Спорт
Бока Јуниорс ја доби битката против Ривер Плата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/benedeto-boka-123.jpg)
Бока Јуниорс е победник на аргентинската фудбалска „војна“, популарното Суперкласико. Во првиот дуел оваа сезона, Бока ја совлада Ривер Плата со 1:0. Дарио Бенедето беше стрелец на победничкиот гол во 63.минута.
Дербито понуди многу жестоки стартови, надополнети со неверојатната страст на теренот и на трибините. Бока Јуниорс во финишот остана и без Макос Рохо, кој заработи црвен картон.
Бока Јуниорс по овој триумф се искачи на третото место со 32 бода од 18 натпревари, еден помалку од лидерот Гимназија Ла Плата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Мајк Даум е ново засилување за КК „Црвена звезда“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/TSRVENA-Z.jpg)
Американскиот кошаркар Мајк Даум потпиша две годишен договор со Црвена звезда.
На позиција крилен центар во „црвено-белите“ доаѓа по професионалната кариера во Европа.
Даум играше и две сезони за шпанскиот Обрадорио, а извонредни партии одигра и во едно од најпријатните изненадувања во италијанската лига Тортона, каде со своите соиграчи го освоија третото место во лигата а тој беше прогласен за најдобар играч.
Минатата сезона беше во тимот на Анадолу Ефес, а во Евролигата одигра 11 натпревари со просек од девет поени и три скока.
Спорт
Словачка и Романија го играат „последниот“ меч во групата Е
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/slovatska-rom.jpg)
Репрезентативниот состав на Словачка до сега покажа дека има силна одбрана, играјќи против силните репрезентации.
По победата против Белгија од 1:0 следуваше тежок период, пораз од Украина со 2:1 кој ги доведе во тешка позиција.
На изненадување на многумина, Романците повеќе од убедливо триумфираа против Украина со 3:0.
Избраниците на Едвард Јорданеску покажаа многу повеќе од она што се очекуваше од нив, а сега имаат можност да ја продолжат својата приказна.
Спорт
Дали Лукаку ќе ја тргне „клетвата“ од своето име?
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/lukakuu.jpg)
Репрезентацијата на Белгија имаше големи проблеми на првите два меча.
Во првиот беше поразена од Словачка со минимален резултат, но со победата од 2:0 против Романија успеа да ги освои првите три бода на првенството.
„Црвените ѓаволи“ беа блиску до голот, но Ромелу Лукаку едноставно не игра како што се очекува од него.
Покрај тоа што постигна три гола од офсајд, пропушти шанси со кои можеше да ги реши натпреварите.
Белгија и Романија играат решавачки дуели со Украина и Словачка, и само победа ќе ги однесе во следната рунда.
Ова ќе биде прв меѓународен официјален натпревар за двете репрезентации, бидејќи никогаш не се сретнале во нивната фудбалска историја.