот.

Нејмар минатата недела се врати во тимот, откако цело лето се поврзуваше со трансфер во Барселона и се рехабилитираше од повредата.

„Може уште подобро и ќе игра подобро. Потребен ни е во својата најдобра форма, особено во кога играме тешки натпревари. Важни ни се фудбалерите што можат да решат натпревар со еден потег“, рекол Тухел.

„Има договор со нас, 100 отсто е наш. Целосно е вклучен во тимот, делува дека е задоволен, се шегува и се смее со соиграчите…“, дополнил тренерот на Пари Сен Жермен.

Екипата на Тухел ја предводи табелата во Франција со 15 бода од шест одиграни натпревари.

Прикажи повеќе...

Спорт

Раџа: Не сакам Вотсоновци и Џонсоновци да играат за Хрватска

Објавено пред

Првиот човек на Кошаркарскиот сојуз на Хрватска, Дино Раѓа, ја отфрлил можноста Американецот Шејн Ларкин да добие хрватски пасош и во иднина да настапува за репрезентацијата на оваа земја.

Играчот на Анадолу Ефес истакнал дека бил подготвен да игра за Хрватска, по што се огласил Раџа.

„Неколку пати реков дека нема да носиме странци во репрезентацијата бидејќи тоа не е во интерес на хрватската кошарка“, рекол Раѓа. „Клубовите мора да почнат да ‘произведуваат’ играчи. Не може да очекувате репрезентацијата да ја подигне кошарката, тоа мора да го направат клубовите. Можам да разберам некој клуб да земе еден или двајца странци за да го подигне квалитетот, но странците што ги носиме не се квалитетни. Не сакам во Хрватска да играат Вотсоновци и Џонсоновци“, рекол Раџа.

Шејн Ларкин станува Хрват?

Прикажи повеќе...

Спорт

Рој Кин: Манчестер Јунајтед ниско паднаа, шокиран сум

Објавено пред

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, упатил критики на сметка на „црвените ѓаволи“ по поразот од Вест Хем (2-00 во шестото коло во Премиер лигата.

Вест Хем само ја продлабочија резултатската криза во која се наоѓаат играчите на менаџерот Оле Гунар Солскјер од почетокот на сезоната. Јунајтед по шест кола имаат осум бода.

„Знаев дека Јунајтед се наоѓаат во лоша позиција, меѓутоа бев шокиран колку беа лоши против Вест Хем. Се беше лошо, немаат квалитет, карактер…“, рекол Кин.

Ирецот дополнил дека не гледал како Јунајтед ќе се извлечат од кризата.

„Ќе биде тоа долг пат. Јунајтед толку ниско падна, тоа е страшно. Минатата сезона играа лошо, а оваа сезона нема никаков напредок, дури и со тројца нови играчи“.

Манчестер Јунајтед во наредното коло, на 30 септември, ќе ги пречекаат Арсенал.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

(Видео) Заев на средба со Могерини: Северна Македонија во октомври очекува позитивна одлука

Премиерот, Зоран Заев, во Њујорк присуствуваше на вечерата што за шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан...

Регион38 минути

Над 340 земјотреси почувствувани во Албанија

Лажната најава за нов силен земјотрес предизвика паника на улиците на главниот град на Албанија, Тирана, и на Драч. Веста...

Македонија1 час

Заев на Генералното собрание на ОН, планирана е и средба со Мицотакис

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев од денеска до сабота ќе престојува во Њујорк каде што ќе учествува на...

Македонија2 часа

Боки 13 на распит за „Рекет“

Во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција на распит денеска треба да биде спроведен првоосомничениот за случајот „Рекет“, Бојан...

Свет2 часа

Јужна Кореја: 26 лица лица повредени во тајфун, над 27 илјади домаќинства останаа без струја

Најмалку 26 лица се повредени во тајфун што ги погоди јужните делови на Јужна Кореја, соопштија официјални лиц. Над 27...

Свет2 часа

Уапсени 53 мигранти на границата меѓу Мексико и САД кои се криеле во приколка

Во Тексас се откриени 53 мигранти кои нелегално ја преминале границата со Мексико криејќи се во приколка. Според американската гранична...

Свет12 часа

Арапските партии го поддржаа Бени Ганц за премиер

Aрапскиот блок во израелскиот Парламент за првпат по 25 години поддржа кандидат за израелски премиер, во овој случај лидерот на...

Спорт16 часа

Вардар со фуриозно второ полувреме преку Порто до првото место

Европскиот шампион Вардар ги надмина проблемите од првото полувреме, во кое неочекувано Порто имаше водство од два гола, за да...

Регион19 часа

По земјотресите во Албанија, многумина сѐ уште стравуваат да се вратат во своите домови

Голем број жители на Тирана и Драч сѐ уште не се враќаат во своите домови по земјотресот со јачина од...

Македонија22 часа

Утре нова средба на работните групи за законот за јавното обвинителство

Работните групи на власта и опозицијата утре ќе одржат нова средба за законот за јавното обвинителство. Средбата што ќе се...

Регион23 часа

Могерини на работна вечера со лидерите од Западен Балкан во Њујорк

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини денеска ќе се состане во Њујорк со лидерите од...

Топ23 часа

Возач почина за време на пробна автомобилска трка, му се слошило и излетал од патеката

Педесет и осумгодишен скопјанец почина за време на одржување на пробни автомобилски трки на патеката на поранешен воен полигон до...

Европа1 ден

Полска ќе евакуира 42.000 граѓани поради бомба тешка 5,5 тони

Властите во северозападниот дел на Полска планираат евакуација на околу 42.000 луѓе откако е пронајдена огромна сеизмичка британска бомба од...

Култура1 ден

Доделени наградите на завршната вечер на фестивалот „Браќа Манаки“

Осум дена, пет локации, 128 филмски наслови создавани низ целата планета од филмски уметници од над 50 земји во светот,...

Македонија2 дена

Јовановски и Јанева повикани на распит во Обвинителството

Осомничените во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и Катица Јанева се повикани на распит во Обвинителството. Првоосомничениот Бојан Јовановски е повикан...

Топ2 дена

Нападнат вработен на Kомплексот клиники „Мајка Тереза“

Вчера во полициската станица бил пријавен физички напад што се случил на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот го пријавил 61-годишен...

Топ2 дена

Фатени двајца крадци кои ограбиле пет маркети во Охрид

МВР соопшти дека поднеле кривични пријави против две лица кои се сомничат за пет кражби во Охрид. Едниот е на...

Топ2 дена

(Видео) Во координирана полициска акција во 24 градови пронајдени и одземени поголеми количества дрога и оружје

По претходно изготвен план за преземање на конкретни мерки и активности, со наредби од судија на претходна постапка, вчера од...

Свет2 дена

Зариф: САД се очајни, со санкциите сакаат да ги спречат Иранците да добиваат лекови

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф ги обвини САД дека со новите санкции против иранската централна банка сакаат...

Свет2 дена

„Фејсбук“ укина илјадници апликации

Компанијата „Фејсбук“ објави дека укинала десетици илјади апликации, кои биле потенцијална опасност за приватноста на корисниците, а тоа го покажала...

Досие